Автор: инфодеск
Post Views: 276 Денес, вторник, во 20 часот во големата сала на НУЦК Григор Прличев, доаѓа големата стенд ап турнеја на Марјан Георгиевски. Еден од првите стенд ап комичари во Македонија, конечно после цели петнаесет години прави ваков исчекор на задоволство на публиката.Насловот на турнејата е “За македонските работи”.“Ова е текст кој се бави со еден народ, со една земја, со еден менталитет, навики и обичаи. За Македонците во минатотот, сегашноста и иднината. Оваа турнеја е за сите нас кои што останавме овде, но и за оние кои заминаа. Ветувам едно поинакво сценско...
Климент Мостро повторно на врвот меѓу стрелците
Post Views: 292 Изминатиот викенд на стрелиштето во битолската касарна се одржа четвртиот Купво гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма, на кој учество зедоа 60-тина стрелци од клубовите во државата.И овај пат кај нашите стрелци во дисциплината возудушен пиштол – јуниори, најуспешен беше младиот Климент Мостро од ЖСК„ Лихнидос”, кој со резултат од 532 круга се пласира на првата позиција. Во истата дисциплина Иван Милевски од СК ,,Охрид’’ се пласира на втората позиција со резултат од 523 кругови. Никола Тодороски од СК...
Утрото студено, преку денот променливо облачно со студени периоди
Post Views: 155 Утрото студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд, велат од УХМР.Од утре до сабота под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува засилен до силен ветер (над 70 km/h). Поради продор на постудена воздушна маса од север во петок во текот на ноќта и во сабота врнежите од дожд ќе...
Директор на болницата во Кичево неовластено присвоил ехо апарат
Post Views: 246 ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 49 годишно лице од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата”. Тој, во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024, во својство на директор на ЈЗУ Општа болница Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо апарат M9 Mindray, кој му бил доверен во службата, како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денари. Пријавениот, ехо апаратот не го ставил во употреба во услови на Ковид пандемијата.
Бајден и дозволи на Украина да ја нападне Русија со американските ракети од долг дострел
Post Views: 240 Претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување, Џо Бајден ќе и дозволи на Украина да користи оружје обезбедено од САД за да нападне внатре во Русија, објавија различни медиуми, вклучувајќи ги Ројтерс, Асошиетед прес и Њујорк Тајмс. Тројца извори, запознаени со ова прашање, вклучително и двајца американски официјални лица, изјавија за Ројтерс во неделата дека Украина планира да изврши напади со долг дострел користејќи го оружјето во наредните денови.Во февруари 2025 година ќе се одбележи третата година од инвазијата на Москва на Украина, при што...
Околу 500 семејства во Охрид се борат со сиромаштија
Post Views: 173 Не се намалува бројот на сиромашни. Изминативе неколку години бројот на социјално загрозени семејства во Охрид е доста голем, се движи околу 500 семејства на кои им е неопходна помош. Најпогодени се многудетните семејства, заедници со болни и инвалидизирани лица и самохраните родители.Од 2000 до 2500 луѓе секојдневно се борат со глад, а голем е бројот и на оние кои имаат проблеми, но се срамат да побараат помош.„Опслужуваме голем број семејства, преку 500 во текот на годината кои имаат најразлични потреби, не се...
Утре ќе се одржи отворен ден со граѓаните и граѓанските организации во општина Дебрца
Post Views: 168 Тимот на проектот “ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” организира отворен ден со граѓаните и граѓанските организации во општина Дебрца утре, 19ти ноември 2024 година со почеток во 11:00 часот, во просториите на Општина Дебрца. Оваа средба, која што е дел од Мобилниот ресурсен центар, планирано е да трае околу 1 час.Целта на средбата е да се информираат локалните организации за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги нуди Граѓанскиот...
Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба
Post Views: 191 По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распишува:НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА Темата на Конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент ОхридскиПо овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);За ученици во средно образование (од прва до четврта...
Јавен оглас за поставување на рекламни паноа-билборди
Post Views: 186 Врз основа член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.05/02), член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл. гласник на општина Охрид“ бр. 8/07……..15/20), член 80 од Законот за градење („Сл.весник на РМ“ бр. 130/09……….111//23), со годишната Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Охрид за 2024 година („Сл.гласник на општина Охрид бр.03/24) а во врска со Одлуката за утврдување на почетна цена за поставување на рекламни паноа-билборди и информативни табли на канделабри („Сл.гласник на Општина Охрид” бр. 01/23), донесени...
Вечерва премиерно ќе се одржи претставата „Земја на штркови“ на Театар Провокација
Post Views: 207 Вечерва во НУЦК „Григор Прличев“ во 20 часот ќе се одржи премиерата на „Земја на штркови“ на Театар Провокација.Претставата „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината, поставувајќи ги прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето...
Македонија ги порази Фарски Острови со 1:0 и ќе има скок за најмалку две места на УЕФА Лигата на нации
Post Views: 248 Вчера, на национална арена „Тоше Проески“ во Скопје се одигра фудбалскиот натпревар меѓу селекциите на Северна Македонија и Фарски Острови. Македонија на домашен терен со резултат 1:0 ја совлада селекцијата на Фарски острови во натпревар од Групата 4 на Лигата Ц, што се игра во рамките на УЕФА Лигата на нации.Според пресметките, Македонија на новата листа, која ќе излезе откако ќе завршат сите мечеви во овој ноемвриски циклус, ќе има скок за најмалку две места. Македонија ќе ги прескокне европските Грузија и Финска, а може да биде и пред некоја друга...
Стабилно време со ниски утрински температури
Post Views: 207 Денес и утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Потоа во следните денови под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои на планините повремено ќе преминуваат во снег. Од среда до петок ќе дува засилен југоисточен и западен, а во сабота засилен северен ветер.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 1 до 12 степени Целзиусови.