Автор: инфодеск
Views: 247 На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.Црквата утврдила веднаш после...
ЦУК: Реката Далјан излеана, поплавени куќи во Охрид
Views: 212 Од Центарот за управување со кризи информираат дека во Општина Охрид евидентирани се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации во градот. Локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид се известени и постапуваат по пријавите. Реката Далјан е излеана од коритото на повеќе места, при што се поплавени голем број куќи, а службите за итно дејствување се организирани и се на терен.Од таму додаваат дека во Битолскиот и Преспанскиот регион поради обилните врнежи од дожд е забележано зголемување на водостојот на реките и излевање на повеќе водотеци, при што се...
Божиќна честитка на градоначалникот Кирил Пецаков
Views: 193 По повод големиот христијански празник раѓањето Христово- Божиќ, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните од православна вероисповед.– Со искрени желби за мир, здравје и благосостојба Ви го честитам најголемиот христијански празник-раѓањето Христово-Божиќ.Денеска ја славиме надежта, љубовта и човечката блискост. Овој ден не повикува да се свртиме еден кон друг со разбирање и човечност. Божиќ е време кога духовната светлина ја надминува секоја поделба и не охрабрува да гледаме кон иднината со надеж и одговорност.Нека радоста од Христовото...
Два одделни случаи во струшко: пронајденo огнено оружје кај селата Ливада и Корошишта и приведено лице од Франгово за пиротехнички средства
Views: 270 На 06.01.2026 во 12:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во нива лоцирана на локален пат помеѓу струшките села Ливада и Корошишта, пронајден е пиштол „застава“, калибар 6.35 милиметри и пет куршуми.–Увид на местото извршија полициски екипи по што, пронајдените предмети се подигнати за натамошна постапка. По целосно расчистување на настанот, ќе следи соодветен поднесок, соопшти Димоски.На 06.01.2026 во 17:30 часот, во ОВР Струга приведен бил 26-годишен жител на струшкото село Франгово.–При претрес во деловен објект во истото село во негова...
Кривична пријава за бесправно градење: 66-годишник од Лескоец нелегално изградил објект кај „Дебело поле“
Views: 200 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 66-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.-Тој, без да добие соодветно правосилно градежно одобрение за градење, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, на катастарска парцела лоцирана во месноста „Дебело поле“ во близина на Охрид, бесправно изградил објект, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Денес се празнува Рождеството на Исус Христос – Божиќ
Views: 293 Денес православните верници го празнуваат Божиќ, големиот христијански празник посветен на раѓањето на Исус Христос. Божиќ претставува симбол на љубовта, мирот, надежта и новиот почеток.Празникот се одбележува по вчерашната Бадникова вечер, кога во домовите се собира семејството, се крши бадниковата погача и се испраќаат пораки за здравје и благосостојба. Утрото на Божиќ започнува со традиционалниот поздрав „Христос се роди“, на кој се одговара „Навистина се роди“.Во црквите низ земјава се служат свечени божикни литургии, а верниците со молитва и духовна радост го...
Нестабилно време во Охрид: дожд, силен ветер и снег на повисоките места
Views: 227 Променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).Денес во Охрид температурите ќе бидат од 7 до 12 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе...
Бадниковата литија го најави Христовото раѓање во Охрид
Views: 232 Традиционалната Бадникова литија која го најавува Христовото раѓање се одржа и денеска во Охрид и покрај дождливото време.Со своите коледарски песни, најмладите ја најавија радоста на големиот христијански празник и ја пренесоа празничната атмосфера низ охридските улици и Центарот за култура. И покрај дождливото време, литијата помина во духот на заедништво и верата.По традиција, коледарите со коледарски подароци ги даруваа градоначалникот Кирил Пецаков, советниците во Советот на Општина Охрид и пратениците од Македонското Собрание.-Детската...









