Skip to main content

Автор: инфодеск

Јавен повик за стипендии за ученици и студенти со ретки болести и посебни потреби во Општина Охрид

Post Views: 91 Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2026 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува Јавен повик за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби во Општина Охрид за учебната 2025/2026 година.Стипендиите се...

Продолжи со читање

Охриѓанец со сторени девет измами за лажни сообраќајни ги оштетил жртвите за 3.6 милиони денари

Post Views: 135 На ден 04.02.2026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишено од слобода е 38 годишно лице од Охрид. По извршен службен разговор лицето појаснило за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари.До...

Продолжи со читање

Познато кои предлог-идеи ќе бидат финансирани од Општина Охрид во областа на културата за 2026 година

Post Views: 113 Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локалната самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид, Правилникот за  начинот, критериумите и постапката за вклопување на предлог-идеи за програми, проекти и активности од областа на културата од интерес на општина Охрид, кои ќе станат составен дел од програмата за култура за 2025 година, бр. 09-12783/3 од 17.10.2024 година, објавениот Јавен повик за финансирање на предлог-идеи од јавен интерес во областа на културата на општина Охрид за 2025 година бр. 09-14957/3 од 05.11.2025...

Продолжи со читање

Пијан возач со три забрани предизвикал сообраќајка со три возила на улицата „АСНОМ“ во Охрид

Post Views: 116 На 4 февруари 2026 година, во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила.–Патничко возило марка „Фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 24-годишно лице од Охрид, патничко возило „Ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 37-годишно лице од Охрид и патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 35-годишник од Охрид. По преземени мерки, констатирано е дека возачот на „Фолксваген...

Продолжи со читање

Сејф сити ќе профункционира и во охридско-струшкиот регион пред летната сезона

Post Views: 136 Во Охрид и Струга се планира поставување на вкупно 40 сообраќајни камери, кои ќе бидат дел од современиот систем за надзор Безбеден град, Сејф сити, наменет за детекција на прекршоци и зголемување на сообраќајната дисциплина.Според најавите, системот треба да започне со работа пред стартот на летната туристичка сезона. Во моментов, четири камери веќе се физички монтирани на автопатската делница Охрид Кичево, на потезите меѓу селата Горенци и Требеништа, како и Ботун и Ново Село. Иако уредите се поставени, тие сè уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат...

Продолжи со читање

ЈП „Охридски комуналец“: Мапирани 8 мини-депонии, подигнати 24 м3 кабаст отпад и градежен шут

Post Views: 106 Од ЈП „Охридски комуналец“ информираат дека мапирани се 8 мини-депонии и во текот на вчерашниот ден подигнати 24 м3 кабаст отпад и градежен шут.-Нашите дежурни служби мапираа диво создадени 8 депонии од несовесни граѓани кои ја загрозуваат животната средина на околното население од следните локации: локалитети Бејбунар и Мегдани, населби Даљан и Гоце Делчев (Бараки), ул.,,Галичица” и кај станбениот комплекс во близина на општата болница, велат од претпријатието.

Продолжи со читање

НУ Центар за култура ,,Браќа Миладиновци” збогатен со монографијата „Охридско-струшкиот кувенџиски центар“ на Љупчо Милошески

Post Views: 116 Вчера библиотеката на НУ Центар за култура ,,Браќа Миладиновци”- Струга се збогати со монографијата ,,Охридско-струшкиот кувенџиски центар”. Монографијата претставува збир и приказ на предмети изработени во овој кувенџиски центар.-Во време кога традиционалните занаети се повеќе исчезнуваат од живата практика, ваквите записи претставуваат значаен чекор кон зачувување на материјалното културно наследство и негово пренесуваење кон идните генерации, велат од установата.Автор на оваа вредна монографија е Љупчо Милошески, издавач е НУ Центар за...

Продолжи со читање

Охридскиот аеродром се стекна со Ниво 2- Акредитација за управување со јаглеродни емисии на аеродроми

Post Views: 106 Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на ADP-групацијата, постигна Ниво 2–Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми. Охридскиот аеродром ја доби оваа акредитација за управување со емисии на јаглерод на Ниво 2, од Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International–ACI) во рамките на нивната глобална програма за акредитации на аеродроми за управување со јаглеродни емисии (Airport Carbon Accreditation-ACA) како резултат на  активностите преземени во процесот за...

Продолжи со читање

Свештеномаченик Климент, епископ Анкирски

Post Views: 81 Роден 258 година во градот Анкира, од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како сопствен син и го помогна неговото воспитание во христијански дух. Климент беше толку прочуен заради неговиот добродетелен живот, што го избраа за епископ Анкирски во дваесеттата година од животот. Во младоста стекна старечка мудрост и со големо воздржание го скроти и победи...

Продолжи со читање

Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Post Views: 88 Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег.Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 4 до 8 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека утре поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

Продолжи со читање

Земјотреси со епицентар во Албанија почувствувани и во Охрид

Post Views: 91 Вечерва регионалните сеизмолошки мрежи регистрираа два поединечни земјотреса со епицентри во соседството, кои беа почувствувани и од дел од населението во Охрид и околината.Првиот земјотрес, со епицентар во Албанија, е регистриран во 19:43 часот по локално време со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала и длабочина од 15 км, додека вториот е забележан во 19:50 часот со јачина од 3,8 степени и длабочина од 3км.

Продолжи со читање

Обвинителството отвори предмет за извозот на мозоци од Македонија за научни цели во САД 

Post Views: 105 Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори случај по информациите објавени во медиумите во врска со наводите од документите објавени во случајот Џефри Епштајн, кои покажуваат дека примероци од мозок од починати лица од нашата земја, кои веројатно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во Соединетите Американски Држави. Целта на оваа истрага е да се испитаат индикациите за можно постоење на елементи на кривично дело.-Предметите се доставени до главното јавно обвинителство за гонење на организиран...

Продолжи со читање