Автор: инфодеск
Views: 237 Новиот македонски долгометражен игран филм „17“ на режисерката Косара Митиќ ќе ја има својата светска премиера на 76. Берлински филмски фестивал во февруари, во натпреварувачката селекција „Перспективи“. Продуцент на филмот е Томи Салковски и „Црна мачка продукција“. Информацијата беше соопштена денес на прес-конференција во Берлин. „Перспективи“ е програма посветена на најдобрите дебитантски филмови на светско ниво.„17“ ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири кое ќе одлучи кој од 14-те долгометражни дебитантски филмови ќе ја освои наградата за најдобар филм во...
Поскапуваат цените на бензините и дизел горивото
Views: 194 Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи дека од денеска на полноќ поскапуваат горивата за 1,5 до два денари за литар. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто.Согласно одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се зголемува за два денари за литар.Со тоа, новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС -95 е 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе...
Охриѓанецот Климчо Групчевски го фати Чесниот крст во Копер, Словенија
Views: 242 Македонската заедница во Копер, Словенија, го одбележаа големиот христијански празник Водици со положување на крст во водите на Јадранското море. По повод празникот се одржа богослужба со која чиноначалствуваше владиката Пимен кој го изврши големиот водосвет. Среќниот фаќач на крстот е охриѓанецот Климчо Групчевски по потекло од Месокастро.-На празникот Водици – Богојавление, Митрополитот Европски г. Пимен отслужи Света Василиева Литургија во МПЦО „Богојавление – Водици“ Копер, со сослужение на парохискиот свештеник отец Дејан. По Литургијата, на локацијата Мокра...
Пријавен инцидент со хлор на базен во хотел во Охрид – четири лица пренесени во болница
Views: 181 На 19.01.2026 во 17:31 часот во СВР Охрид е пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица. Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност. Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.
Кога медицината подава рака на хуманоста: Со меѓународна поддршка започнува 8-мата сезона на „Ги запознаваме ретките болести“
Views: 249 Постојат дијагнози кои се ретки, но надежта и солидарноста мора да бидат сеприсутни. Со силна визуелна порака од медицински експерти од целиот свет, на 1-ви февруари официјално се отвора осмата сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2026“.Оваа година, кампањата започнува со моќен меѓународен поттик. Во официјалното видео, доктори од различни земји, со дланки обоени во симболичните бои на ретките болести, испраќаат порака дека науката и човечноста не познаваат граници. Тие обоени дланки се ветување дека нашите пациенти не се сами во својата тиха...
Почина легендарната Сенка Велетанлиќ
Views: 279 –Утрово нѐ напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ, по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што ѝ прилегаше. Те сакам мамо. Ти благодарам мамо, напиша вчера на социјалните мрежи нејзиниот син, Васил Хаџиманов, роден во бракот со Зафир Хаџиманов, легендата на македонската популарна музика.Велетанлиќ е родена на 27 мај во 1936 во Загреб. Почнала да пее во хорот на КУД „Јожа Влаховиќ“, а во 1958 ги направила првите снимки за Радио Загреб. Дипломирала на Економскиот факултет, но решила да продолжи со музиката. Во 1960, на фестивалот во...
Денес почнува второто полугодие за учениците
Views: 247 Денеска официјално започна второто полугодие на учебната 2025/2026 година на територијата на целата држава.Министерката за образование и наука Весна Јаневска, им упати честитка и порака за успех на учениците, наставниците и стручните служби. –Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка. Среќно од вторник!, наведе Јаневска.Таа претходно...
Охрид традиционално ќе го одбележи Денот на рибарите
Views: 235 Охриѓани денес традиционално ќе го одбележат Денот на рибарите на Сараиште, каде среќниот фаќач на Светиот крст и неговата тајфа ќе се искапат во водите на Охридското езеро.Капачите денес ќе го продолжат ритуалот на рибарите кои со овој чин го одбележувале татиљот, период кога ендемичната охридска пастрмка од длабочината на езерото доаѓа кон брегот за природно да се мрести. Денот на рибарите е празник за градот и вековна традиција која низ годините се прославувала со песни, ора и богати трпези, но охриѓани се сеќаваат и на моменти кога истата била забранувана.Настанот ќе...









