Автор: инфодеск
Views: 240 На официјалната веб-страница на општина Струга е лансирана нова опција за пријавување на проблеми.Преку оваа услуга, секој граѓанин има можност лесно да пријави проблеми со кои се соочува во заедницата, како што се: инфраструктура, јавно осветлување, хигиена и чистота, јавен ред и безбедност, како и други прашања од јавен интерес.–Пријавувањето на проблемите овозможува побрза и поефикасна реакција од страна на општинските служби и придонесува кон создавање на подобра, побезбедна и пофункционална заедница за сите, велат од општината.Оттаму ги повикуваат...
4,6 литри дожд на метар квадратен во Охрид во изминатите 24 часа
Views: 191 Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) информираат дека во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 4,6 литри на метар квадратен, најмногу во државата.Како што информираат од УХМР, времето денес ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 5 степени.Утре ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите...
Надојдени реки предизвикаа поплави во Охрид и околината, институциите на терен
Views: 210 Од ЦУК информираат дека во Охрид, одржан е состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, со одлука да се стават на располагање сите човечки и материјални ресурси.Од таму додаваат дека населбата Далјан е поплавена поради излевање на реката Далја. Екипи со тешка механизација ја пренасочуваат водата кон езерото, а со пумпи се врши испумпување од подруми, дворови и деловни простории. Преку бројот 112 се примени поголем број пријави од оваа локација.Проблеми се евидентирани и на Коселска река кај с. Ливоишта, каде надојдената вода го подјадува патот кај мостот кон с. Вапила....
Денеска е Свети Стефан зимски и трет ден Божиќ
Views: 202 поред календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 декември. На третиот ден од празникот Божиќ светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, заштитник на болните, старите и сиромашните.Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил...
Излеани реки на територијата на Општина Дебрца
Views: 185 Поради обилните врнежи, излеани се неколку речни корита на територијата на Општина Дебрца, информира градоначалникот Златко Сиљаноски.–Екипите на општината се на терен уште од вчерашниот ден и активно се работи со расположливата механизација. Во интервенциите се вклучени и приватни компании со цел навремено и ефикасно справување со состојбата, посочува градоначалникот.Сиљаноски потенцира дека засега нема ниту еден поплавен објект.Додава дека внимателно се следи целата ситуација, а екипите остануваат на терен подготвени за навремена реакција доколку...
Градоначалникот Пецаков одржа состанок со Кризниот штаб на Општина Охрид
Views: 245 Екипите на општинските јавни претпријатија, интензивно работат на терен на повеќе локации во Охрид за надминување на проблемите кои ги предизвикаа обилни врнежи од дожд, што деновиве го зафатија охридскиот регион.–На располагање се ставени сите капацитети на општинските јавни претпријатија, се делува координирано и состојбата постојано се следи. На терен се работи со градежна механизација и пумпи за испумпување на водата, со цел да се намалат штетите и да се спречат дополнителни последици, вели градоначалникот Кирил Пецаков.Тој денеска одржа...
Закрепнување од постпразничен умор
Views: 206 Празниците се прилика за уживање, но по нив е важно да им се даде на телото и умот можност за закрепнување и враќање во рутина. Со неколку едноставни чекори како приспособување на исхраната, физичка активност и фокусирање на внатрешниот мир, можеш брзо да се вратиш во чувството на леснотија и виталност.Тоа не треба да биде шок-терапија, туку постепен процес на прилагодување. Телото навикнато на доцни и обилни вечери и зголемена емоционална стимулација не може преку ноќ да се врати во строга рутина без последици. По празниците мoже да се појави замор, раздразливост и пад...
УХМР: Жолто ниво за предупредување од поплави
Views: 245 Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолт метеоаларм за силен ветер и обилни врнежи од дожд во речиси целата држава, предупредувајќи на нестабилни и потенцијално опасни временски услови во наредните денови.Од Секторот за хидрологија при УХМР предупредија на зголемен водостој на реките низ земјата. Поради обилните врнежи, висок водостој е регистриран на реките Вардар (особено во горниот тек), Радика, Треска, Сатеска, како и на повеќе нивни притоки. Забележана е брза реакција на врнежите, особено кај помалите реки и суводолници во западниот дел од државата, што...









