Автор: инфодеск
Views: 260 Православните христијански верници во земјава го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.На Бадник, уште од самото утро во секоја куќа се слуша гласот на децата коледари, кои со коледарските песни за здравје и бериќет го симболизираат гласот на ангелите за раѓањето на Исус Христос. Домаќините им даваат костени, ореви, јаболка, круши, за да го зачуваат овој убав обичај кој се пренесува од колено на коленоСемејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза....
УХМР: Променливо облачно со повремен локален дожд
Views: 239 Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.Од УХМР најавуваат дека утре ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта, кога во западните делови ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе бидат претежно од снег. Во западните делови се очекува да се формира нова снежна покривка. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот...
Официјално стартуваше пилот-проектот е-Фактура
Views: 233 Поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија треба да овозможи системот е-фактура, што почна да се имплементира во пилот фаза. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на прес-конференција рече станува збор за важна реформа што носи повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија и е сериозен чекор во борбата против сивата економија.Новиот електронски систем, посочи министерката, ќе ги замени традиционалните процеси поврзани со обемна употреба на хартија и физички документи.– Со тоа го намалуваме...
Доделена опрема за селекција на отпад на 18 општини во Пелагонија и Југозападниот регион
Views: 217 -Денеска испраќаме силна и недвосмислена порака дека чекориме напред, од систем кој со децении беше запоставуван, кон современо одржливо и европско управување со отпадот, истакна премиерот Христијан Мицкоски од Битола каде беше промовирана опрема за управување со отпад за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион.Според премиерот Мицкоски, со испораката на новата опрема за справување со цврстиот отпад се прави конкретен чекор кон почиста животна средина, повисок квалитет на живот и посилна заштита на здравјето на граѓаните.– Оваа опрема не е само техничко...
Возел 188 км/ч на патот Кичево–Охрид: Уапсен 29-годишник од Мешеишта
Views: 266 На 4 јануари 2026 година, во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 29-годишно лице од селото Мешеишта, Општина Дебарца, со престој во Германија.– При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило марка „Ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик –...
Воведени хистероскопски интервенции на Одделението за Гинекологија и акушерство во болницата во Охрид
Views: 289Од ЈЗУ Општа Болница Охрид информираат дека на Одделението за гинекологија и акушерство започна со употреба на нов, најсовремен хистероскопски апарат, а ваков тип на процедура е извршена за прв пат не само во Општина Охрид, туку и во околниот регион.Инаку, оваа значајна набавка претставува голем чекор напред во унапредувањето на гинеколошката здравствена грижа во нашата општина и регионот кој што го опслужуваме. Со оваа современа и софистицирана метода ќе се овозможи минимално инвазивна дијагностика и третман, побрзо и побезболно закрепнување, прецизност во откривање и...
Македонски автобус излетал од автопат во близина на Белград
Views: 249 Српските медиуми јавуваат дека автобус со македонски регистарски таблички синоќа целосно излетал од автопатот кај местото Добановци, во близина на Белград. Според објавите, засега нема официјални информации за состојбата на патниците и возачот на автобусот.–Автобус со македонски ознаки целосно излетал од автопатот кај Добановци, од правец на градот. Состојбата на патниците не е позната. Возач на друг автобус застанал за да помогне, се наведува во информацијата што ја пренесуваат медиумите.Несреќата се случува во услови на отежнат сообраќај низ Србија, каде што од...
Денес го славиме Свети Наум Охридски – Чудотворец
Views: 234 Прeп. Наум Oхридски Чудoтвoрeц. Учeник на св. Кирил и на св. Мeтoдиј и eдeн oд Пeттoчислeницитe кoи најрeвнoснo сoрабoтувалe сo тиe слoвeнски рамнoапoстoли. Св. Наум патувал вo Рим кадe штo сe прoславил сo чудoтвoрната сила какo и сo гoлeмата учeнoст. Бил пoзнавач на мнoгу јазици. Пo враќањeтo oд Рим тиe, сe насeлилe, сo пoмoш на царoт Бoрис Михаил, на брeгoвитe на Oхридскoтo Eзeрo. Св. Климeнт дeлувал какo eпискoп вo Oхрид, а св. Наум на јужниoт брeг на eзeрoтo oснoвал манастир, кoј и дeндeнeс гo украсува тoј брeг какo штo имeтo на св. Наум ја украсува истoријата на слoвeнскoтo...









