Skip to main content

Автор: инфодеск

„Биби и Боби во светот на бајките“ – волшебна анимирана авантура за најмладите во Струга

Views: 270 Утре, 25 декември (четврток) со почеток од 12:00 часот, во Големата сала на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе биде прикажан анимираниот филм за деца „Биби и Боби во светот на бајките“.Станува збор за весел анимиран филм кој ги носи најмладите гледачи на незаборавна зимска авантура исполнета со магија, хумор, новогодишни песнички и важни пораки за пријателството, добрината и заедништвото. Цена на билетот е 150 денари, а организаторите потенцираат дека салата ќе биде затоплена.Инаку, приказната за „Биби и Боби во светот на бајките” е...

Продолжи со читање

Во петок промоција на збирката раскази „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од Емил Крстески

Views: 236 Во петок, 26 декември, во кафе тераса „Шила“ во 13 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од Емил Крстески во издание на „Или-Или“.Расказите пред присутните ќе ги претстават писателите Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски.– За какви раскази, всушност, станува збор и кога бившата жена на нараторот од последниот расказ вели такви („Зошто пишуваш такви раскази“) и кога јас уште во насловот на поговорот велам вакви? За лични, сочни, јадри, отворени, полнокрвни и жуборливи, напати дури и скокотливи и смели, сугестивни,...

Продолжи со читање

Поставена фотоволтаична централа во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“- Охрид

Views: 242 Во Општинскиот Електромашински Училиштен Центар „Св. Наум Охридски“ од Охрид„ со поддршка на Општина Охрид, е поставен фотоволтаичен систем кој ќе обезбеди значителни заштеди на финансиски средства во иднина.-Со поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, во нашето училиште поставена е 40kW фотоволтаична централа за производство на електрична енергија од обновливи извори, информираа од средношколскиот центар.Следува вмрежување и дистрибуција на вишокот на електрична струја во мрежата на електро дистрибуција на...

Продолжи со читање

Во петок подигнување селектиран отпад од пластика и хартија на повеќе улици

Views: 217 Согласно Календарот за 2025 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 26.12.2025 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекцијаОд претпријатието апелираат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад затоа што нашата иднина зависи од секој еден од...

Продолжи со читање

Вечерва фасадата на охридската гимназија ќе се претвори во жива сцена преку 3Д мапинг музичко-сценско шоу „Ехото на Охрид“

Views: 232 Дворoт на гимназијата „Св. Климент Охридски“ вечерва од 18:00 часот до 22:00 часот ќе биде жива сцена на која ќе се случува аудио-визуелно инспиративно доживување — синергија од светлина, звук и архитектура. На фасадата на Гимназијата ќе бидат прикажани оригинални 3Д секвенци со динамичен ритам и прецизен мапинг, создавајќи современо искуство за сите возрасти. Сценарио и режија на Илија Пиперкоски, а автори на видео-анимациите и 3Д мапинг се Јовица Смилески и Милчо Узунов.– Ова е приказ на чиста визуелно-музичка експресија која го слави моментот и просторот....

Продолжи со читање

По два месеци од конституирањето, Советот на Општина Струга сѐ уште не може да избере претседател

Views: 295 Два месеци трае блокадата во Советот на Општина Струга. Советниците не успеваат да изберат претседател, поради што Советот е нефункционален. Вчера советниците од НАИ, МЕРКО  и СДСМ повторно не присуствуваа на седница по што пропадна обидот за избор на претседател.Отсуството на претседател, оневозможува нормално функционирање на Советот, бидејќи нема кој формално да ја води седницата и да го координира донесувањето одлуки.Градоначалникот Менди Ќира предупреди дека доколку опозицијата продолжи со блокадите, ќе се пристапи кон предвремени...

Продолжи со читање

Преподобен Даниил Столпник

Views: 217 Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија, од родители христијани, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети светиот Симеон Столпник и го доби неговиот благослов. Желен за самотија, Даниил го напушти манастирот и се повлече во еден запустен идолски храм на брегот на Црното Море. Овде претрпе безброј напади од демоните, но сите ги победи со трпението, молитвата и знакот на крстот. Потоа се качи на столбот на којшто остана...

Продолжи со читање

УХМР: Облачно со повремени локални врнежи од дожд

Views: 202 Облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид минималните температури од 4, а максималните до 8 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека под влијание на влажен бран денес и утре ќе имаме повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 cm. Поради спуштање на постуден воздух од север, во четврток...

Продолжи со читање