Автор: инфодеск
Views: 196 Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори“- Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката за давање согласност на Oдлуката за утврдување цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини извори-Охрид“ бр.08-804/10 од 30.01.2023 година, објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку...
Се уредува пристаништето во пресрет на Водици
Views: 229 Во пресрет на еден од најголемите христијански празници Богојавление – Водици, екипи на охридските јавни претпријатија денес работеа на терен за целосно чистење на пристаништето.– Спустот во езерските води, од каде што традиционално влегуваат капачите, е исчистен од наноси на камења, песок и отпад. Целта е да се обезбеди безбеден и непречен пристап за сите оние кои годинава ќе бидат дел од празничната манифестација и ќе се обидат да го фатат светиот крст, стои во објавата на градоначалникот Кирил Пецаков на Фејсбук.Централните празнувања се во понеделник, 19-ти...
Откриени 166 нелегални поштенски пратки: Кривична пријава за фирма што незаконски вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока
Views: 208 Царинските инспектори од Одделението за истраги, во заедничка и координирана акција со МВР, Управата за јавни приходи, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, спроведоа претрес во компанија за која било утврдено дека незаконски извршувала меѓународни поштенски услуги и се занимавала со криумчарење стока. При контролата биле откриени 166 поштенски пратки исполнети со различни производи, чија вкупна вредност изнесува приближно 240.000 денари. Целокупната пронајдена стока е одземена, а против едно правно и едно физичко лице е поднесена кривична пријава за прикривање...
Во понеделник ќе се одржи традиционалната крводарителска акција „Водици 2026“
Views: 232 Од Црвен крст Охрид информираат дека во понеделни ќе се одржи традиционалната крводарителска акција „Водици 2026“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“. Акцијата ќе се реализира во период од 9 до 15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.-Ги покануваме нашите сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци, велат од Црвен крст Охрид.
Свети Силвестер, eпископ Римски
Views: 234 Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се ползуваше од поуките на свештеникот Тимотеј, на чие погубување заради верата и самиот присуствуваше, па гледајќи го примерот на својот храбар и пожртвуван учител се задои со тој дух за цел живот. Во триесеттата година од животот стана епископ Римски.Ги поправаше обичаите на христијаните. Така, на пример, го укина постот секоја сабота, како што дотогаш се држеше кај некои христијани, и одреди да се пости само на Велика Сабота, како и оние саботи...
Денес и утре сончево, од сабота повторно облачно
Views: 193 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.Минималните температури од 0, а максималните до 9 степени Целзиусови.Утре ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата се подготвуваат
Views: 351 Управата за јавни приходи (УЈП) преку соопштение потврдува дека не се укинува мерката „Мој ДДВ“, а потврдија и дека се обезбедени пари и во буџетот за оваа година.– Мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани може да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права во согласност со законските одредби, велат од УЈП.Дека не се укинува мерката „Мој ДДВ“, дополнуваат од УЈП, во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ „Телма“ објасни и директорката на УЈП, Елена Петрова, која посочи дека за 2025 година, за секое тримесечје, преку мерката се исплаќаат речиси...
Со последното Василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
Views: 215Карневалската приказна привлече голем број посетители, а од уникатните обреди беа фасцинирани и членовите на Светската карневалска асоцијација.-Овој карневал е еден од најстарите во Европа, фантастична традиција – да се види како еден мал град прави толку голем карневал во срцата на луѓето. Секој карневал мора да биде уникатен, вели Ларс Аргел, претседател на Светската асоцијација на карневали.Општина Вевчани планира изградба на Музеј на Вевчанскиот карневал – простор каде што посетителите ќе можат да се запознаат со богатата и вековна карневалска...









