Автор: инфодеск
Post Views: 259 Шумската и Граничната полиција на терен – прекинат еден ланец на дрвната мафија во Струга, објави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.Во заедничка акција на Граничната полиција со Шумска полиција – Струга бил контролиран камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз.-За сторителите поднесени се соодветни пријави до соодветните институции, камионот со кој е превезувано дрвото е одземено од сопственикот, дрвата се одземени и складирани во подружницата на Национални шуми во Струга,...
Црвен Крст Охрид организира Escape room
Post Views: 188 Клубот на млади при Црвен Крст Охрид организира интересна активност каде младите можат да ја покажат својата тимска работа, решат загатки и избегаат од таканаречениот ESCAPE ROOM.Тема на настанот е „Шетајќи по запуштениот град, наоѓате ранец во кој би можеле да ги најдете потребните залихи за живот. Се обидувате да го земете, но набргу опасноста повторно се приближува.“Настанот ќе се одржи во деновите среда, четврток и петок (28, 29 и 30 август) од 17:00 до 03:00 часот на паркингот во Касарната. Цената по учесник е 200 денари, а собраните средства ќе...
Во Охрид одржан 6. Балкански поетски камп „Ванчо Николески”
Post Views: 193 Расте интересот за изучување македонски јазик во Грција. Иако грчката држава сè уште официјално не дозволува школи на македонски јазик, заврши судскиот процес, и не се укина првиот Центар за македонски јазик во Лерин.Македонците не потклекнуваат на притисоците, тие сакаат да го негуваат македонскиот јазик, култура и традиција, порачаа присутните на Шестиот Балкански поетски камп „Ванчо Николески” во Охрид.„Тоа е електронска школа, интернет платформа за да може било кој што сака да учи македонски јазик. Некои што се свесни Македонци, свесни...
СВР Билтен: нарушен јавниот ред и мир во с. Ботун и на ул.„Даме Груев“ во Охрид
Post Views: 180 На 21.08.2024 во 14.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Ботун, општина Дебрца, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од 49 годишен ресенчанец врз 65 годишно лице од с.Ботун. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 21.08.2024 во 16.47 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Даме Груев“ во Охрид, поради нарушени односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 4 лица, сите од Охрид. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Денес започнува Охридски хорски фестивал
Post Views: 162 Од 22 до 26 август, во хотелот Инекс Олгица ќе се одржи Охридскиот Хорски Фестивал.Ќе настапуваат хорови од Унгарија, Полска, Чешка, Хрватска, Латвија, Естонија, Турција, Босна и Херцеговина но и Македонија.Целосната програма може да ја погледнете на официјалната страна на Охридскиот Хорски Фестивал.
Започнува ФЕР ПЛЕЈ КУП најмасовниот спортски настан за деца
Post Views: 305 ФЕР ПЛЕЈ КУП започнува денеска и по 13ти пат се одржува на СРЦ „Билјанини Извори“ – Охрид.Ова година учествуваат близу 120 екипи во 6 возрасни категории од целиот Балкан.-Ние како организатори се радуваме на вашето учество и ви посакуваме пријатно добредојде во балканскиот Ерусалим, да уживате низ натпреварите како и во убавината на Охрид. На родителите и публиката, да се радуваме на сите натпревари за уживање и другарување на децата , сите учесници да ги наградуваме со аплауз да бидеме коректни и да го разубавиме настанот. Резултатите кај децата...
Прекин во водоснабдувањето на неколку улици
Post Views: 271 Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 09:00 до 11:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „АСНОМ“, „Галичица“, „Мирче Ацев“, „Карпош Војвода“, „Ванчо Питошески“ , „Билјанини Извори“ и „Никола Карев, информираат од ЈП Водовод – Охрид.
Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност
Post Views: 160 Сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат во интервал од 15 до 30 степени Целзиусови, а UV индексот ќе има вредност 7.Утре и во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од недела во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд со грмежи, информираат од УХМР.
Известување од управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање
Post Views: 186 Врз основа на член 65 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Северна Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14 и 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) и член 2 и 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.весник на Република Северна Македонија 147/08, 45/11), Министерството за животна средина и просторно планирање го дава следнотоИЗВЕСТУВАЊЕ Се известува...
Претставата „Алиса во земјата на стравовите“ го затвори 64. Охридско лето
Post Views: 226 Со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на актерите од Југословенскиот драмски театар од Белград, вчеравечер беше спуштена завесата на 64. издание на фестивалот „Охридско лето“.Временските прилики не дозволија претставата да се одигра на Античкиот театар, но сцената за кусо време беше префрлена во Ценатарот за култура „Григор Прличев“. Режисерот Александар Поповски ѝ се извини на публиката за оваа промена и се заблагодари за трпениетосо оглед на новонастанатата...
Во јуни просечната месечна исплатена нето-плата 41.939 денари
Post Views: 244 Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари и е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани.Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,6 отсто, Административни и помошни услужни дејности 22,9 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 19,6 отсто.Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по...
Изградба на седум фекални секундарни краци во село Мешеишта
Post Views: 243 Во село Мешеишта започна со доизградба на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.Во оваа фаза ќе бидат изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, а ќе бидат поставени и 16 ревизиони шахти, информира градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески.Вкупната вредност на работите изнесува 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, Програма за животна средина за 2024 година, а 114.262 денари се од Буџетот...