Автор: инфодеск
Views: 222 Од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” информираат дека по вчерашните снежни врнежи кои беа поинтензивни на повисоките населени места, мобилизирани беа дежурните екипи и целокупната нивна расположлива механизација за да се овозможи нормално движење на возила и функционирање во зимски услови.-Во текот на ноќта и од рано утрово се интервенираше со абразивни средства на повисоки места и тоа: Стар Град, населба Гоце Делчев – Бараки, села Велестово, Елшани и Горно Коњско, се вели во нивното соопштение.
Свети четиринаесет илјади младенци во Витлеем
Views: 192 Бидејќи Мудреците од исток не се вратија од Витлеем во Јерусалим за да му јават на Ирода за новородениот Цар, туку на заповед од ангел по друг пат заминаа за својата татковина, царот Ирод се разјари како лута ѕверка и нареди да се убијат сите деца на возраст до две години во Витлеем и во сета витлеемска околија. Оваа страшна царска заповед беше извршена доследно. Неговите војници некои деца ги убија со меч, други ги разбиваа врз камења, трети ги гмечеа со нозе, четврти со рацете ги задавија.И се крена плач и лелек на мајките до небесата; пискот и горко плачење, „Рахил плаче...
Сушица и Далјан повторно предизвикаа поплави, поплавени куќи и во Мислешевски пат, селата Мислешево и Калишта
Views: 280 Од Центарот за управување со кризи информираат дека излеана е реката Сушица на повеќе локации со поплавени дворови и подруми. Кризниот штаб и ЈП Охридски Комуналец интервенираат со механизација, насипување и проширување на коритото. Кај с. Вапила реката Далјан го оштетува патот под мостот и се врши заштита со механизација. Евидентирано е и свлечиште кај Лескоец – Скребатно.Во Струга информираат дека поплавени се дворови и куќи во Мислешевски пат, с. Мислешево и с. Калишта. ТППЕ Струга интервенира со пумпи, а е ангажирана и градежна механизација и дека Општина Струга е...
Лишени од слобода рибокрадци во Пештани, запленети над 100 кг риба и шест рибарски мрежи
Views: 210 На 09.01.2026 во 19:30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН Охридско Езеро, во рамки на Регионален центар за гранични работи Запад лишени се од слобода две лица од с.Пештани, охридско.Од СВР Охрид информираат дека при преземање на зајакнати мерки и контроли во водите на Охридското Езеро за време на мрест и забрана за лов на риба од видот пастрмка, белвица и јагула, од страна на полициските службеници во координација со рибочуварска служба, на 100 метри од брегот во с.Пештани затекнат е чамец во кој биле двете лица.. При извршениот преглед во пловниот објект...
Дождот престана во Охрид, службите интервенираат поради излевање на реката Сушица, интервенции и во Струга
Views: 228 Од Центарот за управување со кризи информираат дека во Охрид до 12:30 часот нема пријави за поплавени објекти и дека моментално дождот е престанат.Во нивното доопштение додаваат дека има излевање на реката Сушица во делот на ул. Прилепска, испратена е екипа од ЈП Нискоградба со механизација да го запрат излевањето, а ако продолжат врнежите има опасност од излевање на реката Далјан кај Косел и село Вапила.Во Струга има пријава за поплавени дворови на 4-ти Реон кај Мислешевски пат. Надојдената вода од Струшкото поле ги поплавила дворовите каде што има канали за излевање...
Вевчани подготвено за Вевчанскиот карневал на 12 и 13 јануари
Views: 361 Традиционалниот Вевчански карневал, една од најстарите живи карневалски манифестации на Балканот, ќе се одржи на 12 и 13 јануари со централна карневалска поворка на 13 јануари од 13 часот кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала. Ова беше најавено вчера на прес-конференција во Скопје по повод годинашното издание на „Вевчански карневал 2026“, кое традиционално се одржува на празникот Свети Василиј Велики.Градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, упати отворена покана до граѓаните да ја посетат манифестацијата нагласувајќи дека за време...
Нагло заладување од север: снег, силен ветер и температури под нулата
Views: 211 Променливо облачно време, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер (над 60км/ч.). Порадиспуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 см, а во останатите места од 5 до 10 см.Во Охрид денес минималните температури од 3, а максималните до 5 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека утре ќе...
Охридски Комуналец донираше огревно дрво на социјално загрозени семејства
Views: 223 Ј.П.„Охридски Комуналец” донираше огревно дрво на 11 семејства од социјално ранливи категории.–Водени од определбата за хуманост и грижата за секој поединец во нашиот град, Ј.П.„Охридски Комуналец” донираше огревно дрво нa семејства од социјално ранливи категории. Се надеваме дека со оваа наша донација ќе ги затоплиме домовите на овие семејства кога сме сведоци на поларни денови со многу ниски температури, – велат од јавното претпријатие.








