Skip to main content

Автор: инфодеск

Кривична пријава за пустошење шуми против две лица од Делогожда

Views: 223 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37 и 31-годишно лице од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“ по член 226 од Кривичниот законик. На 29.12.2025, при контрола во атар на село Ботун, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги затекнале пријавените при неовластена сеча на дрва, од кои дел биле натоварени во возило „нисан терано“. Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција, а пријавените веднаш беа лишени од слобода.

Продолжи со читање

Марихуана

33-годишник од Струга пријавен за неовластена трговија со дрога

Views: 267 ОВР Струга поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При контрола во неговиот автомобил извршена на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа марихуана.

Продолжи со читање

Сообраќајот се одвива непречено, зимската опрема задолжителна

Views: 212 Од Министерството за транспорт информираат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.-Екипите на  ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот.  Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, се вели во соопштението од...

Продолжи со читање

Подигнување на селектиран отпад од пластика и хартија во петок од улиците ,,Железничка”, ,,Прилепска”, ,,Винковачка”, ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март”

Views: 225 Согласно Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција (календарот е достапен во коментар), Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 09.01.2026 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција–Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад затоа што нашата иднина...

Продолжи со читање

Со омаж денес ќе биде одбележана 20 годишнината од смртта на писателот Зоран Ковачевски

Views: 239 НУ Библиотека „Григор Прличев“ денес заедно со општина Охрид денес со омаж посветен на роднокрајниот автор Зоран Ковачевски ќе ја одбележат дваесет годишнината од неговата смрт.Зоран Ковечевски е македонски раскажувач и романсиер, припадник на генерацијата писатели кои творат во духот на критичкиот реализам.Роден е во Светозарево – Србија, на 15 април 1943 а починал на 21 јануари 2006 во Охрид. Ковачевски ги завршил студиите по право на Белградскиот универзитет. Поголемиот дел од животот го поминал во Охрид како вработен во Специјалната болница за ортопедија и...

Продолжи со читање

АМСМ: Укината забраната за движење на тешки товарни возила на преминот „Ѓавато“

Views: 233 Во 08.25 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин „Ѓавато“ на патниот правец Битола-Ресен.Останува на сила е забрана за движење на тешки товарни возила на планинските превои: „Плетвар“, „Пресека“, како и на патните правци Маврово-Дебар-Струга и кон граничниот премин „Ќафасан“.Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно...

Продолжи со читање

Денеска е Преподобен Георгиј Хозевит

Views: 189 Овој Георгиј се роди во Кипар во втората половина на четвртиот век. Уште многу млад поминуваше долго време читајќи го Новиот завет и набргу во него се разгоре силна љубов кон монашкиот подвиг, па зедно со брат му Хераклид замина за Палестина.Во Палестина свети Георгиј се подвизуваше во Хозевскиот манастир крај Ерусалим (место по кое го доби и името Хозевит), како и во лаврата Каламон на реката Јордан. Се прослави како голем подвижник, молитвеник и чудотворец. Блажено се упокои во 625 година.

Продолжи со читање

УХМР: Облачно со повремени локални врнежи од снег

Views: 204 Облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми од 15 до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од -2 до 0 степени Целзиусови.Од УХМР информираат од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно време со пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и...

Продолжи со читање