Skip to main content

Автор: инфодеск

Вечерва нова „Импровокација“

Post Views: 243 Вечерва, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ охриѓани ќе можат да уживаат во театарската импровизација „Импровокација“.

Продолжи со читање

Неколкучасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците „Богомилска“ и дел од „Даме Груев“ и „Бул.Туристичка“

Post Views: 171 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:30 часот ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците: „Богомилска“ и дел од „Даме Груев“ и „Бул.Туристичка“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Трипуновски: Охридско езеро се става во функција, со што се заштитува и рибниот фонд

Post Views: 186 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со риболовните здруженија и риболовците од Охрид и Стругај. Целта е запознавање на риболовците со новата риболовна основа која што ја донесе владата.„Новата риболовна основа предвидува седум риболовни зони за комерцијален излов на риба и една рекреативна зона на ниво на цело Охридско езеро“, појасни министерот Трипуновски.Тој додаде дека ова е уште едно во низата на исполнети ветувања кои што ги има дадено во предизборниот период.Министерот посочи дека целото...

Продолжи со читање

Патот Охрид – Ресен преку НП Галичица е затворен за сообраќај

Post Views: 203 Од вчера патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица како што соопшти ЈП Македонија пат  е затворен за сообраќај за сите видови на возила.Вчера, 15 ноември стапи на сила и законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2025 година, потсетуваат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ)

Продолжи со читање

ЈП „Охридски Комуналец“ започна со подготовките за брза интервенција во зимски услови

Post Views: 184 Оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со подготовките за брза интервенција во зимски услови.– На повеќе пунктови во У.З. „Стар Град” депонирани се вреќи со сол и ризла. Овој дел од градот е од највисока категорија по приоритет за интервенција заради специфичноста на теренот, тесни и стрмни улици и сокачиња. На овој начин, во услови на снег и голомразица, ќе се овозможи непречено движење на граѓаните и возилата во стариот дел од градот, велат од јавното претпријатие.Додаваат дека со подготвителни активности за интервенција...

Продолжи со читање

Конкурс за упис на студенти на втор циклус студии на УИНТ Св. Апостол Павле

Post Views: 269 Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ од Охрид го објави конкурсот за упис на студенти на втор циклус студии за академската 2024/2025 година.-УНИТ Охрид нуди уникатна можност за специјализација и усовршување во неколку стратешки насоки, вклучувајќи информатички науки, мрежна безбедност, роботика, и дигитална бизнис аналитика. Придружете се на едно од водечките образовни институции во Македонија и остварете ги вашите академски и професионални цели, посочуваат од универзитетот.Од универзитетот информираат дека...

Продолжи со читање

„Биди подготвен за безбедно патување во зима”, превентивна активност на СВР Охрид

Post Views: 209 СВР Охрид, преку Отсекот за превенција, денеска (15.11.2024) ја реализира превентивната сообраќајна кампања „Биди подготвен за безбедно патување во зима”.Полициски службеници на неколку локации низ Охрид, во непосредна комуникација со возачите на моторни возила, ги потсетуваа за потребата од почитување на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата, која започнува од денеска и ќе трае до 15 март идната година, како и за потребата од строго придржување до останатите одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата,...

Продолжи со читање

Средношколци од Битола учествуваа во симулација на евакуација во случај на земјотрес

Post Views: 213 Учениците и наставниците од СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито” од Битола, денеска во просториите на училиштето имаа обука за тоа како да постапат во случај на земјотрес.Експертите од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) одржаа предавање со симулација на евакуација во случај на земјотрес, со цел средношколците да научат како да се заштитат себеси во првите моменти во случај на земјотрес.Иако, теоретски за земјотресите учат на часовите по физика и географија, на учениците им се потребни и практични вештини за...

Продолжи со читање

Валон Каба е избран за директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион

Post Views: 358На 13-та седница на Советот за развој на ЈЗПР, досегашниот в.д.Директор на Центарот за развој г.Валон Каба, е избран за Директор на оваа институција за следните 4 години.Валон Каба во оваа позиција доаѓа од позицијата в.д.директор, која ја вршење последните 6 месеци, додека пак во самата институција има 15 годишно работно искуство како регионален координатор, се вели во соопштението на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Продолжи со читање

СВР Охрид: Кај Ново село возило излетало до патот, во Велешта одземено просторно нежигосано огревно дрво

Post Views: 187 На 14.11.2024 во 07.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај девијацијата за село Ново село, општина Дебрца, патничко возило „сеат” со кичевски регистарски ознаки, управувано од 54 годишно лице од Кичево, излетало од патот. Притоа, сопатничката 72 годишно лице од Кичево се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.На 14.11.2024 во 09.30 часот, при контрола на регионалниот пат Струга – Дебар, полициски службеници од полициското одделение...

Продолжи со читање

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Летонија

Post Views: 253 Во претпоследниот петти натпревар од Лигата на нации, фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Летонија со 1:0.Со оваа победа избраниците на селекторот Благоја Милевски го потврдија првото место во групата што значи промоција во Б лигата од ова натпреварување, а воедно и ги задржаа шансите за евентуален пласман во баражот за настап на Светскиот шампионат.Дуелот против Летонија беше решен во 57. минута, а стрелец на погодокот беше Никола Серафимов.Во последното коло од ова групата во Лигата на нации, Македонија во недела ќе ја пречека...

Продолжи со читање

Започнува Фестивал на волонтерски АКТ во Касарна Охрид

Post Views: 168 На 15ти – 16 ти – 17 ти НОЕМВРИ од 11 – 15 часот, на локација кај втората зграда пеперутка во поранешната Касарна во Охрид ќе се одржува Фестивал на волонтерски АКТ во реализација на колектив АРХРИД.-После нeколку точки на препреки и адаптации конечно неколку инцијативи преминаа во проект, а до јавноста проектот го доближуваме со концепт на фестивал периодична културна приредба, смотра на уметноста според ДРМЈ со идеја дека периодичноста ќе се повтори и ќе прерасе во декадна историја. Три дена – 9 чина драма на волонтерски дух, ќе се...

Продолжи со читање