Автор: инфодеск
Views: 258 Младата и талентирана струмичанка Тина Русева победи на The Voice of Europe, откако минататa година беше една од фаворитите на The Voice of Germany.Тина преку видео одлучи им се зaблагодари на сите што гласале за неа и за поддршката што ја добила.-Ви благодарам многу, прво затоа што ме поддржавте, лајкувавте, коментиравте, што бевте тука. Исто така му благодарам на жирито што судеше фер. Она што можам да го кажам во овој момент е бидете тоа што сте, верувајте во себе, верувајте во процесот и успехот ќе ве следи, вели Тина во видеообраќањето до нејзините следбеници.
Денес е Водокрст: Денот кога се крштеваат сите води и имаат лековито дејство!
Views: 221 Денешниов ден меѓу народот е познат како Водокрштение или Водопост. Водокрштение се вика поради тоа што на тој ден се крштева (се осветува) водата, а Водопост веројатно се добило од Водици и постење, бидејќи Водопост е посен ден. Овој ден не е празник како што се следните два дена. На овој ден освен што се крштева вода, се пее и крстот и се прават последните подготовки за празникот.Денот Водокрст, пред Богојавление (Водици) има важно место во животот на нашиот народ. Во очекување на големиот празник народот изведувал многу обичаи кои се поврзани со крстот и осветувањето на...
„Биди одговорен возач – користи зимска опрема“: Превентивна сообраќајна кампања на СВР Охрид
Views: 191 Отсекот за превенција при СВР Охрид, ја реализираше превентивната сообраќајна кампања „Биди одговорен возач-користи зимска опрема“.Притоа, полициски службеници од отсекот, на повеќе сообраќајни пунктови во градот, остварија кратки разговори со возачите на моторни возила и ги потсетуваа на потребата и законската обврска за задолжително носење и користење зимска опрема во возилата како основен предуслов за безбедно движење на моторните возила во зимски услови. -Целта на кампањата е подигање на свеста на учесниците во сообраќајот, за доследно почитување на законската...
Собор на Светите Седумдесет Апостоли
Views: 184 Освен дванаесетте големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1-5). Но, како што еден од дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господа, така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, не со намера за предавство туку поради човечка немоќ и маловерие (Јован 6, 66). И како што местото на Јуда беше пополнето со друг апостол, така и овие места беа пополнети со други...
Викендов дожд и снег, од среда нови снежни врнежи и пад на температурите
Views: 194 Од УХМР информираат дека з време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. Во понеделник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од денес до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Градоначалникот Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорката на Н.Р. Кина, Н.Е. Џијанг Сјаојан
Views: 255 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Н.Р. Кина, Н.Е. Џијанг Сјаојан која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.На средбата беше разговарано за можностите за зајакнување на заедничката соработка во повеќе општествени сфери, пред се во делот на туризмот, економијата и културата. Градоначалникот Пецаков ја информираше амбасадорката дека од година во година се зголемува бројот на туристи кои го посетуваат Охрид и изрази надеж дека ваквата тенденција ќе продолжи и во иднина и дека бројот на туристи од Кина исто така...
Проф. д-р Анис Сефиданис избран за академик на Academia Balkanica Europeana
Views: 262 Македонската научна заедница доби уште едно значајно меѓународно признание, откако денес беше објавено дека охриѓанецот проф. д-р Анис Сефиданис беше избран како Академик при Academia Balkanica Europeana (ABE) — меѓународна академија која гради мостови меѓу науката, уметноста и јавната култура, со јасна ориентација кон европска соработка и регионален развој.-За млад научник ова значи повеќе од признание: тоа е обврска за лидерство, за подигање стандарди на квалитет и етика, за јакнење на довербата во науката и за создавање иновации што носат општествена корист, особено во...
Забрана за пиење на водата во Долно Коњско
Views: 208 ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува корисниците од с.Долно Коњско, дека поради дефект на водоводна линија се забранува водата за пиење околу ова мерно место.–Забраната ќе биде во сила се додека од страна на ЈЗУ ЦЈЗ-Охрид не се добијат резултати од повторената анализа на водата за пиење од ова мерно место, велат од ЈП Водовод.









