Автор: инфодеск
Post Views: 322 Митровден e голем христијански празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј, кој се празнува на 8 ноември. Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време-зимата.Светиот великомаченик Димитриј, кој живеел во Солун, во 3. век. Тој бил син на градоначалникот, кој долго време немал деца и по долги молитви, добил син, кого го воспитувал според христијанските верувања. По смртта на татко му, Димитриј бил назначен за градоначалник на Солун. Во тоа време, христијанството не било...
УХМР: Сончево и температури до 14 степени Целзиусови
Post Views: 168 Сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко.До сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која само понекаде ќе остане подолготрајна. Од недела времето ќе биде променливо облачно и постудено, а на почетокот на следната недела наместа ќе има појава на повремен дожд, на највисоките планини услови за краткотраен снег.Во Охрид температурата ќе се движи во интервал од 2 до 14 степени Целзиусови.
Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца
Post Views: 211 Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца. Kако дел од глобалните напори за борба против насилството врз децата, ќе се одржи првиот светски самит на Обединетите нации на 7 и 8 ноември во Богота. Панама, Уганда, Шри Ланка, Киргистан, Бурунди и Чешка, најавија дека ќе забранат физичко казнување на деца, а Гамбија и Нигерија ветија дека ќе го забранат во училиштата. Во моментов, 67 земји од 193 целосно го забрануваат физичкото казнување. Првата земја што го стори тоа беше Шведска во 1979 година. Во Велика Британија, Шкотска и Велс го забранија физичкото...
Расте бројот на финансиски измами, ОПМ изработи платформа за нивно пријавување
Post Views: 175 Измами со брзи кредити, при плаќање со платежните картички на интернет, измами при осигурување, лажни наградни игри, пирамидални интернет шеми. Ова се најчестите поплаки за финансиски измами кои стигнуваат до Организацијата на потрошувачи на Макдонија.Ризик има при секое купување онлајн. Трговијата на социјалните мрежи е нелегална, нема данок, нема фискална и од ОПМ ги повикуваат граѓаните да купуваат само од регистрирани онлајн продавници.“Многу треба едукација во овој домен, самите млади треба да знаат како да ги користат картичките. Опасно е и...
Свечена академија по повод „80 години Слободен Охрид“
Post Views: 297 7-ми Ноември не е само историски датум, тоа е нашиот аманет, да ги водиме новите поколенија по патот на слободата, правдата и солидарноста. Верувам дека херојските стремежи на нашите предци, ќе бидат наш силен мотив во денешната политичка и дипломатска борба, да го сочуваме достоинството на нашата татковина и се што е македонско, рече градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков во своето обраќање пред бројните гости и граѓани на свечена академија по повод јубилејот, „80 години Слободен Охрид“.„Во текот на изминатите 80 години, бројни наши...
Организација на потрошувачите организира средба на тема: „Jакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“
Post Views: 180 Организацијата на потрошувачи на Македонија денес, на Факултетот за туризам и угостителство Охрид, со почеток во 11.30 часот ќе одржи промотивна средба на која ќе бидат претставени активностите на ОПМ овозможени преку проектот: „ Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги (Enforce Consumer Rights in Financial Services)“, финансиран од страна на Европската унија, преку Европската Организација за заштита на потрошувачите – BEUC.Овие активности се со цел да ја подобрат положбата на потрошувачите и да обезбедат нивна подобра заштитата,...
Охрид го празнува Денот на ослободувањето, 7-ми ноември
Post Views: 227 Охрид го празнува Денот на ослободувањето, 7- ми ноември. 80 години градот живее во мир со стремеж кон просперитет и благосостојба, секогаш сеќавајќи се со должна почит кон оние кои ги положија своите животи за слободата.Градот Охрид за време на Втората светска војна се наоѓал под бугарска окупација. Партизанските единици го ослободиле градот на 15 октомври 1944 година, но за кратко време, под притисок на германските сили тие се повлекле. После борбите помеѓу партизаните и германските сили, ноќта меѓу 7-ми и 8-ми ноември градот е ослободен. На олтарот на...
Утре ќе се спроведе теренска вакцинација против сезонски грип во Дебрца
Post Views: 161 Утре, 08.11.2024 ќе се спроведи теренска вакцинацинација против сезонски грип во селата: – с. Идеглавје во 14:00h – с. Слатино во 14:30h – с. Оздолени во15:00h – с. Велмеј во 15:30h – с. Лешани во училиштето во 16:30h – с. Белчишта во училиштето во 17:00h – с. Ботун во 17:30h-Доколку во некое од селата има непокретни болни лица да се пријават за вакцинација на тел. 071/366-564, информираат од Општина Дебрца.
УХМР: Сончево со мала облачност
Post Views: 169 Утрото студено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.До сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и постудено, а во понеделник наместа се очекува појава на повремен дожд, велат од УХМР.Температурите во Охрид ќе се движат во...
Приведени рибокрадци во Охрид
Post Views: 275 На 06.11.2024 околу 06.30 часот на брегот на Охридското езеро во близина на Охрид, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро лишиле од слобода две лица на возраст од 62 и 43год, и двајцата од Охрид, информира МВР.-Претходно, тие биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото, а откако го извлекле кајчето од езерото од него извадиле три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми. Притоа, тие се обиделе да побегнат на полициските службеници, но набргу биле фатени и приведени во полициска...
СВР Охрид: Агресивно однесување кон полицајци во Охрид и Струга, бесправна градба и одземен мeтамфетамин во Струга
Post Views: 199 На 05.11.2024 во 23.00 часот на улица „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 51 годишно лице од Охрид затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 05.11.2024 во 14.20 часот на улицата „ЈНА” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга приведоа 43 годишно лице од струшкото село Долно Татеши кој претходно, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале...
Нема повредени лица во пожарот кој избувна во Безистенот во Струга
Post Views: 358 Нема повредени лица во пожарот кој утринава избувна во Безистенот во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Пожарот во деловен објект во Безистенот бил пријавен во ОВР Струга околу 10 часот.На терен интервенираше Територијалната против пожарна единица Струга со четири возила и десетина пожарникари.Извршен е увид и ќе се утврдуваат причините за пожарот и настанатата материјална штета. Според првични неофицијални информации, пожарот не бил подметнат.