Skip to main content

Автор: инфодеск

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител

Views: 195 Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник.Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител се...

Продолжи со читање

Стабилно време преку ден, врнежи од снег кон крајот на денот

Views: 221 Претпладне сончево со мала облачност, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне облачноста ќе се зголеми. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови се очекуваат повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.Минималните температури денес во Охрид од -6, а максималните до 5 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Петар Чакарески од Струга е среќниот фаќач на Светиот крст во реката Црн Дрим

Views: 215 24 годишниот Петар Чакарески од Струга е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на реката Црн Дрим. Тој беше најсреќен меѓу стотината капачи кои денес пливаа во ладните речни води на температура од 8 степени. Петар вели на Водици се капи од дете, а за прв пат го фаќа крстот.Прв пат го фаќам крстот. Секоја година скокам, можда од прва, втора година се капам стално. Здравје, среќа, љубов посакувам , да сме сите здрави и живи. Бог се јави, изјави Петар.Митрополитот дебарско кичевски Владиката георги по завршувањето на Богојавленксиот водосвет на Охридското Езеро,...

Продолжи со читање

Фаќањето на Чесниот крст ја оживеа традицијата во охридско-струшкиот регион

Views: 315 Богојавление – Водици и оваа година беше одбележано со голема духовност и масовна посетеност низ целиот охридски регион. Традиционалното фрлање и фаќање на Светиот крст не се одржа само во Охридското Езеро, туку и во бројните села, каде што верниците со еднаква посветеност ја продолжуваат вековната христијанска традиција.И покрај ниските температури, голем број млади луѓе, но и повозрасни верници, храбро влегоа во студените води, водени од верата и желбата да го извадат крстот – симбол на здравје, среќа и благослов за целата година. Фаќањето на крстот уште еднаш покажа дека...

Продолжи со читање

Денеска е Богојавление Водици

Views: 221 Православните верници денес го празнуваат големиот христијански празник Богојавление Водици.Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената...

Продолжи со читање

Ниски утрински температури, сончеви периоди пред нови снежни врнежи

Views: 180 Утрото ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.И утре преку денот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла.Денес минималните температури во Охрид ќе бидат од -4, а максималните до 4 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Борба на Македонската ракометна репрезентација до последен свиреж

Views: 265 Вечерва Македонската ракометна репрезентација одигра храбро и пожртвувано против фаворизираната селекција на Португалија, но на крајот мораше да се задоволи со реми – 29-29. Нашите ракометари уште еднаш покажаа карактер и квалитет, водеа жестока битка во текот на целиот натпревар и во неколку наврати беа многу блиску до сензационална победа.Иако резултатот е позитивен во спортска смисла, овој нерешен исход значително ги намалува шансите на Македонија за пласман во главната рунда. Сепак, надежта сè уште постои, а судбината ќе се решава во последното коло од групната фаза....

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид со апел за безбедно и одговорно одбележување на Богојавление – Водици

Views: 285 Црвен крст Охрид до сите оние кои ќе бидат дел од настанот за одбележување на празникот Богојавление – Водици на Градското пристаниште во Охрид упатува апел за почитување на препораките за безбедно одвивање на настанот.-Со оглед на ниската температура на водата во Охридското езеро (околу 8 oC), релативно ниската температура на воздухот која се најавува за 19.01.2026 г. (околу 3 oC), релативно мирни езерски води (северен ветар со брзина од околу 5 m/s), повикуваме на внимание и претпазливост на оние кои планираат да влегуваат во водите на Охридското езеро:• Да не...

Продолжи со читање