Skip to main content

Автор: инфодеск

Просечно од  50 до 70 пожари во грејната сезона во Охрид

Post Views: 188 Неисчистени оџаци и дотраени електрични инсталации се главните причинители на пожари во текот на грејната сезона. Само во охридсиот регион се случуваат просечно  од 50 до 70  пожари во зима. А од година во година расте ризикот,  бидејки се поголем број домаќинствата  се греат на дрва.Покрај големата материјална штета, лани регистрирана е и жртва,  во пожар почина  една жена.„ Да внимаваат, да ги одржуваат оџачките канали тие што ги користат за огрев на дрва да ги чистат оџаците, да внимаваат...

Продолжи со читање

Директорката на АППТ им ги раскажа убавините на Охрид на полските туристи

Post Views: 180 Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска на средба со полски туристи им ги раскажа убавините на македонскиот бисер Охрид.-Тие воодушевени што одблиску имаа можност да дознаат со какво природно и културно наследство располага градот , не криејќи го своето задоволство кажаа дека престојот во Охрид ги надминал нивните очекувања, велат од АППТСтарото градско јадро ,охридското езеро ,културно историските споменици ,архитектурата ,нашите традиции, култура, музика, традиционалната храна и разновидноста на туристичка...

Продолжи со читање

Германија го заврши шестмесечниот експеримент со четиридневна работна недела

Post Views: 239 Германија го заврши својот шестмесечен експеримент со четиридневна работна недела во кој учествуваа 45 компании. Две компании доброволно се откажале во текот на експерименто, а две други биле исклучени од евалуацијата, Резултатите покажале дека повеќето компании решиле да продолжат со истиот начин на работа.Јулија Бакман, водич на пилот студијата, вели дека вработените генерално се чувствувале подобро со помалку часови и останале исто толку продуктивни како и со петдневната недела, а во некои случаи биле и попродуктивни. „Учесниците пријавиле значителни...

Продолжи со читање

Поранешната руска мисица осомничена за шверц на накит

Post Views: 249 Мис Русија и прва придружничка Мис на светот 2015 Софија Никичук е приведена на рускиот аеродром Внуково поради шверц на накит вреден 12 милиони рубљи.Девојката во Москва пристигнала од Ница преку Истанбул и поминала низ „зелениот коридор“ за ВИП личности, но морала да чека на царинска проверка. Софија Никичук им покажала на цариниците златен часовник Patek Philippe, два прстени и ѓердан Картие од 750 карати. Таа изјавила дека накитот не го пријавила бидејќи се работи за нејзини лични предмети.Руската федерална царинска служба известила дека Никичук е...

Продолжи со читање

Тимот на проектот “ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” организира отворен ден со граѓаните и граѓанските организации во општина Дебрца

Post Views: 233 Тимот на проектот “ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” организира отворен ден со граѓаните и граѓанските организации  во општина Дебрца на 19ти ноември 2024 година со почеток во 11:00 часот, во просториите на Општина Дебрца.  Оваа средба, која што е дел од Мобилниот ресурсен центар, планирано е да трае околу 1 час.Целта на средбата е да се информираат локалните организации за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги нуди Граѓанскиот...

Продолжи со читање

Вчера во село Сливово се одбележа 81 година од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада

Post Views: 276 Со полагање свежо цвеќе, историски час и посета на Спомен собата, денес во село Сливово се одбележа 81 година од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада, на 11 Ноември 1943 година.„Македонија е држава која е родена на придобивките на НОБ, олицетворени преку историските одлуки на АСНОМ, во 1944 година ,кои практично претставуваат остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност. Тие придобивки во голема мера се исковани во Дебрца, првата слободна територија во НОБ, која жестоко се...

Продолжи со читање

Се поништува јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес од областа на социјална заштита на Општина Охрид за 2025 година

Post Views: 167 Јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес од областа на социјалната заштита на Општина Охрид за 2025 година се поништува. Се повикуваат сите кои имаат поднесено апликација денес, вторник 12.11.2024 во малата сала на Општина Охрид, од 12 до 14 часот да ги подигнат своите апликации.ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРEДЛОГ ИДЕИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2025 ГОДИНА

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањето на Партизанска со сите споредни улици и дел од Туристичка

Post Views: 171 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Партизанска “, вклучувајќи ги и сите споредни улици и дел од Булевар Туристичка.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Со предлози и идеи граѓаните учествуваа во креирање на буџетот за 2025 година

Post Views: 157 Претставници од Урбанизам , ТЛЕР, инфраструктура, образование, култура  и останати сектори при Општина Охрид денеска  ги  примаа и разгледуваа предлозите и идеите на  претставници од Месни Заедници, физички и правни лица кои со тоа учествуваат во креирање на буџетот за  2025-та година.Најголем број од идеите и предлозите се од областа на инфраструктурата и комуналниот развој.

Продолжи со читање

Oпштина Охрид како дел од Иницијативата за отпорни градови Making Cities Resilient 2030 (MCR2030)

Post Views: 175 Oпштина Охрид беше промовирана како дел од Иницијативата за отпорни градови  Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) во рамки на Регионалната платформа за намалување на ризици од катастрофи во Европа и Централна Азија за 2024, која се одржа минатата седмица во Будва, Црна Гора.Во рамки на тридневниот настан на кој учествуваа лидерите за цивилна заштита и над 700 учесници од 55 замји-членки на ОН, на претставниците на Општина Охрид им беше доделен сертификат за официјално учеството во иницијативата MCR 2030. Дел од оваа иницијатива се и општините Ѓорче...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно, во вечерните часови повремени локални врнежи

Post Views: 142Променливо облачно со појава на магла по котлините. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на планините и на некои повисоки места од снег. По котлините ќе има услови за појава на магла.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Пет одобренија за градење издадени во септември во Охрид

Post Views: 186 Во септември годинава се издадени 5 одобренија за градење во Охрид според податоците од Државниот завод за статистика. Од нив едно е издадено на физичко лице, додека 4 на деловни субјекти. Предвидена е градба на 76 станови со вкупна корисна површина од 3.797 м².Во извештајниот период општините Дебрца и Вевчани издале по едно одобрение за градење и тоа на деловен субјект, додека пак во општина Струга не се издадени одобренија.На ниво на државава во септември годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 9,2 проценти помалку во однос на истиот...

Продолжи со читање