Автор: инфодеск
Post Views: 291 Изложба „Ех, моја Македонија” во сеќавање на Драган Спасески Охридски ќе биде отворена утревечер во музејскиот културен центар „Лапидариум“ .На изложбата со свои дела ќе се претстават Мајкл Клос од Канада, Демир Демироски Македонец од Германија, Наташа Попоска Карче и Ѓоко Симјаноски од Македонија.Четворицата уметници изложбата ја организираат во сеќавање на познатиот доктор и уметник Спасески Охридски со кого ги поврзува почетокот на уметничките кариери од 1985-тата година. Тогаш сопругата на уметникот Мајкл Клос, Менка, во Домот на култура во...
Во четврток и петок ќе се одржи крводарителска акција „Плаошник 2024“
Post Views: 210 Традиционалната крводарителска акција, којашто во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св. Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид, и тоа на:8 август (четврток), во периодот од 19 до 24 часот9 август (петок), во периодот од 9 до 13 часот.-Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост...
УЈП во контрола на туристичко – угостителските објекти во Охрид, Струга и Дојран
Post Views: 400 Даночните инспектори и контролори изминатиот викенд извршија контроли во туристичко – угостителските објекти во Охрид, Струга и Дојран во 108 објекти.Кај 49 даночни обврзници се утврдени неправилности кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра, не регистрирана резервна фискална апаратура, неводење книга за дневни финансиски извештаи, неводење итна сметковотствена книга за извршениот промет на добра, односно на услуга, непоставено соопштение на видно место со кое се информира купувачот на добро, односно корисникот на...
Аерозагадување од пожарите во Охридскиот регион
Post Views: 275 Чадот од пожарите во Охридскиот регион се чувствува и во градот, предизвикано е големо аерозагадување. Деновиве мерните станици покажуваат забалежително зголемено ниво на штетните ПМ 10 честички во воздухот. Чадот кој се гледа и чувствува на километри далечина е исклучително штетен за белите дробови, особено за децата, повозрасните и оние со астма, бронхитис и хронични срцеви заболувања.Шумските пожари шират многу штетни емисии, јаглерод моноксид азотни оксиди и многу опасни материи штетни по здравјето на луѓето.-„Тие пожари предизвикаа енормно...
Грчките уметници Гримпас и Лазаридис приредија прекрасен концерт за публиката на „Охридско лето“
Post Views: 296 Во прекрасниот и акустичен амбиент на катедралната црква „Света Софија“ вчеравечер концерт одржаа реномираните уметници од Грција, виолончелистот Христос Гримпас и пијанистот Емануел Лазаридис.Двајцата уметници со внимателно одбрана програма на чиј репертоар беа Сонатата за виолончело од Лудвиг ван Бетовен, Грчката свита за виолончело и пијано од композиторот Михаелидес и Сонатата за пијано од Франц Лист, настапија во рамките на Грчката вечер која е традиционална на фестивалот „Охридско лето“ и секоја година ги носи најдобрите уметници од...
Пожарите во охридскиот регион ставени под контрола, пожарот на Илинска планина сè уште активен
Post Views: 230 Од Центарот за управување со кризи информираат дека двата пожари во охридскиот регион кај селата Косел – Расино – Опеница – Вапила и на планината Галичица се ставени под контрола, додека пожарот на Илинска планина е сè уште активен.Од таму велат дека изгаснати се 14 пожари на отворено во: Општина Кичево, кај с.Бачиште; Општина Брвеница, с.Милетино; Општина Боговиње с.Жеровјане; Општина Гостивар, с. Чајле; Општина Богданци, м.в. „Погана“ кон „Ветерен Парк Богданци“; Општина Прилеп, м.в. „Теке“; Општина Неготино, кај фабриката „Македонија“; Општина Старо...
Библиотеката од Охрид донираше книги за децата кои учат македонски во Војводина
Post Views: 222 Минатата недела во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид беше Охридија Димитровска наставничка од Вршац – Војводина, која веќе пет години предава македонски јазик со елементи на национална култура на ученици во ОУ „Моша Пијаде“ во Гудулица и во ОУ „Јован Стерја – Поповиќ“ во Вршац.-Наставничката Охридија ни објасни дека минатата учебна година имала по два часа неделно во мешовитите македонски паралелки составени со ученици од прво до шесто одделение а заинтересираните деца македонскиот можат да го учат до крајот на осмо одделение.Чувствувајќи ја...
На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од новинарот Јолевски
Post Views: 247 Фестивалот „Охридско лето“ вечерва во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот организира промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од авторот Љупчо Јолевски.Љупчо Јолевски е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.Една деценија подоцна, во 1990-те се префрла во Втората програма на Македонското радио, каде...
Night Car Show по втор пат во Охрид
Post Views: 186 Охридското здружениена автомобилисти USCCO со поддршка на Општина Охрид и оваа година ќе ja организира изложбата на спортски модифицирани и уникатни автомобили Night car show. Настанот ќе се одржи на 10.08.2024 година (Сабота) со почеток во 19:00 часот, на отворениот простор во поранешната касарна.Целта на изложбата е збогатување на туристичката понуда на Охрид, продолжување на туристичката сезона со атрактивни настани и привлекување на поголем број на домашни и странски гости.Според најавите на изложбата ќе учествуваат претставници на повеќе странски...
Угостителските услуги во јули покапи за 4,8 отсто во споредба со лани
Post Views: 298 Цените на угостителските услуги во јули 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемен за 4,8 %, соопшти Државниот завод за статистика.Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиотпериод од минатата година, е зголемен за 5,6 %, додека во однос на декември 2023 година има раст од 2,4 %.Цените на угостителските услуги во јули, пак, во однос на јуни 2024 година, останале на исто ниво.
Охридските пожарникари пет дена се борат со огнената стихија
Post Views: 220 Припадниците на ТППЕ Охрид неуморно се борат со огнената стихија која пет дена не стивнува на потегот помеѓу селата Косел, Расино, Опеница и Вапила. Денеска пожарот ставен под контрола, благодарение на ефикасното делување на сите ангажирани на терен.На земја со екипите на Територијалната против пожарна единица од Охрид, координирано дејствуваат и вработени во општинските Јавни претпријатија,, Национални шуми, Национален парк “Галичица”, членови на доброволното против пожарно друштво “Ентузијаст”, ЦУК, ДЗС, месно население, како и...
Српскиот хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ денеска до 11 часот испуштил 126 тони вода над пожарот во охридско
Post Views: 342 Хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на Секторот за вонредни ситуации, од саботата секојдневно го гаснат пожарот кај Охрид, а само денеска до 11 часот испуштија дури 126 тони вода, јави дописникот на МИА од Белград.– Припадниците на хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации продолжуваат да им даваат поддршка на македонските колеги во борбата против пожарот. Нашата посада на „Супер Пума“ е ангажирана во гаснењето на пожарите во околината...