Skip to main content

Автор: инфодеск

Оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски е новиот директор на НУ „Охридско лето”

Post Views: 179 Магистер доцент Ѓор­ѓи Цуцковски, оперски пејач, пр­ве­не­ц на Опе­ра­та при Националната опе­ра и ба­лет (НОБ), е нови­от директор на НУ „Охрид­ско ле­то”. Тој до­а­ѓа на ме­сто­то на Анита Алоска која беше на функцијата в.д. директор измнативе три месеци.Цуцковски на македонската јавност ѝ е познат по својата богата интернационална кариера којашто вклучува претставување на македонската култура во САД, Кореја, Индонезија, Јапонија, Кина и ширум Европа. Освен како истакнат македонски уметник има дадено особен...

Продолжи со читање

Панел дискусија на тема „Збогум Буково и Мауцкер“ во четврток во Касарна Хаб

Post Views: 342 Во четврток, на 5-ти декември ќе се одржи панел дискусија на тема „Збогум Буково и Мауцкер“, во организација на иницијативата „Збогум Буково“.Учесници на панелот ќе бидат: Ана Каранфилова Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, Емил Ангелов, лидер на тимот одговорен за спроведување на проектот за оддржливо управување со отпад во Македонија поддржан од SALAR International, проф. д-р Драган Ѓорѓев, специјалист по здравствена екологија и Блаже Јосифовски, претставник од граѓанскиот...

Продолжи со читање

Општина Охрид со известување за наплата на фирмарина

Post Views: 174 Општина Охрид ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата во Законот за даноци на имот  (Сл. весник на РМ бр. 61/2004…151/21, 118/24”) и согласно одредбите во законот за Комунални такси ( сл. весник на РМ бр. 61/04 … 23/16,) во тек е постапка за присилна наплата по основ на комунална такса за фирмарина за 2022 год.Сите обврзници на комунална такса –фирмарина кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени обврски, да ги подмират своите обврски, најдоцна до 06. 12.2024 год.Воедно, Ве информираме дека секое...

Продолжи со читање

Менса Македонија организира тестирање на интелигенција

Post Views: 254 Менса Македонија организира тестирање на интелигенција во Скопје со цел прием на нови членови, на 03.12.2024 (Вторник) со почеток во 18:30.Тестирањето ќе се одржи на факултетот за Електротехника и Информатички Технологии, согласно кампањата на Менса за подршка на крводарителството, тестирањето е бесплатно за крводарители.Повеќе информации можете да најдете на линкот од настанот:https://www.facebook.com/events/931890928812036или на FB страната на Менса Македонијаhttps://www.facebook.com/profile.php?id=100064501127471

Продолжи со читање

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден го помилува својот син

Post Views: 262 Американскиот претседател во заминување Џо Бајден го помилува својот син Хантер Бајден за неговите пресуди за оружје и за затајување данок. Својата одлука ја оправда со тврдењето дека неговиот син бил подложен на неправедно гонење. Бајден рече дека потпишал помилување за неговиот син Хантер вчера, иако откако ја презеде функцијата рече дека нема да се меша во одлуките донесени од судовите и Министерството за правда.Во помилувањето се наведува дека Бајден му дал „целосно и безусловно“ помилување на Хантер Бајден за какви било прекршоци помеѓу 1 јануари 2014...

Продолжи со читање

Во Охрид на 2 август доаѓа Џејсон Деруло

Post Views: 725 Светската музичка ѕвезда Џејсон Деруло на 2 август ќе настапи на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.„Ова не е само концерт – ова е настан кој ќе го запише Охрид на листата на градови кои биле домаќини на една од најголемите музички икони на светот. Еден артист од ваков калибар, со милијарди стримови и прегледи на YouTube, но и армија од обожаватели ширум светот, за првпат ќе ја испише својата магија на македонската сцена“, велат организаторите.Билетите ќе бидат пуштени во предпродажба од среда, 10 часот, по цена од 1500 денари.

Продолжи со читање

Народна банка: Зачестени измами, граѓаните да не ги откриваат личните податоци

Post Views: 253 Граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства, повикуваат од Народна банка (НБ).„Народната банка апелира до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту, пак, да преземаат активности на барање од непознати лица. Доколку имате добиено или ако во следниов период добиете неочекувани телефонски...

Продолжи со читање

Во тек е пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

Post Views: 283 Министерството за образование и наука потсетува дека од од 1 до 5 декември 2024 година е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година.За сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.Повеќе информаци заинтересираните студенти можат да видат на линкот.МОН посочува дека сите студенти на кои претходно им било прекинато правото, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може...

Продолжи со читање

Приведен 28 годишен кичевчанец поради криумчарење на мигранти

Post Views: 209 На 01.12.2024 во 16.20 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај тунели Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово лишиле од слобода 28 годишно лице од Кичево. При преглед во возилото „волво”, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти и било констатирано дека регистарските таблички  припаѓаат на возило „мерцедес”. Мигрантите биле пренесени во Прифатно – транзитен центар Гази Баба во Скопје, а возилото било сместено во кругот на Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна...

Продолжи со читање

Во среда ќе се одржи Света Божествена Литургија во храмот Воведение на Пресвета Богородица Пречиста во Рача

Post Views: 187 „Подготвувајќи се за светлоносниот празник на Богомајката- Пречиста, ве известуваме дека во храмот во населба Рача ќе има Света Божествена Литургија со почеток во 08 часот. Заедно да ги принесеме нашите молитви кон Царицата Мајка, да ни дарува трпение, силна вера, здравје, но да принесеме и молитви за блажен покој на нашиот почитуван Архипастир Митрополит г.Тимотеј“, велат од Црковниот одбор во храмот во Рача.Литургијата ќе започне во 8 часот.

Продолжи со читање

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови

Post Views: 200 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд, велат од Авто Мото Сојуз на Македонија.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се додава во соопштението.

Продолжи со читање

Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Post Views: 257 Наутро облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините, а постојната снежна покривка постепено ќе се намалува. Наоблачување од запад со појава на повремен дожд, а на планините и дел од повисоките места од снег ќе има од среда од крајот на денот и потоа во четврток преку денот, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од...

Продолжи со читање