Автор: инфодеск
Post Views: 202 Во село Мешеишта се привршува со доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.Во текот на 2024 година се изградени 13 секундарни канализациони краци,во вкупна должина од 1.340 метри и 41 ревизиона шахта,а за што се инвестираа 6.802.682 денари или околу 110.000 евра, од кои 2.500.000 денари беа обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година,а 4.302.682 денари од Буџетот на општината за 2024 година.Општината ќе...
Писмо со сочувство по повод смртта на митрополитот Дебарско – кичевски, г.г. Тимотеј
Post Views: 200 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков упати писмо со сочувство до Синодот на Македонската Православна Црква- Охридска архиепископија и до правосвештенството, а по повод смртта на митрополитот Дебарско – кичевски, г.г. Тимотеј кој ја обавуваше и функцијата портпарол на МПЦ.Владиката Тимотеј беше силен пример за служење на Бог, образец на животот според Евангелието. Тој беше способен да одговори со својат љубов и грижа на секоја тешкотија и болка на човечкото срце. Беше пример на умеењето да дејствува според заповедтта на Светото писмо. Секогаш да се...
Исчистено дното на езерото пред Трпејца
Post Views: 175 Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад за 2024 година, на 24 ноември се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро пред селото Трпејца. Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад – стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина. Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности” со асистенција на нуркачкиот клуб„Акватек”.Целта на акцијата е подигање на јавната свест на населението за заштита на Охридското Езеро.
Дефект на водоводната мрежа во населбите Видобишта, Црногорци, С.Велгошти, С.Лескоец и с.Лакочереј
Post Views: 266 Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф 450 мм), денес од 09:30 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците во горната зона од населбите Видобишта, Црногорци, С.Велгошти, С.Лескоец и с.Лакочереј.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, информираат од претпријатието.
Ни следува сончево време со ведри и студени утра
Post Views: 153 Утрото ќе биде ведро и студено. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 0 до 11 степени Целзиусови.До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок особено од крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа...
Денес од 9 до 14 часот без вода жителите од улиците „Мите Богоески“ и дел од „Димитар Влахов“
Post Views: 159 Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 09:00 до 14:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците „Мите Богоески“ и дел од „Димитар Влахов“, на потегот од Општина Охрид до пресекот со ул.„Македонски Просветители“, информираат од ЈП Водовод.
Костал Македонија планира зголемување на обемот на производство во 2025 год
Post Views: 205 Кризата која ја зафати европската автомобилска индустрија може да има сериозни последици врз македонскиот автомобилски сектор. Продажбите на Фолксваген, Рено, Концернот Стелантис со Пежо, Фијат, Цитроен и Опел се намалени за над 20% во изминатите неколку месеци, тоа заедно со најавите од гигантот Фолксваген за затворање фабрики во Германија ќе влијае врз работата на компаниите во државава кои соработуваат со тие брендови.–Јас би рекол прво што ќе се случи е да има или намалување на растот на компаниите или пак драстично успорување во процесот на нови...
После колку време се затвараат дупките по санирање на оштетувањата на водоводната мрежа?
Post Views: 343 Пред две недели жителите на зградата на Булевар Туристичка бр. 50 заприметиле дека има квар на водоводната мрежа при што навремено пријавиле во ЈП Водовод.Откако се утврдило каде е точното оштетување, по повеќе кратно ископување на различни места, вработените го поправиле оштетувањето, но зад себе го оставиле отворено ископаното место.ТВМ ТелевизијА веднаш го контактираше ЈП Водовод, и од директорот Марјан Ристески го добивме следниот одговор:„Дефектот е работен пред точно една недела, оставен е да се следи состојбата неколку денови, два...
Се интензивираат градежните работи на автопатот Кичево Охрид
Post Views: 234 Изградбата на автопатот Охрид Кичево продолжува со засилена динамика. Ќе се работи во змиски услови и на минусни температури, и дење но и ноќе. Останува најавениот рок, целата делница да биде пуштена во употреба до крајот на 2026 година. Ова го најави министерот за транспорт Александар Николоски, кој вчера изврши увид на градежните работи.Николоски најави дека идното лето ќе започне изградбата на автопат од Кичево до Букојчани, а во меѓувреме се гради и делницата Букојчани Гостивар...
Полицијата уапси две лица од Трпејца за незаконит риболов
Post Views: 253 На 25.11.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското езеро кај охридското село Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” лишија од слобода 43 и 42 годишно лице, двајцата од охридското село Трпејца.-Тие се сомничат дека сториле кривично дело „незаконит риболов”, а при преглед во нивниот чамец пронајдени и одземени се три рибарски мрежи во должина од по 50 метри. По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Инаку, едно од лицата и е...
Почина Митрополитoт Дебарско-кичевски Тимотеј
Post Views: 322 Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето.Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Куманово како Славе Јовановски. Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работел како службеник во Македонската архиепископија. Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а е поставен и за в.д....
Лажни е-меил пораки испратени од име на Фондот за здравствено осигурување
Post Views: 220 Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на е-меил, а како да е од ФЗО. Во лажните пораки, кои не се испратени од е-меилот на ФЗО, им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување на трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк.Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и...