Автор: инфодеск
Views: 238 Од НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид информираат дека пултот за зајмување книги во среда на 31 декември ќе биде отворен од 8:30 до 13:00 часот.Од Библиотеката додаваат дека петок на 2 јануари продолжуваат со стандардното работно време од 8:30 до 18:30 часот.
Пророк Даниил и трите младенци: Ананиј, Азариј и Мисаил
Views: 217 ите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Јерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото Писмо. Сиот предаден на Бога, светиот Даниил од раната младост од Бога доби дар на голема прозорливост. Неговата слава меѓу Јудејците во Вавилон започна кога ги изобличи двајцата похотливи и неправедни старци, еврејски судии, и ја спаси од...
Сончево и студено, кон крајот на денот можен слаб снег
Views: 208 Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Денес минималните температури во Охрид од -4, максималните до 3 степени Целзиусови.Од УХМР во нивното соопштение додаваат дека во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен...
Од полноќ бензините и дизелот поскапуваат за половина денар
Views: 185 Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22 декември.Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,042 денари/килограм и сега ќе изнесува 33,649...
Во пораст злоупотребени деца-питачи во туристичките центри
Views: 232 Загрижувачка е состојбата со децата-питачи во туристичките центри во земјава. Во Охрид, не само во летната сезона, туку и за време на новогодишните празници, организирано се носат социјално ранливи деца од други градови. Злоупотребувачите од само едно дете на улица заработуваат од три до шест илјади денари на ден. Од здружението „Градиме иднина“ ги повикуваат граѓаните да не им даваат пари.-Најчесто, за жал, тоа е ромската заедница, од социјално најранливите категории, приматели на социјална помош. Истражувањата покажуваат дека 18.500 деца не посетуваат училиште или детска...
Со 104 км/ч наместо дозволени 50: Приведен 41-годишен возач во струшко
Views: 257 На 28.12.2025 во 13:33 часот на магистрален пат во селото Мислешево, струшко, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 41-годишен возач од селото Ливада, струшко. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 104 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.
Започна празничната еуфорија во Охрид
Views: 203 Започна празничната еуфорија. Овој викенд во Охрид забележително е присуство на голем број туристи од Грција, Бугарија и Србија. Гостите кои Новата 2026 година ќе ја дочекаат на брегот нна Охридското Езеро пристигнуваат во среда, а најголемиот дел од нив користат тридневни аранжмани, додека дел од туристите ќе останат до недела.Експертите велат и покрај зголемената посетеност, престојот е релативно краток.„Во однос на празниците што следуваат по Нова година – Божиќ, Водици и Православната Нова година, не се очекува голем број туристи,...
„Интерокеански воз“ излета од шините во Мексико
Views: 219 Најмалку 13 лица ги загубија животите во железничка несреќа на југот на Мексико, а речиси 100 други се повредени во несреќата во сојузнaтa држава Оахака, соопшти морнарицата на латиноамериканската земја. Морнарицата наведе дека возот, составен од четири вагони и две локомотиви, превезувал 241 патник и девет членови на персоналот кога излетал од шините во близина на градот Низканда.Меѓуокеанската железничка врска беше отворена пред две години со цел да да се поттикне економијата на регионот, иницијатива предводена од поранешниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор....









