Skip to main content

Автор: инфодеск

Претставата “Оркестар Титаник” на репертоарот на Народен Театар Охрид во петок

Views: 277 Претставата “Оркестар Титаник” од авторот Христо Бојчев, а во режија на Андреј Цветановски, на репертоарот на Народен Театар Охрид во петок, 09.10.2026 година, почеток 20.00 часот, цена на карта 300 денари.Актери кои играат во претставата се: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Верица Недеска, Филип Кипровски и Томе Станковски. Костимите и сценографијата се на Сергеј Светозарев, а музиката на Димитар Андоновски.За претставата  режисерот Цветановски ќе рече: “Надежта е основна категорија на човековото постоење. Она што не издвојува и на прави...

Продолжи со читање

Полицијата со засилени контроли за користење мобилни телефони во сообраќајот

Views: 170 Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road”, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот.Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека...

Продолжи со читање

Во петок промоција на второто издание на „Ќерката на поетот” од Тоде Илиевски

Views: 117 Во петок ќе биде промовирано второто издание на „Ќерката на поетот” од Тоде Илиевски.Промоцијата ќе се одржи на 9.10., петок, во 10:00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид, како дел од Литературната манифестација во чест на Тоде Илиевски, поддржана од општина Охрид.

Продолжи со читање

A cup of herbal tea with medications suggests natural cold remedies for healing.

Како да се заштитиме од есенските вируси? Практични совети за превенција

Views: 146Со доаѓањето на есента, почестите престои во затворени простории и пониските температури создаваат услови за полесно ширење на вирусните инфекции. Настинките, грипот и другите респираторни вируси се почести во овој период, а особено изложени се децата, повозрасните и лицата со ослабен имунитет.За да го намалиме ризикот од инфекција, важна е секојдневната превенција. Редовното миење на рацете со сапун и вода, особено по доаѓање дома, пред јадење и по контакт со површини во јавен простор, е една од наједноставните мерки.Важно е и редовното проветрување на...

Продолжи со читање

Охридско Езеро

Стратегија за развој на туризмот на Општина Охрид, плански период (2026 – 2030)

Views: 110 Општина Охрид донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ „Стратегија за развој на туризмот на Општина Охрид“ за периодот 2026–2030 година.Како засегнати институции и организации од спроведувањето на Стратегијата се определени Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт, Министерството за економија и труд, Министерството за култура и туризам, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, ЈУ Национален парк „Галичица“, ХОТАМ и Општина Охрид.Стратегијата за развој на туризмот за периодот 2026–2030...

Продолжи со читање

Свр охрид

Денес од 14:00 до 17:00 часот полициската линијата 112 ќе се пренасочува на други броеви

Views: 148 Од СВР Охрид ги известуваат граѓаните дека на подрачјето што го покрива, денес, 6 октомври 2026 година, во периодот од 14:00 до 17:00 часот, поради изведување на системски работни ангажмани, ќе биде извршено тричасовно пренасочување на телефонската линија 112.-Во наведениот период, повиците кон бројот 112 ќе бидат пренасочени кон следните телефонски броеви: 072/911-712, 072/339-111 и 046/219111, информираат од СВР Охрид.Воедно ги замолуваат граѓаните, во наведениот период за итни случаи, да ги користат овие телефонски броеви. 

Продолжи со читање

Зачатие на честниот, славен Пророк, Претечи и Крстител Господов Јован

Views: 95 На овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на светиот Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, кои целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената утроба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господа Исуса Христа. Преку Своите ангели, Бог го објави раѓањето на Исаак од бездетната Сара и на Сампсон од бездетниот Маној и неговата жена, и...

Продолжи со читање

Денес сончево и релативно топло

Views: 141 Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.Во Охрид денес температурите од 6 до 22 степени.Од УХМР информираат дека до четврток ќе се задржи сончево и релативно топловреме. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни, особено во западните делови. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Во недела ветерот ќе ги смени правецот во северен.

Продолжи со читање