Автор: инфодеск
Post Views: 407 Наши сограѓани кои во моментов патуваат од Скопје за Охрид, каде во моментов врнежите од снег се доста интензивни, а патот тешко прооден, реагираат на ажурноста на Македонија Пат.„Во моментов навистина многу силно паѓа снегот, на видеата може да се запримети дека е доста непроодно и небезбедно за возилата и патниците. За жал, единствената механизација за чистење на снегот која може да се забележи на едното видео е паркирана. Од Македонија Пат знаеја дека ќе врне снег на повисоките места, но ете, повторно ги изненади снегот.“, реагираат нашите сограѓани кои...
До крајот на 2027-ма треба да се стави во функција регионалната депонија во Новаци
Post Views: 204 До крајот на 2027 година треба да профункционира регионалната депонија во Новаци каде што ќе се одлага отпадот од Југозападниот и Пелагонискиот плански регион. Заедничкото регионално управување со отпадот на општините подразбира и изградба на четири претоварни станици. За претоварната станица во Охрид која ќе биде на локацијата Мауцкер, од МЖСПП велат дека има урбанистичка документација и готов проект, но другите општини се уште не си ја завршиле домашната задача по ова прашање. Без урбанистичка документација не можеме да започнеме со тендери, вели Ана...
Зелени иницијативи на ТАВ аеродроми: Вработени на охридскиот аеродром засадија дрва покрај Охридското Езеро
Post Views: 186 Под слоганот – „Садиме денес, за одржливо утре“, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, вчера, 4-ти декември и денес, 5-ти декември, организираше две активности за садење дрва во кои волонтери – вработени на аеродромите во Скопје и Охрид засадија дрва во Општина Илинден и Општина Охрид, како проактивен потег со цел да го зголемат своето зелено влијание, како дополнување кон напорите за одржливост и да го прослават Меѓународниот ден на волонтерството, 5-ти декември.Триесет и пет дрва од видот „чинар“, денес, 5-ти декември, беа донирани на Град Охрид...
Пад на Владата на Франција, се очекува францускиот премиер да си поднесе оставка
Post Views: 241 Француските пратеници гласаа за недоверба на премиерот Мишел Барние и неговиот кабинет, што предизвика нови политички превирања што ја оставаат Франција без јасен пат за усвојување на нов буџет и се заканува дополнително да ги разниша финансиските пазари, објави Њујорк Тајмс. Барние е најочигледната жртва на поларизираната политика во Франција, коментира изданието. Светските медиуми коментираат дека се очекува денеска да поднесе оставка до францускиот претседател Емануел Макрон, откако вчера Долниот дом на парламентот на земјата изгласа недоверба на неговата...
Охрид се подготвува за новогодишните празнувања
Post Views: 231 Започна новогодишното украсување на Охрид. Покрај реквизитите што веќе ги поседува општината, ќе бидат набавени и нови за што се одвоени околу 1.400.000 денари. Новогодишното украсување, локалната планира да биде завршено до празникот Св. Климент Охридски.За претстојните новогодишни празнувања се подготвуваат и хотелско угостителските капацитети. Голем дел од хотелите уште во ноември ги распродадоа новогодишните аранжмани. Поголемите хотелски капацитети на охридската ривиера ќе бидат исполнети од 60 до 90 проценти.„Туристичката сезона беше многу...
ООУ „Св. Климент Охридски“ утре ќе го одбележи патрониот празник
Post Views: 220 ООУ „Св Климент Охридски“ ќе го одбележи патрониот празник на 06.12.2024 (петок) во НУЦК „Григор Прличев“. Свечената програма започнува во 19 часот во рамки на која ќе се обрати директорот на училиштето Јордан Пуроски, а во културно уметничката програма со свои настапи ќе се претстават ученици од одделенска и предметна настава како и училишниот хор и оркестар.На свечената програма ќе и претстои продажна акција на рачни изработки во организација на советот на родители и изложба на ликовни творби.
Следува продолжен викенд, понеделник е неработен ден за сите граѓани
Post Views: 223 Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 8 декември, денот на Свети Климент Охридски е државен празник и е неработен ден за сите граѓани. Со оглед дека годинава датумот на празникот се паѓа во недела, неработен ден е понеделник, 9 декември.
Се одбележува Светскиот ден на волонтерството
Post Views: 162 Денес, 5-ти декември, Црвен крст Охрид со голема гордост и почит го одбележува Светскиот ден на волонтерството и упатуваат признание и благодарност до секој волонтер за посветеноста и придонесот за подобрување на животот во заедницата и општеството во целина.„Волонтерите и волонтерството се нашиот потенцијал да одговориме на потребите на заедниците во локалното опкружување. Црвен крст Охрид како водечка волонтерска организација во Охрид и Дебрца со поддршка и вклученост на своите волонтери дава посебен придонес во справување со различни предизвици и...
Промовирана „Охридска археолошка азбука“
Post Views: 155 Под покровителство на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков од печат излезе археолошкиот труд „Охридска археолошка азбука“ што вчера се промовираше во големта општинска сала. Ова големо по значење дело за мали ученици со заложба на градоначалникот Кирил Пецаков е бесплатно доделено на 700 третоодделенци од охридските основни школи.На промоцијата на книгата градоналникот Кирил Пецаков имаше пригодно обраќање:– Почитувани автори на „Охридската археолошка азбука, ценети професори, уредници, рецензенти, почитувани археолози, дами и...
Во вторник предновогодишен германски базар на учениците од основните и средните училишта во Охрид
Post Views: 353 На иницијатива на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Република Македонија, а со поддршка на градоначалникот на Општина Охрид, господинот Кирил Пецаков и Гете-институтот од Скопје, како и на општествено одговорните компании ЛТХ Леарница и Костал од Охрид, вклучувајќи ги и Црвениот крст од Охрид и СВР Охрид, на ден 10.12.2024 во периодот од 17:00 до 18:30 часот ќе се одржи традиционален предновогодишен германски базар.На базарот, со свои новогодишни ракотворби и вкусна храна ќе се...
Денес ќе се одржи панел дискусија на тема „Збогум Буково и Мауцкер“
Post Views: 158 Денес, 5-ти декември во Касарна Хаб во Охрид со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи панел дискусија на тема „Збогум Буково и Мауцкер“, во организација на иницијативата „Збогум Буково“.Учесници на панелот ќе бидат: Ана Каранфилова Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, Емил Ангелов, лидер на тимот одговорен за спроведување на проектот за оддржливо управување со отпад во Македонија поддржан од SALAR International, проф. д-р Драган Ѓорѓев, специјалист по здравствена екологија и Блаже...
Претежно облачно со локални врнежи од дожд и температури до 7 степени
Post Views: 149 Претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места особено на северозападот од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови и ќе продолжат со помал интензитет и преку ноќта. На планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, информираат од УХМР.Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела и во деновите потоа наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на...