Автор: инфодеск
Views: 215 Продолжуваат настаните од Новогодишната програма што ја организира Општина Охрид од проектот „Охридска новогодишна приказна“.Денес од 12:30 часот ќе биде одиграна детска новогодишна театарска престава: „Заспаниот Снешко Белчо“ во изведба на „Весел Театар“, на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“. Во 19:00 часот е новогодишното комично шоу „Солзи и смеа“ на Балада Продукција, исто така на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.
Светата царица Теофанија
Views: 193 Од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и ѝ се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Задоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели. Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ѝ претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот татко, лековерниот цар Василиј ги затвори синот и...
Студено утро, сончев ден – температури под нулата и во наредните денови
Views: 233 Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид минималните температури од -5, а максималните до 7 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Почина Брижит Бардо: Икона на францускиот филм, пејачка и секс симбол на 60-тите
Views: 239 Брижит Бардо, француската актерка и пејачка, која стана меѓународен секс симбол во 1960-тите, почина на 91-годишна возраст во нејзиниот дом во Јужна Франција по боледување и операција за сериозна здравствена состојба, но официјално не е објавена конкретна причина за нејзината смрт.Бардо стекна меѓународна слава со филмот „И Бог ја создаде жената“ од 1956 година, напишан и режиран од нејзиниот тогашен сопруг Роџер Вадим. Филмот ја претвори во меѓународна икона, која многу уметници ја нарекоа најслободната жена во Франција. На почетокот на 60-тите, Бардо прифати низа...
„Јас сонувам, јас творам, јас водам љубов на двата јазика”: Музичка вечер посветена на Зафир Хаџиманов на годишнината на КИЦ Белград
Views: 230 Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград се одржа музичка вечер посветена на Зафир Хаџиманов. Настанот го отвори директорот на КИЦ во Белград, Васко Шутаров, кој се осврна на културата на сеќавање кон големиот бард на културата Зафир Хаџиманов, за огромното културно наследство што го остави како на македонската, така и на српската култура.– „Јас сонувам, јас творам, јас водам љубов на двата јазика”, знаеше често да каже Зафир, во неговите интервјуа за српските и македонските медиуми, велат од КИЦ во Белград.Вечерта посветена на Зафир...
Младите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ повторно даруваат преку „Подари компјутер“
Views: 216 И оваа година, Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид заедно во соработка со професорот Дарко Цветкоски повторно ја организираат хуманитарната акција – “Подари компјутер”.Од школото велат дека акцијата „Подари компјутер“ e со цел собирање стари компјутери и лаптопи кои не се во активна употреба, но се функционални или можат лесно да се оспособат. Акцијата има за цел да им помогне на ученици и семејства од социјално ранливи категории, кои немаат соодветен пристап до компјутерска опрема неопходна за образование и секојдневно учење.–Во современото...
Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити
Views: 260 Народна банка на Република Северна Македонија издаде нова алатка која на корисниците ќе им овозможи на корисниците едноставно и лесно споредување на банкарските кредити и депозити.Платформата е резултат на заложбите на Народната банка за поголема транспарентност во финансискиот сектор. Податоците се ажурираат директно од банките, кои се одговорни за нивната точност.–Со оваа апликација, Народната банка внесува нов, модерен и практичен начин за споредување на финансиските понуди, што ја зголемува транспарентноста и ја јакне финансиската писменост кај...
„Петардите не се играчка“ – показна вежба на Црвен крст и СВР Охрид за последиците од петарди
Views: 233 Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид ја продолжува соработката со СВР Охрид – Одделението за превенција со акцент на превенцијата на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства.Имено, утре, недела, на Градското пристаниште, пред споменикот на „Фаќачот на крст“ во Охрид од 12:30 часот, припадници на СВР Охрид – Одделение за превенција и волонтери на Црвен крст Охрид ќе делат едукативни материјали за опасностите и последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства, со нагласување дека употребата на...









