Автор: инфодеск
Post Views: 100 Сојузот на синдикатите на Македонија денес поднесе законска иницијатива со која предлага функционерските плати да се намалат за 80 отсто, преку промена на начинот на нивна пресметка и намалување на постојните коефициенти. Според предлогот, основицата за пресметување на платите на пратениците и другите избрани и именувани лица треба да биде минималната плата во државата, според податоците на Државниот завод за статистика. Дополнително, коефициентите утврдени во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците и функционерите се предлага да се намалат за 40...
Општина Дебрца со финансиска поддршка за младите кои стапуваат во брак и за новороденчиња
Post Views: 89 Општина Дебрца ќе доделува директна финансиска помош за жителите по повеќе основи пред се за младите за склучување брак и за новороденче, за помош при штети од пожари и поплави, за лекување и за жители на општината во социјален ризик.Како Општина, јасно и одговорно стоиме зад семејствата, младите и секој наш сограѓанин на кого му е потребна поддршка. Затоа воведуваме конкретни мерки со директна финансиска помош, објави градоначалникот Златко Сиљаноски.Па така Општината ќе доделува согласно можностите:100.000 денари за трето и секое наредно...
Светски ден на борба против ракот
Post Views: 96 По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува ризик фактор за малигни заболувања, а посебно за рак на бели дробови.Според податоците на Институтот за јавно здравје водечка причина за смрт во државава во 2023 и 2024 година се малигните неоплазми на бронхиите и белите дробови.-Употребата на тутун е водечка причина за рак кој може да се спречи. Статистичките податоци покажуваат дека вкупниот број на починати лица од малигни неоплазми на бронхии и бели дробови во...
Одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев
Post Views: 107 Денес се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.Централното чествување по повод раѓањето на Делчев, традиционално се одржа во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе положија премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, делегација од Град Скопје, како и делегации на други институции, на партии, граѓански здруженија.-Неговата борба за независна македонска држава, за држава во срцето на...
Ги запознаваме ретките болести: Шварц–Џампелов синдром
Post Views: 82 ШВАРЦ–ЏАМПЕЛОВ СИНДРОМ/ХОНДРОДИСТРОФИЧНА МИОТОНИЈА/ SCHWARTZ–JAMPEL SYNDROME (SJS)/CHONDRODYSTROPHIC MYOTONIAMKБ-10 Q78.8, G71.1ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај помалку од 1/100 000 население (во литературата до денес се опишани 130 случаи).ВОВЕДШварц–Џампеловиот синдром (SJS) или хондродистрофична миотонија е ретка генетска болест предизвикана од мутација на генот на перлекан (HSPG2), што предизвикува остеохондродисплазија поврзана со миотонија. Тоа е генетски условен синдром кој ги вклучува мускулите и нервниот систем, и кој води до значителни физички...
Света Заупокоена Литургија на Плаошник во спомен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј
Post Views: 98 Денес, во манастирот Св. Климент и Пантелејмон на Плаошник беше отслужена Света Заупокоена Литургија по повод празникот Светиот апостол Тимотеј.-По Литургијата Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј отслужи трисагија на гробот на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, информираат од Дебарско-кичевската епархија.
Во петок ЈП „Охридски комуналец“ ќе го подига отпадот од кантите за селекција
Post Views: 110 ЈП Охридски комуналец ќе врши подигнување на селектиран отпад од кантите за селекција на ден 06.02.2026 год.(петок).-Согласно Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 06.02.2026 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција, информираа од јавното...
Светиот апостол Тимотеј
Post Views: 80 Еден од седумдесетмината апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му ги пофалува светиот апостол Павле за нивната нелицемерна вера (2Тим. 1, 4-5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден куцоног од раѓање. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен, Тимотеј многу придонесе за распростирањето на христијанската вера. Павле го...
УХМР: Следува период на променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Post Views: 68 Од УХМР информираат дека од денес следува период на променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег.Во Охрид минималните температури од 3, а максималните до 10 степени Целзиусови.
Во вторник роденденска „Импровокација“
Post Views: 141 Култното шоу „Импровокација“ наредниот вторник слави 10 години.-Во вторник, 10-ти февруари 2026 година, Ве каниме на јубилејно роденденско издание заедно да го прославиме нашиот 10–ти роденден на нашата матична сцена во Народен Театар Охрид, велат организаторите.Шоуто започнува во 20 часот, а карти може да се резервираат на телефонскиот број 075283066.
Филмот „Приказната за Силјан“ премиерно во Охрид на 11 февруари
Post Views: 142 Приказната за Силјан е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Откупен е од страна на National Geographic, а премиерно во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид ќе биде прикажан во среда 11.02.2026 година, со почеток во 20.00 часот.Во филмот се говори за земјоделецот Николa кој притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со...
ЈП „Градски пазар“ – Охрид издава под закуп деловен простор
Post Views: 100 ЈП Градски пазар – Охрид издава под закуп објекти-деловен простор за времетрање од две години од денот на потпишувањето на договорот во закуп со најповолниот понудувач согласно Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во Општинска сопственост.Право на учество на огласот имаат сите заинтересирани домашни физички и правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во објавениот оглас.Целиот оглас прочитајте го ТУКА.Објавата почнува од 04.02.2026 до 20.02.2026 година. Понудите се доставуваат најдоцна до...