Автор: инфодеск
Views: 233 Во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со Институт за филм- Филмска Академија Охрид, „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното Наследство од Баку, Азербејџан, како и Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, од 17-19 јануари 2026 ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2026“.Oваа година конференцијата, тематски е фокусирана на „Идентитетот, културата на меморијам наследството, туризмот или безбедноста во дигиталната ера“.На конференцијата ќе бидат презентирани 70-тина трудови од...
ЕУРО 2026: Македонските ракометари вечерва против Данска
Views: 346 Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд.Ова е вторпат на европски шампионат македонските ракометари на стартот да играат во Хернинг против Данска (првиот дуел беше во 2014 година). Ова е дуел од групата Б, а во првиот натпревар од 18 часот играат Португалија и Романија.Нашите...
Денес ќе биде прикажана премиерата на филмот „Начинот на Чипан“
Views: 183 Денес, петок, 16 јануари, со почеток во 20:00 часот, во големиот амфитеатар на Универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ќе биде прикажан филмот „Начинот на Чипан“, дело на режисерот Антонио Вељаноски.– Документарецот го доловува ликот и делото на Борис Чипан, преку едно од првите модернистички објекти во Охрид, одморалиштето на Феријалниот сојуз „Младост“. Низ процесот што колективот Архрид го помина во подготовката и реализацијата на изложбата и јавните дискусии од 3 мај 2025 година, филмот отвора нова перспектива за значењето на...
Црвен крст Охрид активно вклучен во одбележувањето на Водици со здравствени прегледи, спасителни тимови и крводарителска акција
Views: 262 Во рамки на одбележување на верскиот празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид активно е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност.Во недела во период од 19 до 23 часот, на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои...
Во тек е пријавувањето на капачите за празникот Богојавление Водици во сите парохиски цркви
Views: 196 Во сите парохиски храмови во Охрид во тек е пријавувањето на верниците кои сакаат да учествуваат во традиционалното фрлање на светиот крст по повод празникот Богојавление – Водици.Инаку, во недела, 18 јануари, од 19:00 до 23:00 часот, на платото меѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ ќе биде поставен пункт на Црвен крст Охрид, каде медицински екипи ќе спроведуваат основни здравствени прегледи на пријавените учесници. Истовремено, тимови на Црвен крст Охрид ќе бидат ангажирани и во грижата за безбедноста на капачите и на сите присутни за време на одбележувањето на празникот....
УХМР: Сончево со мала до умерена облачност
Views: 242 Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од -1 до 8 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека утре и задутре ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Конкурс за доделување награди и признанија за најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид за 2025 година
Views: 223 Општина Охрид распишува Конкурс за доделување награди и признанија за најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид за 2025 година.Јавниот конкурс трае до 30.01.2026 година до 14.00 часот. Предлозите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, во архивата на Општина Охрид, со адреса на ул. „Димитар Влахов“ бр.57 Охрид, со назнака „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2025 година“. Дополнителни информации во врска со конкурсот, на телефон 046 262 – 492 локал 198 или sport@ohrid.gov.mkПовеќе информации на линкот.
Јавен повик за распоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти, тренери и други правни лица
Views: 236 Градоначалникот на општина Охрид го распишува овој јавен повик за распоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2026 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти,тренери и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот. Спортот и неговата врска со образованието, здравството, социјалата,...









