Автор: инфодеск
Views: 219 Оваа сабота, 27 декември 2025, со почеток од 11:00 до 16:00 часот, плажата Сараиште ќе се претвори во топол новогодишен простор исполнет со музика, рачни изработки и хуманост, во рамки на Хуманитарниот новогодишен базар „Вино и Винил volume IV”.Настанот е целосно хуманитарен – сите учесници се вклучени доброволно, а сите собрани средства ќе бидат наменети за акцијата „Пакетчиња за сите дечиња”, со цел празниците да донесат радост и кај оние на кои им е најпотребна.Посетителите ќе имаат можност да прошетаат низ новогодишно украсени штандови со уникатни рачни...
Хуманитарната „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ ги исполни новогодишните желби на 80 дечиња
Views: 226 Со изведба на Новогодишните песни, дечињата од „Распеано рибарче“, го најавија завршниот настан од традиционалната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид, „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ кој вчера се одржа во Ohrid Mall.Бројни хумани граѓани, институции, здруженија, поединци, се вклучија во оваа хуманитарна акција, исполнувајќи ги новогодишните желби означени во волшебните лампиони и обезбедија соодветни подароци кои волонтерите на Црвен крст Охрид ги доделија на повеќе од 80 дечиња што живеат во социјален ризик.,Дечињата не ја криеја својата возбуда и задоволство од добиените...
Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски
Views: 231 Во страшното време на турското владеење овој голем јерарх отиде на Московскиот Собор во 1655 година. Кога се врати го обвинија за велепредавство. Притоа неколкумина зли Евреи покренаа против него обвинение затоа што беше превел неколку Евреи во Христовата вера. Во обвинението Евреите наведоа дека тој работи на покрстувањето на Турците, а рекоа така за со тоа да ги нахушкаат против него турските власти. Судот му пресуди да ја прими мухамеданската вера. Бидејќи не сакаше, по извесно време поминато во затвор го осудија на смрт и го обесија во Бруса, во 1659 година. Овој Свет Гаврил...
Променливо облачно со сончеви периоди.
Views: 182 Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Во Охрид денес минималните температури од 4, а максималните до 6 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).
ДЗС со апел до угостителите: Почитувајте ги правилата за бројот на гости и за противпожарна заштита
Views: 247 Во пресрет на претстојните празници, кога традиционално се организираат предновогодишни и новогодишни прослави, забави, а и јавни собири во угостителските објекти, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) апелира до сопствениците и организаторите да постапуваат одговорно и целосно да ги почитуваат прописите за заштита од пожари и за безбедност на посетителите, а секако и за брза евакуација и при други итни случаи на загрозеност на животот и здравјето на граѓаните и при други опасности.Со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните, ДЗС посочува дека е задолжително:...
„Убавините на езерото, градот и спортот“ прва самостојна изложба на фотографии на Петар Паунче-Скитник
Views: 243 Утревечер во Охрид ќе биде отворена првата самостојна изложба на фотографии на Петар Паунче – Скитник насловена „Убавините на езерото, градот и спортот“.Отворањето на изложбата е во 19:00 часот, во просториите на Младински центар Охрид, а промотор ќе биде режисерот Илија Пиперкоски.Преку објективот на Петар Паунче – Скитник, ќе ја доживеете смеата, тагата, возбудата, мирот и пред сé љубовта кон малите и големите нешта што животот и природата ни го даваат.Петар Паунче-Скитник е роден во Охрид, на 07.08.1974 година. Потекнувајќи од познато фотографско семејство, од...
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 16, УБ 16.1 опфат 4, Општина Охрид
Views: 174 Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22), Општина Охрид, на ден 19.12.2025 година, донесеОдлука за спроведување на стратегиска оценаЗа планскиот документ ДУП за УЗ 16, УБ 16.1 опфат 4, општина Охрид, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .Како органи засегнати од...
За време на празниците Охрид ќе биде под засилено полициско обезбедување
Views: 192 Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Охрид ќе биде под засилено полициско обезбедување. Голем број полициски службеници од градот, но и на припомош колеги од други градови ќе се грижат за безбедноста на охриѓани и големиот број туристи кои се очекуваат во градот.Патроли ќе има низ најфреквентните делови на градот, особено во централното подрачје, но и пред угостителските објекти и ресторани каде што се организираат празнични прослави.-Она што е главна цел на планот е стабилен јавен ред и мир, контактите се остварени и со приватни агенции за...









