Автор: инфодеск
Views: 230 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 12 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека во текот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат над 20 l/m². До среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец. Во четврток и петок ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе услови пад на температурата.Фото: Ѓоко Симјаноски
Мадуро префрлен во притворскиот центар во Њујорк, утре ќе се појави пред федерален суд
Views: 211 Претседателот на Венецуела Николас Мадуро утре ќе се појави првпат пред федерален суд на Менхетен во Њујорк, најавуваат официјални лица во САД. Мадуро, заедно со неговата сопруга Силија Флорес се во притвор во затворски центар во Њујорк откако беше заробен за време на американски напад врз Венецуела во саботата. Тие беа однесени од главниот град Каракас во Метрополитен притворниот центар во Бруклин за да се соочат со обвиненија поврзани со трговија со дрога и оружје. Тој претходно негираше дека е водач на нарко-картел. Во обвинението се наведува дека Мадуро и неговите...
Утре бродовите „Александрија“ ќе пловат до манастирот Свети Наум по симболична цена
Views: 372 По повод празникот Св. Наум Охридски Чудотворец, зимски, во понеделник, 5 јануари, бродовите „Александрија ќе пловат до манастирот на светителот по симболична цена за поврарен билет од 250 денари, во двата правци.Тргнувањето за Св. Наум е од градското пристаниште во Охрид во 7:45 часот, а времето на враќање ќе биде соопштена во тек на пловидбата.Карти за бродовите „Александрија“ може да се купат на Градското пристаниште денес после 10 часот.
Променливо облачно со повремен локален дожд
Views: 178 Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.Минималните температури од 6, а максималните до 11 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските кои насекаде ќе бидатпозитивни
Светата великомаченичка Анастасија Узорешителница и другите со неа
Views: 181 Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим, во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господа Исуса, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко ѝ, стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести, никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот ѝ горчливо ја мачеше со затвор и глад. А уште поголеми маки ѝ наложи кога дозна дека таа тајно ги посетува христијанските маченици по затворите, им носи понадици,...
Денес ќе се одржи генералната проба за Бадниковата Поворка
Views: 204 Денес во 12 часот во Спортската сала на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид ќе се одржи генералната проба за овогодинешната Бадникова Поворка.-Пожелно е да присуствувате во што поголем број, за заеднички, во духот на Божиќната радост, да ја усогласиме и подготвиме Поворката како што доликува, за 6-ти јануари, кога ќе се одржи и самата Поворка, велат организаторите.
Светата маченичка Јулијана и шестотини и триесетте маченици со неа
Views: 225 Света маченичка Јулијана и шестотини и триесетте маченици со неа.Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но Елевсиј се потруди, па со ласкање и мито го...
Денес ќе имаме променливо облачно време
Views: 189 Променливо облачно. Во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.Во Охрид минималните температури од 1, а максималните до 9 степени Целзиусови.









