Skip to main content

Автор: инфодеск

Билјанини извори

Кривична пријава против раководство на Општински фудбалски сојуз Охрид за фалсификување и измама

Views: 222 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47 и 39 годишни охриѓани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“. Првопријавениот, во својство на претседател, а второпријавениот во својство на секретар на Општински фудбалски сојуз Охрид, искористувајќи ја својата положба во сојузот и пристапот во  системот на Фудбалската федерација на Македонија, во текот на 2024 година во повеќе наврати креирале записници за одиграни натпревари во кои внесувале невистинити податоци за лица фудбалски судии и играчи како учесници во фудбалски...

Продолжи со читање

Вечерва ќе се одржи Новогодишниот концерт на СМУ „Тодор Скаловски- Тетоец”

Views: 265 Вечерва во 19 часот во хотел Дрим во Струга ќе се одржи Новогодишен концерт на Средното музичко училиште „Тодор Скаловски- Тетоец”, дисперзирани паралелки Струга.На програмата се композиции од : Дворжак, Моцарт, Николовска, Коен, Штраус Помладиот, Штраус Постариот во изведба на камерниот оркестар и хорот на училиштето под диригентската палка на маестро Алтин Зиба.Влезот е слободен.

Продолжи со читање

Семејно насилство

Два случаи на семејно насилство во Охрид и Струга

Views: 336 На 22.12.2025 во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 53-годишен маж од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.ОВР Струга поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од струшко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал...

Продолжи со читање

Жител на Враништа пријавен за неовластена изградба на бетонска ограда на државен имот

Views: 303 ОВР Струга поднесе кривична пријава против 65-годишно лице од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик. Тој, на катастарска парцела во селото во државна сопственост, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, неовластено изградил бетонска ограда.

Продолжи со читање

УИНТ Св. Апостол Павле

Презентација на програмите и активностите на Институтот Конфуциј на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Views: 219 Институтот Конфуциј ќе одржи презентација на своите активности и програми во среда, 24 декември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“Презентацијата е наменета за сите заинтересирани граѓани од Охрид и поширокиот регион, со посебен акцент на образовните и културните институции. Во рамките на настанот ќе бидат преставени можностите за бесплатни часови по кинески јазик и курсевите по традиционални кинески вештини, како и културни настани и активности отворени за јавноста. Преку...

Продолжи со читање

kuce

Македонија ќе добие кафилерија и гробишта за миленици

Views: 248 Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Никола Миланов, во интервју за МИА најави дека институцијата работи на иницијатива за изградба на кафилерија и гробишта за миленици, со цел да се реши долгогодишен проблем поврзан со третманот на починати домашни животни.Според Миланов, досега во пракса најчесто се случувало миленичињата по угинувањето да бидат оставани од сопствениците на истите депонии каде што се фрла и комуналниот отпад, што претставува сериозен здравствен и еколошки ризик. Тој посочи дека ваквата состојба е недозволива и дека е неопходно системско...

Продолжи со читање

Наредната недела предновогодишна „Импровокација“

Views: 191 Традиционално во последната недела од годината со многу подароци за публиката ќе се одржи предновогодишната „Импровокација“.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075 283 066, а цената е 400 денари.

Продолжи со читање

Утре акција за пошумување во опфатот на Белчишкото Блато

Views: 235Утре, 24 декември, на границата со опфатот на Белчишкото Блато, близу селото Белчишта, ќе се реализира теренска акција за садење нативни дрвенести садници, како практична мерка за превенција од пожари и заштита на чувствителни природни подрачја.Во активноста ќе учествуваат ученици од ООУ „ДЕБРЦА“ – с. Белчишта, Општина Дебрца, како и ученици од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид, заедно со претставници на локалната самоуправа, противпожарните служби и граѓански организации.-Акцијата има за цел младите директно да се вклучат во грижа за природата преку практична работа и учење...

Продолжи со читање