Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес се одбележува Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Post Views: 196 Православните верници денес го одбележуваат празникот на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла.Приказната вели дека кога Дева Марија наполнила три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја довеле од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и ангелите Божји. Напред одеа девиците...

Продолжи со читање

Променливо облачно време со слаб локален дожд

Post Views: 156 Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, на планините слаб снег. Во ноќните часови во западните делови на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Утре во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни и на планините снежната покривка ќе се зголемува. Во недела ќе дува...

Продолжи со читање

Дневните центри за лица со попреченост треба да бидат под државна капа

Post Views: 286 Дневните центри за лица со попреченост треба да бидат под државна капа со цел да се обезбеди нивно сигурно и стабилно функционирање. Ова беше истакнато денеска од родители и вработени во Дневниот центар „Зраци“ кој на Меѓународниот ден на лицата со попреченост ги отвори вратите за сите граѓани и организации кои сакаат да се запознаат со центарот кој за 15-тина штитеници е втор дом.Орхидеја Топенчарова, родител на дете со попреченост кое го посетува дневниот центар веќе 23 години, кажува дека нејзината ќерка е задоволна и среќна тука за што изразува голема...

Продолжи со читање

Во петок ќе биде отворена „Изложба на пафти, токи, колани – украси за појас од етнолошката ризница на Охридскиот музеј“

Post Views: 228 На 6 декември 2024 година во 12 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена „Изложба на пафти, токи, колани – украси за појас од етнолошката ризница на Охридскиот музеј“. На изложбата ќе бидат презентирани експонати што се дел од богатата етнолошка збирка при НУ Завод и Музеј – Охрид. Вредни примероци, врвни занаетчиски изработки, највпечатлив накит на народната носија, но и дополнителен украс на градската облека што се носеле до средината на XX век. Повеќето потекнуваат од југозападниот и западниот дел на Македонија, а изработени се во XIX и почетокот на XX...

Продолжи со читање

Уапсена 19 годишна девојка на охридскиот аеродром, кај неа биле пронајдени девет куршуми за пиштол

Post Views: 190 На 02.12.2024 во 07.20 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле” во Охрид, на излез од државата, полициски службеници лишија од слобода 19 годишна од тетовското село Жилче. При преглед во нејзината торба на рентген апарат биле пронајдени девет куршуми за пиштол калибар 7,65 милиметри. Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Лила Каранфиловска од ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани е прогласена за најдобар наставник во регионот

Post Views: 216 Одделенската наставничка Лила Каранфиловска од ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани е прогласена за најдобар наставник на 7-мата регионална Конференција на најдобрите наставници, директори и образовни лидери во регионот во Велика Горица, Хрватска.„Иновативната работа на овие наставници е двигател и иницијатор на формални образовни реформи, на кои се повикуваат сите земји во регионот. На конференцијата присуствуваа повеќе од 200 наставници од Босна и Херцеговина, Република Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Македонскиот тим од 45 просветни...

Продолжи со читање

типизирани куќарки

ЈП „Градски пазар“ издава под закуп типизирани тезги – куќарки на плоштадот Св. Климент Охридски

Post Views: 303 Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2024 год. бр. 08 – 2953/3год. од 14.03.2024 год („Сл.гласник на општина Охрид бр.3/2024), Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 4478/11 од 16.04.2024 година, Извод бр.19-13953/2 од 19.11.2024г. и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски пазар бр.02-481/4 од 29.11.2024 год. Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:ОГЛАС бр. 12/2024ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ...

Продолжи со читање

ЈП „Градски пазар“ издава под закуп тезги за продажба на земјоделски и млечни производи

Post Views: 270 Врз основа на Одлуката бр. 02–481/5  донесена од страна на Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид на ден 29.11.2024г.,  Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид обајвува:О Г Л А С      1.  ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар и Мини Пазар на Ул Сирма Војвода бр.7.Сите лица кои се заинтересирани и...

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар Охрид издава под закуп тезги за продажба на новогодишни украси кај Стариот Чинар

Post Views: 186Врз основа на Одлуката бр. 02-481/3  донесена од страна на Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид, на ден 29.11.2024г., Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:ОГЛАСПо повод  Новогодишните и Божиќните празници, ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД издава под закуп   унифицирани тезги за продажба на Новогодишни украси на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот Чинар).Лицата  заинтересирани  за  изнајмување  на  тезгите да се пријават најдоцна до 04.12.2024 година во административните  простории на  ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД, а дополнителни информации...

Продолжи со читање

Симулациска показна вежба за евакуација и спасување во РЦСОО „Ванчо Питошески“

Post Views: 158 Во рамки на активностите за увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца, во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК и Црвен крст Охрид, планирано е утре, 04.12.2024 г. (среда) да се реализира симулациска показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена елементарна непогода, во РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид (средно угостителско училиште).Симулациската вежба ќе започне во 10:30 ч, информираат од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање

Сончево со умерена облачност

Post Views: 167 Претпладне променливо облачно со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 2 до 8 степени Целзиусови.Следува период на променливо облачно и претежно тивко време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од среда кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Продолжи со читање

Забрана за пиење вода во с. Лескоец поради контаминација

Post Views: 231 ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува корисниците од с.Лескоец, дека настаната е контаминација на водата за пиење во и околу мерно место с.Лескоец – Охрид.Од страна на ЈЗУ ЦЈЗ – Охрид земена е повторно вода за анализа од ова мерно место и се додека не се добијат официјални резултати од извршените анализи, се забранува за пиење водата во и околу мерно место с.Лескоец – Охрид.

Продолжи со читање