Skip to main content

Автор: инфодеск

УХМР: Променливо облачно и студено со сончеви периоди

Views: 192 Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Попладне, претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините и на некои од повисоките места врнежи од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност од недела и во денови потоа времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.Во Охрид минималните температури од -7, а максималните до 5 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

(ВИДЕО) Новогодишна честитка од градоначалникот Кирил Пецаков

Views: 270 На последниот ден од годината, градоначалникот Кирил Пецаков ја испрати својата новогодишна честитки до граѓаните. Истата ја пренесуваме во целост.Драги сограѓани, мои пријатели,Во овие свечени и радосни моменти, кога ја испраќаме старата и ја пречекуваме Новата 2026 година, ми претставува особено задоволство да ви се обратам со искрени честитки и најубави желби.Најнапред, посакувам Новата година да донесе добро здравје, мир и семејна среќа во секој дом. Нека 2026 биде година на нови надежи, стабилност и лични успеси, година во која ќе преовладуваат човечноста и...

Продолжи со читање

Аеродром Охрид

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот Аеродром е легализиран!

Views: 217 -Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ по повеќе од 60 години конечно е впишан во катастар и доби имотен лист, со што официјално е завршен процесот на негово легализирање, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на последниот ден од 2025 година.Како што наведува Николоски, аеродромот кој функционира уште од 1970-тите години, досега немал регулиран имотно-правен статус, што претставувало долгогодишен проблем и пример за негрижа кон државниот капитал.Во текот на изминатата година, тимови од Министерството за транспорт, АД „Аеродроми“, ТАВ,...

Продолжи со читање

Умерено да се јаде и пие за празниците

Views: 224 Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави јавно-здравствени препораки за граѓаните, за време на новогодишните и божиќните празници, со цел да се намали ризикот од здравствени проблеми поврзани со празничните навики, како што се прејадување, прекумерна употреба на алкохол и несигурна употреба на пиротехника.„Празничните прослави често носат со себе доцни оброци и поголем внес на храна со висока енергетска вредност, што може негативно да влијае на метаболизмот и да предизвика дигестивни проблеми. ИЈЗ советува да се планираат оброците така што најголемите оброци се јадат 3–4...

Продолжи со читање

нови клупи и столчиња

Утре започнува зимскиот распуст, ќе трае до 20 јануари

Views: 290 За учениците во основните и средните училишта во Македонија започнува зимскиот распуст за учебната 2025-2026 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари, а учебната година ќе заврши традиционално на 10 јуни.Инаку, Министерката за образование и наука Весна Јаневска за 2026 година претходно најави покачување на платите на наставниците помеѓу 7,5 до 10% годишно во наредните три години, додека во четвртата година покачување ќе биде помеѓу 10 и 12%.

Продолжи со читање

„Охридска новогодишна приказна“: Целодневна забава и богата програма за дочек на Новата година

Views: 227 Во рамки на „Охридска новогодишна приказна“, програма што се реализира по повод дочекот на Новата година, денес на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе се одржат повеќе настани наменети за сите генерации.Програмата започнува во 12:30 часот со детската новогодишна театарска претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“, во изведба на Детското драмско студио „Ден и ноќ“, која ќе донесе празнична магија за најмладите.Во 14:00 часот следува концертот „Златни 80-ти“, во изведба на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“, под менторство на проф. Љупчо Аслимоски, кој ќе ги...

Продолжи со читање

83 години од првата изведба на нашата химна „Денес над Македонија“

Views: 259 Текстот на македонската химна е напишан од македонскиот автор Владо Малески во 1942 година, а за првпат била изведена во Струга.Постојат неколку верзии за „Денес над Македонија“.Според една од нив, првичната мелодија е под влијание на народната песна „Надежда болна легнала“, која настанала како адаптација на мелодија што потекнува од некој европски шлагер, за кој се верува дека е донесен на македонските простори за време на Првата светска војна. Според оваа верзија, Владо Малески ја научил песната „Надежда болна легнала“ од својата мајка. Според друго видување, кое е врз...

Продолжи со читање

Свеќи

Светиот маченик Севастијан и другите со него

Views: 192 Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во верата и ги охрабри за мачеништвото. Кога им велеше да не се плашат од смртта за Христа, неговото лице заблеска...

Продолжи со читање