Автор: инфодеск
Views: 88 Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид денес температурите од 5 до 22 степени Целзиусови.
Обезбедени 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид, пo 11 години застој
Views: 161 Владата ја усвои точката со која се создаваат услови за продолжување и конечно завршување на изградбата на затворениот базен во Охрид, проект кој започна во 2015 година и речиси една деценија остана незавршен.Од Министерството за спорт информираат дека за целосно завршување на објектот се обезбедени 470 милиони денари, со што, како што велат, се отвора јасна перспектива проектот конечно да биде реализиран.По преземањето на надлежностите, Министерството за спорт извршило темелна анализа и ревизија на состојбата со проектот, при што биле утврдени технички, финансиски и...
Енергетската транзиција во охридските училишта, над 205 милиони денари инвестиции од 2022 до 2025 година
Views: 147 Енергетската транзиција станува дел од образовната инфраструктура во Охрид. Реконструкција на училишни објекти, енергетски фасади, нова дограма, системи за греење и фотоволтаици се дел од инвестициите со кои се подобрува енергетската ефикасност во училиштата.Во периодот од 2022 до 2025 година, во основното образование се реализирани вкупно 147.177.185 денари капитални инвестиции, додека во средното образование вложувањата изнесуваат 58.426.324 денари.„Општина Охрид перманентно вложува во подобрување на енергетската ефикасност во училиштата со цел, прво, намалување...
„И ти имаш право да ги знаеш биолошките родители”, посвоените лица бараат промени во законот
Views: 169 За илјадници посвоени лица, информацијата за сопственото потекло останува затворена во институционалните архиви. Тие бараат да им се овозможи пристап до документацијата за нивното раѓање и посвојување.Иницијативата „И ти имаш право да ги знаеш биолошките родители” бара промени во Законот за семејството, а, кој според нив го ограничува ова право. Неведуваат дека околу 90 илјади посвоени лица од бивша Југославија трагаат по своите.„Ова е горлив проблем, болна тема за посвоените кои трагаат по вистинските биолошки родители. За жал, живееме во лага. Член 123-а...
Нови информативни табли и подобрено осветлување за посетителите на Вевчански Извори
Views: 152 Десет нови информативни табли се поставени низ заштитеното подрачје „Споменик на природата Вевчански Извори“, со цел посетителите подобро да се запознаат со природните вредности на локалитетот, но и да се поттикне одговорно однесување во природата.Таблите содржат информации за биодиверзитетот, ретките видови и природните карактеристики на подрачјето, како и насоки за движење по патеките. Од „Еко-свест Вевчани“ посочуваат дека преку подобрата информираност се придонесува и кон заштита на живеалиштата и зачувување на чистотата на изворите.Паралелно со овие...
Приведен 19-годишник во охридско село поради закани кон полицаец и оштетување возило
Views: 150 На 5 октомври 2026 година, во 17:35 часот, во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 19-годишник, по претходна пријава дека преку социјалните мрежи упатувал закани кон полициски службеник.Според пријавеното, по упатените закани, 19-годишникот го оштетил и патничкото моторно возило на полицискиот службеник.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
76-годишен охриѓанец приведен по семејна расправија и пукање во воздух
Views: 132 На 5 октомври 2026 година, во 19:15 часот, на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 76-годишен охриѓанец.Според информациите од полицијата, тој претходно во семејниот дом физички нападнал член на своето семејство, а потоа испукал два куршуми во воздух од пиштол.При извршениот увид и претрес во домот, со судска наредба, полициските службеници го пронашле и одзеле пиштолот.По целосното расчистување и документирање на случајот, против 76-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Две лица повредени при пожар во камп-приколка
Views: 117 На 4 октомври 2026 година, во 22:35 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во авто-камп на крајбрежјето на Охридското Езеро избувнал пожар во камп-приколка, сопственост на 44-годишно лице од Скопје.При обид за гаснење на пожарот со противпожарни апарати, со повреди се здобиле две лица од Охрид и Битола. Тие биле пренесени во Општата болница во Охрид за укажување медицинска помош.По овластување на јавен обвинител, полициски екипи извршиле увид на местото на настанот. По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.









