Автор: инфодеск
Post Views: 43 Овој светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното владеење, Агарјаните имаа свиреп обичај за време на тридневното празнување на празникот Рамазан насилно да приведуваат во својата исламска вера некои од поробените христијани. Во страв и трепет пред нивниот незадржлив гнев, незаштитените и угнетени христијани се сокриваа кој како умееше и можеше. Раката на друговерните гонители пак, секогаш успеваше да дофати по некоја жртва и да изврши зло. Мнозина од уловените христијани...
Сончево и релативно топло
Post Views: 47 Сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Денес во Охрид температурите во интервал од 0 до 15 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека за време на викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Радосна вест од ЗОО Скопје: Се роди бебе Хамболт пингвин
Post Views: 52 Од Зоолошката градина од Скопје информираат дека по 42 дена трпеливо чекање добија ново бебе пингвин од загрозениот вид Хамболт пингвини.-Таткото Џонатан ја презеде главната улога, внимателно го инкубираше јајцето и постојано го штитеше гнездото, додека Лила повеќе време поминуваше во базен, велат од ЗОО Скопје.Од таму додаваат и дека оваа поделба на грижа е природна за видот и е клучна за успешно изведување на младенчињата.Инаку, Хамболт пингвините се загрозен вид во дивината, па секое успешно изведено младенче има големо конзервациско значење, а со...
Уставен суд одлучи: „Сејф сити“ останува во функција
Post Views: 41 Уставниот суд пресече дека системот „Сејф сити“ останува во функција, откако ги отфрли иницијативите со кои се оспоруваа одредени делови од законските измени што овозможуваат електронски надзор во сообраќајот. Со оваа одлука, проектот „Безбеден град“, кој користи камери и автоматски системи за евидентирање сообраќајни прекршоци, продолжува да се применува во градовите каде што веќе е воведен.Иницијативите до Судот беа поднесени од повеќе подносители, меѓу кои и политичари и правни експерти, кои тврдеа дека одредени одредби од Законот за прекршоци се спорни....
По 18 години повторно се оперираат крајници во Општа болница Охрид
Post Views: 63 По пауза од 18 години, во Општата болница во Охрид повторно се изведуваат операции на крајници.Пациентите од Охрид и од целиот Југозападен регион, кои со години беа принудени да патуваат во други градови поради долгите листи на чекање, отсега оваа интервенција ќе можат да ја направат и на Одделението за уво, нос и грло во Охрид.Денес во болницата беше изведена и првата ваква операција, под менторство на искусни хирурзи од Скопје.„Точно пред 18 години беше направена последната операција на крајници, која претставува еден од основните оперативни...
Охриѓанец физички ги нападнал сопругата и нивното малолетно дете
Post Views: 50 На 10.03.2026 во 23:15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44 годишен маж од Охрид по претходна пријава дека, во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од 17 март нов директен лет Охрид – Братислава
Post Views: 53 Од 17 март Македонија и Словачка ќе се поврзат со нов директен лет меѓу Охрид и Братислава.Ќе ја одржува авиокомпанијата WizzAir, а ќе се лета три пати неделно.Отворањето на директната авио-линија е уште еден чекор напред кон зајакнување на контактите меѓу двете држави без разлика дали се во областа на туризмот, бизнисот или меѓучовечките односи, велат од амбасадата на Словачка во земјава.-Директната авио-линија отвора нови можности за туристите од Македонија кои ќе имаат можност да ја посетат Братислава и Словачка, да ги запознаат нејзините историски...
Собрани се средства за почеток на лекувањето на малата Ева, потребни се уште 45.000 евра за операција
Post Views: 56 Потребната сума за почетокот на лекувањето во висина од 208 000 евра се собрани од приватни средства на семејството и вашите донации, и лекувањето може да започне!– објавија од семејството на Ева.Остануваат уште 45 000 евра кои ќе бидат потребни за операција по два месеци. За таа цел, и понатаму ќе останат отворени двете телефонски линии, 143-126 на мрежата на Telekom и 143-504, преку мрежата на А1 и сметката за донации и кампањата преку платформата ecrowd.mk.Семејството на Ева упати благодарност до сите хумани граѓани за сета грижа, љубов и...
Граѓаните да внимаваат на лажни SMS пораки со известување за казна од Безбеден град
Post Views: 55 Во СВР Охрид пристигнуваат пријави од граѓани за добиени СМС пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување за безбеден град дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за сообраќаен прекршок, информира портпаролот на секторот, Стефан Димоски.-Притоа, се даваат насоки на која електронска адреса можело да се видат деталите за наводниот прекршок и се повикуваат граѓаните, ако ја плателе казната во рок од осум дена, истата ќе била намалена за 50 проценти. СВР Охрид, ги известува граѓаните...
Ретки бубрежни заболувања: Фамилна хипомагнеземија, хиперкалциурија и нефрокалциноза
Post Views: 35 Март е месец посветен на подигнување на свеста за здравјето на бубрезите, а оваа година на 12-ти март ќе се одбележи јубилејниот, 20-ти по ред Светски ден на бубрегот. Ретките болести на бубрезите се исклучително комплексни, често тешко се дијагностицираат и бараат специфичен, доживотен третман.Фамилна хипомагнеземија, хиперкалциурија и нефрокалциноза/Familial hypomagnesemiа, hypercalciuria and nephrocalcinosis MKБ: E 83.4Преваленца/распространетост: 1/1.000.000Фамилна хипомагнеземија, ниско ниво на магнезиум во крвта, која е проследена со...
Проекција на драмскиот филм „Уште една игра“ во рамки на иницијативата Кино „Четврток”
Post Views: 56 Во рамките на иницијативата Кино „Четврток”, на 12 март 2026 година во Охрид ќе се одржи премиерната проекција на драмскиот филм Уште една игра.Филмот ја следи приказната за Мартин, 16-годишно момче од Чучер-Сандево кое сонува да стане професионален гејмер. Кога неговиот најдобар пријател Димитар добива можност да се пријави на селекција за една од најдобрите eSports екипи во Европа, Мартин ја гледа шансата да го направи својот прв чекор кон сонот. Приказната отвора прашања за пријателството, амбицијата и предизвиците со кои се...
Парите се отепувачка во петок на репертоарот на Народен театар Охрид
Post Views: 52 “ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА” од Ристо Крле повторно на репертоарот на Народен театар Охрид во петок (13.03.2026 година), почеток 20.00 часот.Охридскиот народен театар ги поставува вечните прашања вткаени во неповторливиот текст на Ристо Крле „Парите се отепувачка“ Актерскиот ансамбл под режија на Андреј Цветановски ја оживува на сцена приказната за таткото и мајката, кои за грст златници, си го убиваат сопствениот син, создавајќи при тоа една своевидна античка трагедија на македонски начин, исполнета со емоции.Адаптација и режија : Андреј...