Skip to main content

Автор: инфодеск

Се координираат надлежните од општините Охрид и Дебрца за зимско одржување на патиштата

Post Views: 170 Во врска со престојната зимска сезона 2024/2025 година, СВР Охрид вчера (12.11.2024 година), одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работат на изградба на автопатот Охрид-Кичево.Целта на состанокот е координација  и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови, информираа портпаролот на СВР Охрид,...

Продолжи со читање

Расте бројот на заболени од дијабет

Post Views: 227 Расте бројот на дијабетичари и во охридскиот регион, а се намалува старосната граница. Според проценките  повеќе од  5000 луѓе од Охрид се лица заболени од дијабет, а Здружението на дијабетичари во Охрид засега брои 60 тина регистрирани членови. Меѓународниот ден за борба против дијабетот го одбележаа со едукативна работилница на тема „Донирај здравје” каде беа делени практични совети за граѓаните. Од Здружението велат треба да расте свеста, дијабетот е тивок убиец,  не е ништо срамно и не терба да се крие.„Се поголем е...

Продолжи со читање

Ангелов: Оваа зима снегот нема да нè изненадени

Post Views: 216 Државата е подготвена за претстојната зимска сезона, за врнежите од снег, истакна денеска на прес конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Ваквиот заклучок доаѓа по одржаниот координативен состанок со повеќе државни институции на кој биле разгледани капацитетите за одржување на патиштата и подготвеноста за благовремено пружање на помош на граѓани во зимски услови.„Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени, бидејќи капацитетите на ЈП за државни патишта, како и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се целосно...

Продолжи со читање

Во понеделник премиерно ќе се одржи претставата „Земја на штркови“ на Театар Провокација

Post Views: 262 Претставата „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината, поставувајќи ги прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето е доживотна болка и непополнета празнина која останува цел живот? Дали овие крици од сцената се последните обиди да нѐ...

Продолжи со читање

Ј.П.,,Охридски Комуналец” ќе пристапи кон тужење за сите неплатени сметки

Post Views: 242 Ј.П.,,Охридски Комуналец” ги известува сите физички и правни лица на територијата на Општина Охрид кои ги користат услугите на јавното претпријатие дека во периодот кој следи, заклучно до 31.12.2024 година ќе пристапи кон тужење за сите фактурирани, а неплатени сметки.-Со таа цел ги повикуваме сите физички и правни лица кои ги користат услугите на јавното претпријатие да пристапат кон доброволна исплата на долгот кои го имаат спрема Ј.П.,,Охридски Комуналец”, за истите да не бидат изложени на дополнителни трошоци кои ќе настанат по повод поднесените тужби, се...

Продолжи со читање

Спречен шверц на пратка со пиротехнички средства

Post Views: 239 Вчера околу 16.40 часот, полициски службеници од ПС за ГН при Граничниот премин Јажинце, на овој граничен премин, при влез во РСМ спречија шверц на пратка со пиротехнички средства (огномети, петарди, ракети и слично).Имено, при проверка на патничко моторно возило „тигуан” со тетовски регистарски таблички, управувано од тетовчанец во багажниот простор биле пронајдени повеќе пакети во кои имало 3312 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од СВР.Фото:...

Продолжи со читање

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф

Post Views: 242 Изминатиов викенд во соседна Албанија се одржа ревијален Таеквондо ИТФ натпревар “КОРЧА ОПЕН 2024 “. М.Т.Т.Ф предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски беше претставувана од десет натпреварувачи.„Можеме слободно да се гордееме на нашите натпреварувачи иако исцрпени од претходни натпреварувања и училишни обврски сепак докажаа дека вреди да се вложува во нив, кои повотрно го дадоја својот максимум и не израдуваа со долични успеси. Натпреварот беше ревијален, но отидовме да ги провериме нашите натпреварувачи во каква форма се, бидејќи ни претсојат...

Продолжи со читање

18 годишен охриѓанец загина, а 16-годишен сопатник е тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Елешец

Post Views: 238 На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат  Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец”, патнички автомобил „пежо” со охридски регистарски таблици, управуван од 18 годишно лице од Охрид, излетал од патот.Возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош,  додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо” каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи. По наредба на јавен...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи детската претстава “Здраво Детство”

Post Views: 240 Денес во 18 часот, Народен Театар Охрид и Театар Патувалка ќе ја претстават претставата “Здраво Детство” – интерактивна претстава за деца, што ги забавува и учи за другарството, здравата исхрана и грижата за домашните миленици. Преку забавни игри, песни и интерактивни моменти, децата ќе имаат можност да учат и да се забавуваат со различните аспекти на приказната.Претстава е за дечиња со возраст од 3 до 6 години.Во претставата играат Филип Кипровски, Дарко Богески, Јана Пауноска и БалтазарКартите по цена од 150 денари се веќе во продажба. Билетарата...

Продолжи со читање

Во Охрид се одбележува меѓународниот ден на лицата со дијабет

Post Views: 245 По повод меѓународниот ден на лицата со дијабет од Охрид, Здружението на лица со дијабет, денес и утре организира низа активности.Денес, едукативна работилница на тема „Здравје“ ќе биде одржана во хотелот Ројал Вју, а презентација за Вовед во правилна исхрана ќе одржат и Дино Николиќ и Ивана Илиевска. Свои презентации ќе одржат и од „Пирустија Неданоски“ и Сања Бачевски – Sanja’s Microgreens.Утре на плоштадот Крушевска Република ќе се одржи мерење на на шеќер во крвта на случајни минувачи, а во хотелот Милениум Палас ќе се одржи предавање на...

Продолжи со читање

УХМР: До петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи

Post Views: 177 Облачно, по котлините претпладне ќе биде магливо, а претежно во југоисточните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Нови врнежи ќе започнат преку ноќта, велаат од УХМР.До петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи со променлив интензитет. Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), а поради продор на постудена воздушна маса од север во четврток и петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до...

Продолжи со читање

Соопштение за организирање повторен јавна анкета за ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.1 – опфат 2, општина Охрид, плански период 2019-2029

Post Views: 131 СЕ СООПШТУВА организирање на повторена јавна анкета и јавна презентација за Предлог ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.1 – опфат 2, општина Охрид, плански период 2019-2029 со тех. бр. 106/ 018 од октомври 2024 год. изработен Институт за урбанизам, ДООЕЛ – Скопје.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање