Skip to main content

Автор: инфодеск

пушење

Од март стапува на сила новиот закон за заштита од пушењето, предвидени казни од 150 до 5000 евра

Views: 296 Македонија од март се подготвува за воведување построги мерки во борбата против штетните последици од пушењето. Новиот Предлог-закон за заштита од пушење, објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), предизвика бурни реакции во јавноста. Дел од граѓаните и стручната јавност го поздравуваат како неопходен чекор за унапредување на јавното здравје, додека други остро реагираат на најавените ограничувања на продажбата и забраната за пушење во јавни и работни простории, оценувајќи ги како премногу ригорозни.Министерот за здравство, Азир Алиу, оценува...

Продолжи со читање

Во тек се зимските уписи за Бреинобреин едукативната програма за деца

Views: 237 Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со зимските уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст, заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.-Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини...

Продолжи со читање

Од вечерва сите патишта водат кон Вевчани

Views: 213Снежното Вевчани мирно и тивко. Под падините на Јабланица, како да го задржува здивот. Сè е подготвено за карневалското лудило. Се чекаат звуците на зурлите и тапаните кои утре ќе го означат долгоочекуваното дефиле.Со првите тонови ќе се развиори Василичарското оро и ќе продолжи вековната традиција што го прави Вевчани посебно.–Веќе утре влегуваме во маскенбалот. Почнувајки со поворката на Василичари што почнува од почетокот на Вевчани до центарот. Како и секоја година, Вевчани е подготвено и со отворено срце и полна душа ги очекува сите добронамерници кои...

Продолжи со читање

Мицкоски за Василица во Белчишта

Views: 269 Традиционалната василичарска вечер со оган, музика и домашна трпеза во Дебрца ќе се одржи пред општинската зграда во село Белчишта со почеток во 16 часот.Како што најави градоначалникот на општината, Златко Сиљаноски, настанот ќе биде збогатен со традиционална посета на премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски и дел од владиниот врв, што претставува чест и значаен момент за нивната општина.-Да ја зачуваме традицијата и заедно да ја дочекаме Новата година по стар календар во духот на заедништвото и македонските обичаи, вели градоначалникот Сиљаноски.

Продолжи со читање

Свечени божиќни изведби на женскиот хор АКордис на предновогодишниот прием

Views: 181 Од Црвен крст Охрид информираат дека женскиот хор АКордис минатата 2025 година ја заокружи со настап на предновогодишниот прием, што секоја година, традиционално, Црвен крст Охрид го организира за своите членови, соработници, партнери, поддржувачи, на територијата на општина Охрид и Дебрца и пошироко.-Пред присутните гости, женскиот хор, под диригентската палка на м-р професор Биљана Николоска, премиерно се претстави со композицијата Богородице дјево, радујсја од С.Рахмањинов и изведба на божиќните песни Рождение, Тивка ноќ и Радувајте се, со текстови на македонски јазик....

Продолжи со читање

На Сушица изграден е заштитен насип и е спречено понатамошното излевање, во Мислешево и Калишта сè уште поплавени дворови и подруми

Views: 235 Од Центарот за управување со кризи информираат дека на реката Сушица изграден е заштитен насип со багер, со што е спречено понатамошното излевање. Сè уште има поплавени подрумски простории и дворови на повеќе локации.Додеваат дека во село Мислешево поплавени се дворови и обработливи земјоделски површини, а процесот на санација е отежнат поради неможност за изведување на пропуст за истек на водата.Во Калишта, струшко, сè уште има поплавени дворови и подрумски простории и се преземаат дополнителни мерки за санација и заштита на населението.Од ЦУК за дебарскиот регион...

Продолжи со читање

Светата маченичка Анисија

Views: 227 Родена е во Солун од угледни и богати родители, воспитана во Христовата вера. Рано остана сираче и целата се предаде на богомислие и на молитва во својот дом. Побудувана од Христовата љубов, често велеше: „О, лажен животу на младите, зашто или соблазнуваш или се соблазнуваш. Подобра е староста, но тага ме обзема заради должината на времето коешто ме дели од небесните“. Потоа сиот свој имот го продаде и им го раздаде на ништите, а самата живееше од трудот на своите раце. Држеше строг пост, спиеше многу малку и непрестајно лееше солзи на молитва. Кога ќе ја совладаше сон, си...

Продолжи со читање

УХМР: Следува период на стабилно и суво време со студени утра

Views: 241 Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).Во Охрид денес минималните температури од -9, а максималните до -1 степен Целзиусов.Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Утре и во вторник наместа и дневните ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

Продолжи со читање