Автор: инфодеск
Post Views: 253 Охрид се прости од Митрополитот Дебарско кичевски Владиката Тимотеј кој цели 29 години ја водеше епархијата. Голем број верници, свештеници и монаси од земјава, но и од соседните земји денес на Плаошник, го испратија третиот по ред митрополит во епархијата.Заупокоената Света литургија од рано утрово се одржа во катедраланата Св Софија. Oва е тажен ден за МПЦ. рече во своето послание Архиепископот македонски г.г. Стефан.–И во градителството и вов озобновувањето на древните светињи со кои изобилуваат и Охрид и дебарско кичевската...
Во Колумбија запленети рекордни 225 тони кокаин
Post Views: 285 Операцијата Орион, кооперативна операција меѓу 62 земји, открива дел од рекордот на нова рута на дрога што се користи од „нарко подморницата“.Властите заплениле 225 тони кокаин во шестнеделна мега-операција, каде што откриле нов пат за шверц на Пацификот од Јужна Америка до Австралија, соопшти во средата колумбиската морнарица.Последната фаза од глобалната поморска операција „Орион“ резултираше со запленување на повеќе од 1.400 тони дрога, вклучувајќи 225 тони кокаин и 128 тони марихуана, изјави за новинарите официјалниот претставник на морнарицата...
Живка Ангелоска е член на новиот Изршен одбор на СДСМ
Post Views: 206 Општинската организација на СДСМ Охрид информира дека член на новиот Изборен одбор на СДСМ е нивната сопартијка Живка Ангелоска.– Живка Ангелоска своето долгогодишно партиско искуство го темели врз лојалност кон партиските тези и идеали. Повеќе години го претставува гласот на охриѓани и на општинската организација на СДСМ во Советот на Општина Охрид како советник, своевремено како Претседател на Совет и како моментален координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата. Извонреден познавач на општинската работа, на партиските структури, но пред...
Доделувањето на наградите од конкурсот “Животот е убав” ќе се одржи утре
Post Views: 175 Поради прогласувањето на денешниот ден за ден на жалост, Црвен крст Охрид ги информира наградените од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца дека доделувањето на наградите од конкурсот “Животот е убав” се одложува за утре 29.11 (петок) во 12:30 часот во просториите на Црвен крст Охрид.
Православните христијани денес го започнуваат Божиќниот пост
Post Views: 352 Денес започнуваат Божикните пости во чест на празникот Христово рождество, кои ќе траат до 6-ти јануари.Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик 7-ми јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28-ми ноември, а завршува на Бадник, 6-ти јануари.Божикниот пост е втор по должината на траењето, веднаш по Велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна Божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење на вино, зејтин и риба. Строгиот пост на вода се налага во првата и...
Денес владиката Тимотеј ќе биде погребан на Плаошник
Post Views: 296 Светиот архијерејски синод на МПЦ одлучи Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј да биде погребан денес на Плаошник. Во 9 часот во црквата „Св. Софија“ започна заупокоената Света Литургија и Опелото, со која чиноначалствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни православни цркви.Тимотеј 43 години беше дел од МПЦ, а цели 29 години на чело на Дебарско кичевската епархија. Тој почина на 25-ти ноември на 73 годишна возраст.Поради...
Советот на Општина Дебрца одобри еднократна парична помош за лекувањето на Теодора
Post Views: 180 На Вчерашната седница на советот на општина Дебрца беа усвоени дополнувањата на Правилникот за доделување на еднократна парична помош, со што се создаде можност на предлог на Комисијата за финансирање и буџет градоначалникот на општината да донесе решение за доделување на еднократна парична помош, во износ од 30.000 денари, за лекувањето на малата Теодора Петреска.-Посакуваме Теодора да се излекува и да биде како сите други дечиња, да има среќно и безгрижно детство, стои во соопштението од Општина Дебрца.
Сончево со мала до умерена облачност и температури до 12 степени
Post Views: 164 Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Под влијание на влажна и студена воздушна маса од утре до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота, велат од...
КОСТАЛ инвестира 50 милиони евра и отвора најмалку 250 нови работни места во Охрид
Post Views: 239 И покрај кризата во автомобилската индустрија, започнува третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Охрид.Ќе се инвестираaт од 45 до 50 милиони евра и планирани се најмалку 250 нови работни места до 2028. Со тоа, вкупната инвестиција на КОСТАЛ во Македонија ќе надмине 150 милиони евра со околу 1300 работни места.Веќе се реализирани дел од новите вработувања и е донесена дел од потребната опрема за производство.Проектот е насочен кон вложување во најсофистицирана опрема во сегментот „енергетска електроника” за...
28-ми ноември прогласен за Ден на жалост на територија на Општина Охрид
Post Views: 352 Советот на Општина Охрид денеска на вонредна седница го прогласи 28 ноември за Ден на жалост на територијата на Општина Охрид поради смртта на Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј.Седницата започна со едноминутно молчење на советниците и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со што му оддадоа почит на Владиката Тимотеј.Согласно донесената одлука утре се откажуваат сите културни настани и манифестации на територијата на општината, а знамињата ќе бидат на половина копје.Светиот архијерејски синод на МПЦ одлучи Дебарско-кичевскиот Митрополит...
Поставени 40 унифицирани табли на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија
Post Views: 258 40 унифицирани табли се поставени на дуќаните и угостителските објекти на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија.Огласните табли (фирмите) за прв пат го содржат називот на Македонско кирилско писмо, а до него и англиска транскрипција на називот на латинско писмо.Проектот започна минатата година со поставување на 74 информативни табли (фирми) на потегот од Плоштадот по улицата „Цар Самоил“, црквата Св. Софија и улицата „Коста Абраш“.-За следната година е предвидено со проектот да се опфатат сите објекти во чаршијата на потегот до...
Во сабота ќе се одржи настанот „Лиминални простори – лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс
Post Views: 214 Во сабота во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид ќе се одржи „Лиминални простори – лиминални тела“ проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс, кои се уникатен спој од филм и танц каде ќе се истражат концептот на лиминалност – границите меѓу телото и просторот, минатото и сегашноста, хаосот и тишината, трансформацијата и слободата.Овој настан е дел од последниот работен пакет „Напуштени места“, во склоп на проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени...