Автор: инфодеск
Post Views: 255 Денес во село Сливово во пресрет на чествување на големиот Христијански празник посветен на св.Илија и чествување на Востанието на македонскиот народ 2-ри Август 1903 – Илинденско востание, се одржа настан на формирање на илинденска коњаница која почнуваќи од село Сливово преку село Песочани и падините на планината Славеј ќе се упатат кон село Ташмаруништа.Дебрца има богата историја започнуваќи од Илинденско Востание се до формирање на партизански одреди како и донесување на одлуката за возобновување на Охридската архепископија како и Македонската...
Денес и утре на дел од просторот на комплексот „Св.Наум” Армијата ќе одржи тактичко-технички активности
Post Views: 182 Денеска (31.07.2024) од 11 до 14 часот и утре (01.08.2024) од 12 до 14 часот, на дел од просторот на комплексот „Св.Наум” во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај комплексот „Св.Наум”, ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и...
Чешка вечер со трио „Халир“
Post Views: 216 Традиционалната Чешка вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се одржува со поддршка на Чешката амбасада во Македонија, вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе донесе целовечерен концерт на триото „Халир“.Ова трио e оформено во 2016 година со цел да се одржи споменот на ликот и делото на Чешкиот виртуозен виолинист Карел Халир (1859-1909). По неочекуваната смрт на водечкиот чешки пијанист Вацлав Маха, триото „Халир“ го сочинуваат: Едуардо Гарсија Салас (шпански виолинист кој живее во Прага), словачката виолончелистка Јана Подолска и чешката...
8-мо издание на Drim Short Film Festival во Струга
Post Views: 292 Oд 8-ми до 11-ти август во Струга ќе се одржи осмото издание на Drim Short Film Festival.–Осмото издание на фестивалот ќе се одржи со идејата за „Бесконечна слобода“, за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат. Слободата е болест што не се лекува. А филмот е една бесконечност од светови, фантазии и имагинации, во кои слободата не завршува онаму каде што почнува слободата на другиот. Денес кога реалниот свет е посуров од филмската фикција, тогаш бесконечноста е нашиот придонес...
Денес сончево и топло
Post Views: 179 Сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се движат од 16 до 32 степени. UV индексот ќе биде 8.До петок ќе се задржи сончево и топло време. Во деновите од викендот наместа ќе има пороен дожд и грмежи, а локално и услови за појава на невреме. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Општина Охрид превзема конкретни чекори за градење отпорност кон ризици од катастрофи
Post Views: 256 На 9 јуни 2024 година, со поддршка на УНДРР (Канцеларијата на Обиденетите нации за намалување на ризици од катастрофи за Европа и Централна Азија) беше одржана наменска работилница за проценка на отпорноста на општина Охрид со цел да се согледа капацитетот и моменталните состојби на општината за исполнување на кретириумите и очекувањата од оваа Иницијатива.,,Да ги направиме градовите отпорни 2030” (Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) претставува иницијатива за подобрување на локалната отпорност преку активности и мерки за споделување на знаења и...
Второ издание на Ohrid Water Festival
Post Views: 239 Охрид се подготвува за Фестивалот на водени спортови, ќе се одржи второто издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival.Целта на фестивалот е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија. Во рамки на спортско-рекреативниот дел од програмата предвидена е организација на 20 спортски настани.Ќе има меѓународна едриличарска регата, пливачки митинг, Илинденска регата на кајак и кану, акватлон, подводна...
Превентивно-едукативна кампања на Езерската полиција и Црвениот крст за заштита од топлотен удар
Post Views: 280 Во рамките на кампањата „Безбедно лето”, вчера (29.07.2024) полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” и волонтери на Црвениот крст од Охрид во водите на Охридското езеро спроведоа превентивно-едукативна кампања за заштита од топлотен удар. Тим од полициски службеници и волонтери со полициски глисер реализираа патролни активности и остварија кратки средби со граѓаните кои со своите пловни објекти пловат по езерото. Притоа, низ разговори, полициските службеници и волонтерите, ги потсетуваа граѓаните како да се...
Се поставуваат воздушни завеси и мобилна клима во Музејот на вода
Post Views: 270 Согласно годишната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година, за изведување на работи и подобрување на функционалноста на објектите кои се под наша надлежност, а финансирана од сопствена сметка, се спроведе јавна набавка за „Набавка и монтажа на мобилна клима и воздушни завеси за греење и ладење во Музејски комплекс „Музеј на вода“ во локалитетот Градиште преку ЕСЈН (Одлука бр. 05-842/1 од 09.07.2024 година), со број на оглас 11421/2024“ на која како изведувач доби фирмата Друштво за производство градежништво трговија и...
Гласната музика сè уште нерешлив проблем на охриѓани
Post Views: 735 Нарушување на јавниот ред и мир од несовесни граѓани кои започнуваат со музика во раните утрински часови и која ги тероризира околните жители до доцна во ноќта. –Веќе четврти ден трае тортурата, вели револтирано нашата сограѓанка, чии гости од соседна Србија и ги испратиле видео снимките.Несфатливо е зошто години наназад нема решение за гласната музика во нашиот град која им пречи на охриѓани во извршување на секојдневните обврски. Несанкционирањето доведе до тоа да од година во година овој проблем ескалира, и гласната музика стана за жал, препознатлив...
Санкционирани 265 возачи на територијата на цела држава
Post Views: 261 Во текот на вчерашниот ден (29.07.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 265 возачи. Од нив 41 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 110 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.-Сообраќајните контроли продолжуваат и во...
Општина Охрид ќе го одбележи 2-ри август Денот на Републиката
Post Views: 289 Оваа година се навршуваат 121 година од Илинденското Востание и 80 години од првото заседание на АСНОМ. Со повеќе свечености, општина Охрид ќе го одбележи претстојниот празник 2-ри август – Денот на Републиката.Настаните ќе започнат четврток во 20.30 часот со обраќање на градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, а ќе се положи и цвеќе пред спомен-обележјето на Илинденците во село Велгошти. Свој настап ќе имаат учениците од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти, македонската виолинистка Сања Зјделар и танцовиот клуб „Соната“.Во петок во градскиот парк во...
