Skip to main content

Автор: инфодеск

Сообраќајна несреќа

Автомобил излетал во реката Радика кај Бигорскиот манастир

Views: 269 Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“. Пријавата за сообраќајната незгода ја примил дежурниот центар Е-112 Охрид.Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, возилото се движело со поголема брзина, изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката.За настанот веднаш биле известени полициските службеници од ПС Ростуше, кои излегле на лице место заедно со командирот на станицата. Интервенција вршат и екипи од Територијалната...

Продолжи со читање

Извршени две редовни и четири вонредни контроли на „Усје“, не се утврдени неправилности во работењето

Views: 245 И покрај честите реакции на јавноста за загадувањето, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека при контролите во Титан Цементарница Усје не се пронајдени прекршувања на прописите. Од таму информираат дека во текот на 2025 година се извршени 6 надзори кај овој правен субјект, од кои 2 редовни и 4 вонредни инспекциски надзори од различни државни инспектори (последните вонредни беа реализирани во текот на ноември со инспектор за животна средина од Градот Скопје 18.11.2025 во 22:00 дo 00:30 и во декември на 18.12.2025 со инспектор за животна средина од...

Продолжи со читање

Прекин вода

Прекин во водоснабдувањето на улиците ,,Асном“, „Кеј Македонија“ и ,,Партизанска”

Views: 229 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 13:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „Асном“, „Кеј Македонија“, и ,,Партизанска”.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Ќе се намалува бројот на јавните претпријатија во Охрид

Views: 289 Ќе се намалува бројот на јавните претпријатија во Охрид. Во 2011 година, поради политички интереси, бројот на јавните претпријатија од три порасна на седум. Од нив, едно – ЈП „Погребално” – згасна, но останаа неговите долгови, кои ги наследи ЈП „Градски гробишта”.Градоначалникот најавува операционализација и рационализација на трошоците на јавните претпријатија. Вели дека во тек е анализа за нивната финансиска стабилност, по што ќе следи намалување, односно спојување на дел од претпријатијата.„Ќе објавиме спојување, односно намалување на бројот на јавните...

Продолжи со читање

Свр охрид

Пијан возач од Скопје удрил во паркирани возила во Охрид

Views: 226 На 02.01.2026 во 04:20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 56-годишно лице од Скопје. Претходно, во 03:50 часот на ул.„Партизанска“ во Охрид, тој со патничко возило, кое го управувал, удрил во паркирани возила „ауди“ со скопски регистарски ознаки и „рено“ со косовски национални ознаки. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,88 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со...

Продолжи со читање

Надја е првото бебе родено во Струга оваа година

Views: 226 Градоначалникот Менди Ќира денес ја посети мајката Милица и првото бебе родено во Струга оваа година.–Надја се роди со тежина од 4.210 грама и во одлична здравствена состојба, заедно со нејзината мајка Милица, за која ова е трето дете. Овој радосен настан носи посебна симболика – нов почеток, надеж и радост за целото семејство, но и за нашата заедница, вели градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура.Градоначалникот им упати искрени честитки и желби за добро здравје, среќно и бериќетно детство на малата Надја, како и многу љубов и радости во семејниот дом. На...

Продолжи со читање

Дадена наредба за обдукција на двегодишното дете кое беше повредено од залутан куршум за време на новогодишната ноќ

Views: 243 Утрово на Скопска клиника почина 2-годишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ во Скопје, пренесува МИА. Според првичните информации било погодено од метален проектил, најверојатно заталкан куршум додека со својата мајка гледало огномет.Според досегашните сознанија од истрагата, детето било надвор со својата мајка, каде присуствувале на новогодишна прослава и огномет, кога било погодено од метален проектил, за кој се сомнева дека станува збор за залутан куршум. По инцидентот, детето веднаш било пренесено во болница, најпрво во Градската општа...

Продолжи со читање

Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Views: 191 Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18, 4). Тоа дете беше Игнатиј. Подоцна Игнатиј му беше ученик на свети Јован Богослов, заедно со Поликарп, епископот Смирненски. Беше...

Продолжи со читање