Автор: инфодеск
Views: 188 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков упати честитка до сите христијани кои го слават Христовото раѓање – Божиќ по грегоријански календар.–На овој Свет и најголем ден, го славиме раѓањето христово кое е темел – основа на христијанската вера и христијанските празнувања. Празникот на радоста и милосрдието е пред нас. Раѓањето на Спасителот е чудо над чудата, празник над сите празници. Нашата радост, нашата молитва и нашите добри дела треба да го градат нашето спасение, а воедно и животен подвиг на секој вистински верник. За време на Божиќ, во молитвите да ги отвориме...
Денес во Струга ќе биде прикажан анимираниот филм „Биби и Боби во светот на бајките“ за најмладите
Views: 227 Денес со почеток од 12:00 часот, во Големата сала на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе биде прикажан анимираниот филм за деца „Биби и Боби во светот на бајките“.Станува збор за весел анимиран филм кој ги носи најмладите гледачи на незаборавна зимска авантура исполнета со магија, хумор, новогодишни песнички и важни пораки за пријателството, добрината и заедништвото. Цена на билетот е 150 денари, а организаторите потенцираат дека салата ќе биде затоплена.Инаку, приказната за „Биби и Боби во светот на бајките” е компилација од четиритe...
Денеска е католички Божик, Раѓањето Христово
Views: 214 Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.Божик денеска го слават и Вселенската патријаршија и православните цркви во Грција, Бугарија, Романија, Украина и Грузија, кои го прифатија грегоријанскиот календар.Преостанатиот православен свет, кој се води според јулијанскиот календар, меѓу кои и Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Српската православна црква, Московската и Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на...
Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримитунтски
Views: 255 Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сè до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримитунт. Но, тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и обработката на земјата се трудеше самиот лично. За себе многу малку употребуваше од стекнатото, поголемиот дел им го раздаваше на бедните луѓе. Со...
Променливо облачно
Views: 257 Од УХМР информираат дека денес ќе имаме променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Денес минималните температури во Охрид од 2, а максималните до 7 степени Целзиусови.Од утре се очекува стабилизирање на времето. Во деновите од викендот, а особено во првите денови од следната седмица утрата ќе бидат ведри и студени со утрински температури кои насекаде бидат под нулата.
Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби возила за Пошта, наша цел е Македонска пошта да ја издигнеме со најдобар квалитет
Views: 256 -Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот. Иако Македонија ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар, таквата работа создава главоболка во услови кога државната пошта како општествена компанија реализира услуги кога никој друг тоа не го прави. Затоа Владата ќе донира 100 нови возила за Пошта, а се размислува за законски измени со кои ќе се променат работите, истакна вицепремиерот Александар Николоски на Јавниот состанок на Агенцијата за пошти. Како што потенцира,...
Струга без празнична атмосфера, АХВ го затвори Новогодишниот базар во Струга
Views: 209 На неколку денови до Новата година, Струга нема празнична атмосфера. Градските улици, плоштадот и јавните простори во мрак, нема новогодишни декорации, не блескаат сијалички. Единствениот обид за создавање празничен дух, беше Новогодишниот базар, на Чаршискиот мост, кој поради неисполнување санитарни услови, ден по отворањето беше затворен од АХВ. Градоначалникот вели се очекува закупците да ги отстранат...
Во сабота и недела ќе се одржат работилници за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка
Views: 184 Во сабота, 27 декември, во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи првата креативно – уметничка работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка 2026.Работилница за дечињата од Велгошти ќе се одржи во недела, 28 декември со почеток во 18 часот ќе се одржи во манастирот Св. Петка.–Со Божиќната радост, срца да стоплиме!, порачуваат организаторите.









