Автор: инфодеск
Post Views: 240 Се запали безистенот во струшката чаршија. Претпладнево огнот избувна во едно од кафулињата на последниот кат во објектот. Огнените јазици се проширија кон покривот, а чадот и кон соседните дуќани.Вработените и посетителите на безистенот, кој дејствува како трговски центар со голем број дуќани и угостителски објекти, преплашени веднаш го напуштија објектот. Нема повредени, причинета е само материјална штета.На терен интервенираше противпожарната единица со три возила и единаесет пожарникари. После два часа интензивно гаснење се спречи...
Денеска во Магна ќе се одржи показна вежба за евакуација и спасување при елементарна непогода
Post Views: 184 СВР Охрид, ќе биде дел од институциите кои денеска (06.11.2024 година), во 10.30 часот, во компанијата „Магна” во индустриската зона во Струга, ќе учествуваат во реализација на показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио по случена елементарна непогода Целта на показната вежба е увежбување на надлежните служби и подигнување на степенот на подготвеност и координираност за навремено, соодветно и ефикасно делување и евакуација во случај на елементарни непогоди и други несреќи.Показната вежба, воедно ќе значи и можност за проверка и...
Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД
Post Views: 267 Поранешниот претседател Доналд Трамп се обрати откако ја обезбеди својата трета победа на бојното поле со освојување на Пенсилванија, приближувајќи го до победата во Белата куќа. „Сакам да му се заблагодарам на Американскиот народ за исклучителната чест да бидам избран за ваш 47-ми и 45-ти претседател. До секој граѓанин: Ќе се борам за вас, за вашите семејства и вашата иднина. Секој ден ќе се борам за вас до последниот здив, нема да застанам се додека не ја испорачаме силната и просперитетна Америка која ја заслужуваат нашите деца, но и вие. Ова...
УХМР: Продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност
Post Views: 169 Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.Продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат студени со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот, велат од УХМР.Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 3 до 16 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски
Месните заедници во понеделник треба да ги достават своите предлози за креирање на буџетот за наредата година
Post Views: 176 Локалната власт упатува повик до сите Месни Заедници, физички и правни лица во понеделник (11. 11 2024г.) во малата сала во општинската зграда во период од 11 до 14 часот да ги достават своите предлози и идеи со цел да учестуваат во креирање на буџетот за наредната календарска година.
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 2, УБ 2.3 опфат 7, Општина Охрид
Post Views: 184 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05 ,81/05 ,24/07 ,159/08 ,48/10 ,124/10 ,51/11 ,123/12, 93/13 ,42/14 ,44/15 , 129/15 , 39/16, 99/18 ,89/22 и 171/22 ) ,Општина Охрид , на ден 04.11.2024 година , донесе Одлука за спроведување на стратегиска оценаОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДУП ЗА УЗ 2, УБ 2.3 ОПФАТ 7, ОПШТИНА ОХРИДПовеќе информации на линкот.
Четвртоодделенците во посета на Општина Охрид
Post Views: 185 Четвртоодделенците од основните училишта „Христо Узунов“ и „Св. Климент Охридски“ денеска беа во посета на Општина Охрид. Во улога на домаќин ги прими градоначалникот Кирил Пецаков придружуван од секретарот, Александар Китески.Учениците со интерес ги слушаа одговорите на градоначалникот и секретарот за работата и начинот на функционирање на локалната власт.Посетата во општината е дел од предвидената наставна програма за основците.
Утре во Магна ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување при елементарна непогода
Post Views: 301 Увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација, во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид и Струга, ДЗС, ЦУК, Здравствен дом Струга и Црвен крст Охрид продолжува да се реализира и во компаниите.Во таа насока, а со цел да се подигне нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи во среда, 06.11.2024 г. во компанијата МАГНА во индустриската зона Струга ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена...
Денес и утре ќе се одржат пoлуфинале и финале во фудбал Futsal Ohrid Freed
Post Views: 305 ЈП Билјанини Извори и Futsal Ohrid Freed известуваат дека денес од 20:00 часот до 22:00 часот во Спортската Сала “Билјанини Извори” ќе се одржат двата полуфинални натпревари:•Во 20:00 ч. помеѓу екипите на Инекс Олгица Хотел и СПА и Гостилница кај Мече и •21:00 ч. Провелд Волино и минатогодишниот победник на Ohrid Freed АСП ПАК.Утре, 6 Ноември ќе се одржат:•20:00 часот натпреварот за трето место и во•21:00 часот финалниот натпревар за прво место.Хуманитарниот Турнир Futsal Ohrid Freed организиран од ЈП Биљанини Извори и...
Повик за учество во креирање на буџетот за наредната календарска година
Post Views: 159 Локалната самоуправа упатува повик до сите Месни Заедници, физички и правни лица во понеделник (11. 11 2024г.) во малата сала во општинската зграда во период од 11 до 14 часот да ги достават своите предлози и идеи со цел да учестуваат во креирање на буџетот за наредната календарска година.
Утре ќе се одржи крводарителска акција во СВР Охрид
Post Views: 209 Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2024 година.Утре, среда 6.11.2024 со почеток во 9 часот во просториите на СВР Охрид ќе се одржи крводарителска акција.– Ги покануваме сите вработени да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, велат од Црвен Крст Охрид.Акцијата ќе трае до 12 часот.
Реконтрукцијата на улицата „Гоце Делчев“ во напредна фаза
Post Views: 201 Активностите за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ се во напредна фаза, вчера се постави првиот слој на асфалт.Согласно проектот на улицата се постави атмосферска канализација, се уредија тротоарските површини и се поставува ново осветлување.-Со поставувањето на сите слоеви асфалт Охрид добива уште една реконструирана улица по сите стандарди, вели во својата објана на Фејсбук градоначалникот Кирил Пецаков.