Автор: инфодеск
Post Views: 177 „И ѕидовите зборуваат на Охридски – цртање на мурали и графити на јавни површини со мотиви од Охрид“, е проектот на локалната власт што започна да се реализира по повод одбележување на 80 години од ослободувањето на Охрид и е дел од годишната програма за култура на општината. -Целта на проектот е да се популаризира уличната уметност со која јавните површини во градот добиваат душа. Мотивите се познати личности од општествениот живот во градот , како и стихови и познати цитати од охриѓани. Преку проектот се настојува да се...
Агенцијата за катастар го воведува новиот портал „е-услуги“ за побрза и поефикасна услуга за граѓаните
Post Views: 723 На денешната прес-конференција, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, го претстави новиот портал „е-услуги“, кој овозможува брз електронски пристап до 94 различни услуги од Катастарот. Станува збор за нов проект кој им овозможува на корисниците услугите да ги добијат веднаш по нарачката преку електронска пошта, што значително го скратува времето и го олеснува пристапот за граѓаните и правните лица.Како дел од планот за континуирано подобрување, Живковски најави дека до крајот на годината ќе бидат додадени уште десетина нови...
Од петок задолжителното носење на зимска опрема во моторните возила
Post Views: 240 Од петок, 15 ноември, почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата која ќе трае до 15 март.За возила до 3500 килограми како зимска опрема се сметаат зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарите од четири милиметри, како и летни гуми со длабочина на шарите од најмалку четири милиметри, како и синџири за снег со адекватна големина. За возилата со погон на сите четири тркала под зимска опрема спаѓаат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата на гумите од 6 милиметри или летни гуми со длабочина на шарите од...
Полицијата заплени рибарски мрежи и белвица кај Калишта
Post Views: 274 Hа 10.11.2024 година, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”, во водите на Охридското езеро, реализираа мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура.– Притоа, на околу 2 километри од брегот на струшкото крајбрежје помеѓу Струга и селото Калишта, пронајдоа и одзедоа три рибарски мрежи со должина од по сто метри и улов од 56 парчиња риба Охридска белвица како и друг риболовен алат. При преземените контроли, полициските службеници, во водите на езерото, затекнале 2 лица, од Струга и Радожда, кои, ...
Куба прво погодена од ураган, потоа од силни земјотреси
Post Views: 264 Откако ураганот Рафаел ја погоди Куба минатата недела предизвикувајќи уништување на островската земја и колапс на електродистрибутивната мрежа, два земјотреси го потресоа југоисточниот дел на земјата вчера наутро по локално време. По првичниот земјотрес со јачина од 5,8 степени, имаше посилен последователен потрес со јачина од 6,8 степени.Епицентарот бил на околу 35 километри од брегот на провинцијата Гранма и на околу 175 километри од главниот град Сантијаго де Куба, изјавиле од Националниот сеизмолошки центар на Куба.Според експертите, земјотресот иако...
Во среда ќе се одржи детската претстава “Здраво Детство”
Post Views: 291 Среда, 13 ноември ви 18 часот, Народен Театар Охрид и Театар Патувалка ќе ја претстават претставата “Здраво Детство” – интерактивна претстава за деца, што ги забавува и учи за другарството, здравата исхрана и грижата за домашните миленици. Преку забавни игри, песни и интерактивни моменти, децата ќе имаат можност да учат и да се забавуваат со различните аспекти на приказната.Претстава е за дечиња со возраст од 3 до 6 години.Во претставата играат Филип Кипровски, Дарко Богески, Јана Пауноска и БалтазарКартите по цена од 150 денари се...
Диви кози повторно на Галичица, по големиот пожар
Post Views: 296 АК Патагонија и Ohrid red cross – Mountain Rescue Service споделиja со јавноста убавата вест, дека и покрај сериозните последици по големиот пожар кој ја зафати Галичица во август годинава, сепак популацијата на балканска дивокоза (Rupicapra rupicapra Balcanica) е сеуште тука и тврдокорно се држи до своето автохтоно живеалиште.Волонтерите на АК Патагонија и Ohrid red cross – Mountain Rescue Service , во координација со National Park Galicica веќе година и пол вршат постојан видео мониторинг во делови од паркот, каде е забрането секакво...
Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски”
Post Views: 219 Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа и член 18 од Статутот, Советот на општина Охрид распишуваКОНКУРСЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2024 година.Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен...
И во 10 часот наутро светат сијаличките на „Туристичка“
Post Views: 377 Наши сограѓани само што ни испратија слики од Булевар „Туристичка“ на кои се гледа дека во 10 часот наутро сијаличките сè уште се уклучени.„Зарем градот има толку многу пари за да може да си дозволи на бел ден сијаличките да се сè уште уклучени? Па во ова кризно време треба да се повeдe рачун за се.“ – велат тие.
Конкурс за доделување општинска награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски”
Post Views: 250 Врз основа на член 16 и 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува:КОНКУРСЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2024 година.Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од...
Промовирана книгата „Тие доаѓаат“
Post Views: 191 Во рамки на свеченостите посветени на празникот 7 – ми Ноември, денеска напладне во големата сала на Општина Охрид се одржа промоција на третата по ред збирка поезија „Тие доаѓаат“ во избор на Славе Ѓорѓо – Димоски.Книгата е составена од два дела, песни напишани од основци и средношколци. Издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид, а тиражот е 300 примероци. Главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски, а лектор проф. д-р Димитар Пандев.
Следува период на постудено време
Post Views: 278 Променливо облачно и студено, со повремен локален дожд, а на планините и на некои повисоки места повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 4 до 9 степени Целзиусови.Следува период на променливо облачно и постудено време, до четврток со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег.Фото: Ѓоко Симјаноски