Автор: инфодеск
Post Views: 273 Над 200 примероци викендов ќе бидат изложени на втората изложбата на спортски модифицирани и уникатни автомобили олд тајмери . Настанот Night car show со поддршка на општина Охрид ќе се одржи утре со почеток во 19:00 часот, на отворениот простор во поранешната касарна.Целта на изложбата е збогатување на туристичката понуда на Охрид, продолжување на туристичката сезона со атрактивни настани и привлекување на поголем број на домашни и странски гости.Покрај автомобили од земјава ќе има клубови и примероци од целиот Балкан.„Ќе се одржува...
Традиционални културни збиднувања во Пештани
Post Views: 291 Манифестацијата “Културно лето Пештани“традиционално ќе продолжи и оваа година. Сите уметности ќе бидат споени во една целина. Љубителите на уметноста ќе можат повеќекратно да уживаат во миксот од серенадите проткаени со поезија и проза.Свеченото отворање ќе биде на 10. Август 2024 година со почеток во 20.30 часот на самиот брег, во центарот на Пештани.Од 11. до 13.август со почеток во 17.00 часот ќе се реализира сликање и цртање на зајдисонце како и изложување на ракотворби од културната работилница.Манифестацијата ја организира и реализира...
Охрид ги чествува Св. Климент и Св. Пантелејмон
Post Views: 386 Денеска се празнува споменот на Свети Климент Охридски почитуван како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.Св. Климeнт архиeпископ Oхридски – Учeник на свeтитe Мeтoдиј и Кирил. Пo смртта на св. Мeтoдиј, Климeнт, пoд притисoк на Гeрманитe, тргнал oд Мoравија на југ. Сo Гoразда, Наума, Сава и Ангeларија – ситe заeднo нарeчeни “Пeттoчислeници” гo пoминал Дунав, какo гoстин oстанал кај царoт Бoрис Михаил и пoтoа дoшoл вo oхридскиoт крај. Првo oснoвал манастир вo Бeлица, кадe штo му билo и нeгoвoтo првo eпискoпскo сeдиштe. Пoдoцна...
Проекција на документарецот „Охрид, Охрид убав мил“ на отворањето на Недела на Млади
Post Views: 205 По повод Денот на млади – 12 август, а како дел од настанот Недела на млади, во Младински Центар Охрид, вечерта на 12 август, во понеделник, ќе се прикажува документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил” на македонскиот режисер од Охрид, Илија Пиперкоски.Во документарниот филм се зборува за настанување на песната Охрид, Охрид, убав мил и низ прекрасен наратив гледачите ќе можат хронолошки да се запознаат со тајфите и трубадурите кои негувале чалгиска музика и животот на охриѓани преставен преку испеаните песни.„Ова е серијал што ги истражува душевните...
Дијана Петрова е годинешниот добитник на наградата „Живко Чинго“
Post Views: 247 Дијана Петрова е автор на расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра: „Фанатик“ кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“. Дијана Петрова е родена 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавувала есеи и раскази низ повеќе списанија за литература. Ги објавила книгите: „Бдеењето над себе“, „Не правете им сенка на гробовите“ и „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“. Работи како професорка по македонски јазик и...
Пронајдена и одземена марихуана кај 32 годишен охриѓанец на улицата „Даме Груев”
Post Views: 238 На 07.08.2024 во 10.35 часот на улица „Даме Груев” во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 32 годишно лице од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
Утре во дворот на Гимназијата свечено ќе се доделат дипломите на генерацијата 2023/2024
Post Views: 246 Утре, петок 9-ти Август со почеток во 19,30 часот во дворот на Гимназијата ќе се одржи свечено доделување на дипломите на матурантите генерација 2023/2024.
Во понеделник пред Палас ќе се одржи настанот STAND UP COMEDY NIGHT
Post Views: 249 Во организација на Општина Охрид, на 12.08.2024 –понеделник пред хотелот „Палас“ ќе се одржи настанот STAND UP COMEDY NIGHT на кој ќе настапат познатите стенд-ап комичари Бојан Велевски и Маријан Георгиевски.Шоуто започнува во 20:30 часот, а влезот е бесплатен.Настанот е дел од летната културна програма поддржана од Локалната самоуправа.
Денес и утре во ООУ „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи крводарителска акција „Плаошник 2024“
Post Views: 201 Традиционалната крводарителска акција, којашто во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св. Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид, и тоа на:8 август (четврток), во периодот од 19 до 24 часот9 август (петок), во периодот од 9 до 13 часот.-Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост...
Денес се одбележува денот на Света преподобна маченица Параскева – Света Петка
Post Views: 235 Денеска православните верници ја слават Света Петка летна.Света преподобна маченичка Петка Римјанка се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа...
Свечен концерт во чест на празникот Свети Климент Охридски – Летен
Post Views: 219 Прекрасно музичко уживање приреди оперската пејачка Илина Митревска, која во придружба на проф. Андреј Наунов вчеравачер одржа свечен концерт во чест на празникот Свети Климент Охридски -летен.Пред писутните гости, во катедралната црква „Света Софија“ свое обраќање имаше претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.-Доделена ни е честа и привилегијата, во оваа прекрасна августовска вечер, во прегратките на древниот Охрид, овде, во уникатниот амбиент на еден од најубавите црковни храмови, да ја почуствуваме уметноста и преку...
Вечерва на Охридско лето концерт за виолина и пијано со Климент Тодороски и Марија Вршкова
Post Views: 224 Реномираните македонски уметници, виолинистот Климент Тодоровски и пијанистката Марија Вршкова вечерва ќе имаат концерт во рамки на музичката програма на „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.Климент Тодороски е роден 1984 година во Охрид. Музичкото образование го започнува во Охрид и Битола, а го продолжува на националниот музички конзерваториум во Тулуз,Франција во класата на професор Благоја Димчевски сѐ до 2002 година. Дипломира на ФМУ Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко....