Skip to main content

Автор: инфодеск

Општина Дебрца ќе субвенционира трошоци за полагање возачка дозвола

Views: 241 Општина Дебрца ќе доделува еднократно 20.000 денари по апликант, по успешно завршен процес на полагање на возачкиот испит. Преку оваа мерка за субвенционирање на дел од трошоците за полагање на возачка дозвола Б категорија, општината има намера да помогне на младите жители од општината да го завршат полагањето на практичниот и теоретскиот дел од испитот за возачи и со тоа да се стекнат со возачка дозвола од Б категорија. Имајќи ја во предвид економската состојба и можностите на жителите, оваа мерка директно е насочена кон младите луѓе и нивните семејства од една страна и...

Продолжи со читање

Паричката во Општина Струга кај Александар Мацески

Views: 271 Денес, во Општина Струга, традиционално беше одржан Василичарскиот доручек, во чии рамки се продолжи обичајот на барање на паричката – симбол на среќа, здравје и бериќет во новата година.Најголем среќник оваа година беше Александар Мацески, на кого градоначалникот му упати искрени честитки и желби за успешна, среќна и бериќетна година.-Василичарскиот доручек претставува важен дел од нашето културно наследство и традиција, кој придонесува кон негување на обичаите и меѓусебното почитување во мултиетничката заедница. Преку вакви настани ја зајакнуваме културната...

Продолжи со читање

Од 30 до над 200 елени: Како Репродуктивниот центар на Галичица станува приказна за успешна заштита на природата

Views: 239 Националниот парк Галичица денес објави прилог објавуи фотографии од репродуктивниот центар и од секојдневната грижа што ја вложуваат во националниот парк. Како што велат, нивниот посветен ренџер Лазе, заедно со неговите помошници Јане и Кире, секојдневно се на терен – обезбедуваат храна и вода, вршат редовни контроли и се грижат за безбедноста и благосостојбата на елените.– Резултатите зборуваат сами за себе: во 2019 година бројката изнесуваше околу 30 единки, а денес популацијата е зголемена на над 200 елени. Покрај постојаното присуство на ренџерската...

Продолжи со читање

Куратица подготвена по 27-ми пат за Василица

Views: 180 Утре со почеток од 20 часот започнува едно од највозбудливите зимски народни чествувања во Охридско – Василичарскиот маскенбал во Куратица.Кко што велат организаторите, овој карневал е живописна мешавина од архаична традиција, забава, музика и уникатни маски, која секоја година ги собира локалното население и посетителите од пошироко. Маскираните учесници, инспирирани од народните обичаи, секојдневниот живот и современите теми, ќе дефилираат низ селото, носејќи радост, боја и насмевки насекаде околу нас.Инаку, Василичарскиот карневал е дел од традицијата на...

Продолжи со читање

топејнца

Охриѓани ја негуваат традицијата и за Василица подготвуваат топејнца

Views: 304 Охриѓани ја негуваат традицијата и за Василица подготвуваат топејнца. Топејнцата се подготвува од варено тесто во кое има вода, сол, шеќер и брашно. Вареното тесто се дели на топчиња кои намастени  едно врз друго се плескаат колку што е ширината на тепсијата. Тестото се шара  засекувајќи го со лажица по целата површина на тепсијатат , на растојание од 1 цм и се пече полека, а потоа се крши и се дроби како за попара. Се продолжува од кога ќе се искрши на парчиња да се пржи на тивок оган и треба  да се истопи како алва.Охридските традиционални семејства го подготвуваат овој...

Продолжи со читање

Прослава

Вечерва е Стара нова година, утре Василица

Views: 218 Православните христијани кои се водат според Јулијански календар вечер ќе ја пречекаат Православната или Стара нова година.Старата година ќе биде испратена и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.Ваквата традиција сеуште се негува во Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Ерусалим.Се чествува и Свети Василиј Велики кој е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија. Во црквата се смета како голем поборник за православната вера,...

Продолжи со читање

Вевчански карневал

Денес сатира под отворено небо на Вевчанскиот карневал, продолжува вековната традиција

Views: 242 Вевчански карневал е 15 годишна традиција која не замира.  Карневалот и годинава ќе биде слика и прилика на се она што се случувало во општествено- политичкиот живот претходната година во Македонија, па и во Европа. Двете василичарски друштва, Горна и Долна маала ќе ги прикажат настаните на еден специфичен начин преку карневалските маски кои тие ги креираат.По централното дефиле василичарите ги посетуваат вевчанските домови, ја светат водата на вевчанските извори и го вртат кашаникот со паричката. Инаку, вечерва Новата година според Јулијанскиот календар, ќе биде...

Продолжи со читање

Познатиот охридски фотограф и продуцент Кристијан Љушев трагично го загуби животот

Views: 247 На 28-годишна возраст, во трагичен настан, животот го загуби младиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев.Веста за неговата прерана смрт предизвика силни реакции во јавноста. Колеги, пријатели и соработници се простуваат од Кристијан Љушев, изразувајќи длабока тага и неверување поради трагичната загуба.Љушев беше препознатливо име меѓу младите визуелни автори во земјава. Неговиот професионален ангажман опфаќаше широк спектар на проекти – од комерцијални видеа и музички спотови, до документарни и интернационални продукции. Оствари соработки со бројни...

Продолжи со читање