Skip to main content

Автор: инфодеск

Василичарски појадок во Општина Охрид

Views: 205 Елена Ѓеорѓиевска Јовеска, Елизабета Андреска и Васко Ристески годинава се најсреќните меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ги најдоа паричките на заедничкиот појадок што по повод празникот Василица по традиција се одржува во институцијата.Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески.Градоначалникот Кирил Пецаков ги дарува новите кумови, со желба годината да им биде здрава, среќна и бериќетна.

Продолжи со читање

Марихуана

Скопјанец кривично пријавен за неовластена трговија со дрога во Охрид

Views: 170 СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.04.2025 на паркинг простор на хотел во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршиле преглед во патничко возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот, а во кое имало уште три лица, при што пронашле и одзеле марихуана.

Продолжи со читање

Мицкоски, Ахмети, Касами и Апасиев денес на лидерска средба

Views: 263 На иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Клубот на пратениците треба да се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која, како што е најавено, ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.Од опозициските пратенички групи, потврда за учество има од лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али...

Продолжи со читање

Во петок премиера на филмот „Начинот на Чипан“

Views: 227 Во петок, на 16 јануари 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во големиот амфитеатар на Универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ќе биде прикажан филмот „Начинот на Чипан“, дело на режисерот Антонио Вељаноски.– Документарецот го доловува ликот и делото на Борис Чипан, преку едно од првите модернистички објекти во Охрид, одморалиштето на Феријалниот сојуз „Младост“. Низ процесот што колективот Архрид го помина во подготовката и реализацијата на изложбата и јавните дискусии од 3 мај 2025 година, филмот отвора нова перспектива за значењето на...

Продолжи со читање

Денеска е Обрезание Господово и Св. Василиј Велики

Views: 186 Свети Василиј Велики (грчки:Βασίλειος ὁ Μέγας) е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.Свети Василиј Велики е еден од најголемите светци на христијанството. Роден е во 330 година во Неокесарија, во Понт, од родители Василиј и...

Продолжи со читање

Денес сончево со мала до умерена локална облачност

Views: 227 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.Од УХМР информираат дека до петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.Денес во Охрид минималните температури од -1, а максималните до 6 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Охрид се подготвува за Богојавление – Водици

Views: 296 На највисоко ниво со почитување на верските традиции и граѓански обичаи Охрид ќе ја одбележи најмaсовната верско- културна манифестација во земјава, Богојавление – Водици. На денешниот состанок со Координтивниот одбор,  градоначалникот Кирил Пецаков заедно со Владиката г. Георги,  претставници од МПЦ, јавните претпријатија, од МВР, Капетанија, Црвен крст и  нуркачите клубови ги дефинираа сите детали со цел  настанот да биде реализиран во најдобар ред.Централните празнувања се на 19 јануари. Започнуваат во раните утрински часови со свети  и...

Продолжи со читање

Едриличарот Ердал Лушо на прием кај градоначалникот Ќура

Views: 239 Денес, на гости кај градоначалникот на Општина Струга беше храбриот струшки едриличар Ердал Лушо кој воедно е и првиот Македонец кој се впушти во соло трансатлантско патување со сопствено изграден дрвен едриличар, направен од дрво засадено од неговиот дедо.Инаку, Ердал со градоначалникот разговарал за предизвиците со кои се соочуваше за време на патувањето, за моментите на неизвесност, истрајност и внатрешна сила, како и за непроценливото искуство што го понесе од оваа авантура која ја поместува границата на човечката издржливост.Градоначалникот истакна дека...

Продолжи со читање