Skip to main content

Автор: инфодеск

Македонскиот филм „Ефектот на среќа“ вечерва во Касарна Охрид

Post Views: 217 Вечерва ќе се одржи втората вечер на Летно кино со автомобили Summer Drive-in Cinema во склоп на настаните од шестото фестивалско издание на алтернативното културно-забавно лето „Културолошка Иницијатива 5 до 12″.ЕФЕКТОТ НА СРЕЌА е македонски филм од 2019 година во режија на Борјан Зафировски.Главните улоги ги играат: Дајана Поповска (охриѓанка по мајка и татко), Јовица Михајловски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Ана Стојановска.Во филмот се раскажува приказна за потрагата по среќа која им е заедничка на сите луѓе. Леа е млада девојка која...

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков оствари средба со македонската претставничка на Летните Олимписки Игри Анастасија Мојсовска

Post Views: 414 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со охриѓанката Анастасија Мојсовска, која ќе ја претставува Македонија на Летните Олимписки игри во Париз 2024, во категоријата спортско стрелаштво.Градоначалникот изрази големо задоволство што Охрид е горд на уште еден талентиран спортист со охридско потекло, кој ќе настапи на најпрестижниот спортски настан во светот. Тој упати честитки до Мојсовска за нејзиниот пласман на Олимписките игри со желби за висок резултат и уште поголеми успеси во нејзината спортска кариера во иднина. Градоначалникот истакна...

Продолжи со читање

Во охридскиот Архив комплетирана документацијата од Општина Охрид од „Урбанизам“ од 1964 до 2000 год

Post Views: 339 Благодарение на Меморандумот за соработка помеѓу Државен Архив и Општина Охрид, од денес во средена и обработена форма се предадени документи од „Урбанизам“ за периодот од 1991 до 2000 година во Подрачното одделение на Државен архив-Охрид.-Со ова имаме континуитет на документација од 1964 до 2000 година. Голем и значаен чекор во значајноста на градежната документација а во интерес жителите на град Охрид, велат од охридскиот Архив.Оттаму изразуваат благодарност до тимовите од Општина Охрид и Архив Охрид што започнаа и успешно завршија една од...

Продолжи со читање

Се превртел кајак со две малолетни лица на „Бафало бич“

Post Views: 164 На 08.07.2024 година во 09.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, на плажата „Бафало бич”, се превртел кајак, сопственост на кајак клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица.-По добиената пријава, полициски службеници од Езерската полиција со пловен објект се упатија на посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од плажата,  забележани се двете малолетни лица кои на себе имаа појаси за спасување. Тие со  полицискиот чамец се префрлени во полициската...

Продолжи со читање

Одбраната на Мерко бара отфрлување на обвинението за набавката на Ауди А6

Post Views: 358 Продолжи судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил Ауди А6 вреден 67 илјади евра.Обвинителот побара судот да ги отфрли предложените докази  од одбраната  со образложение дека  се нејасни и нецелосни докази, значително ќе придонесат за  одолговлекување на постапката,  а фактите не се релевантни.Одбраната пак,  предложи судот да го одбие обвинителниот предлог, бидејќи рокот за обвинение изминал.– Обвинителниот предлог од страна на...

Продолжи со читање

Зголемување на цените на горивата од полноќ

Post Views: 242 Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00 % во однос на одлуката од 1.7.2024 година.Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат1,00 денар/л.Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 0,50 денари/л.Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,626...

Продолжи со читање

Објавен конкурсот за најдобар расказ по повод „Вечер на Живко Чинго“

Post Views: 288 По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот: КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ.   Услови за учество на Конкурсот:Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Maкeдонија;Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса:  ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;Авторското право се докажува со четвртиот примерок;Краен рок за доставување...

Продолжи со читање

Два случаи на физички напад пријавени во СВР Охрид

Post Views: 290 На 07.07.2024 година во 15.40 часот, во СВР Охрид е пријавено лице од село Лешани, општина Дебрца, кој на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, го управувал своето моторно возило „ауди”, удрил во мотоцикл што го управувал 47 годишен охриѓанец. Веднаш потоа, заедно со други две лица од селата Косел и Лешани физички го нападнале мотоциклистот и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, информираат од...

Продолжи со читање

Поради дефект без вода корисниците од две населби во Охрид

Post Views: 319 ЈП Водовод информира дека поради настанат дефект на водоводната мрежа денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците во населбата Гоце Делчев (Бараки).Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 10:00 до 13:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“ од пресекот со улицата „Бистрица“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбата Далјан, додаваат во соопштението од ЈП Водовод.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Црвен Крст организира онлајн работилница на тема „Младите и Науката“

Post Views: 219 По повод 168 годишнината од раѓањето на големиот визионер и научник, Никола Тесла (род. 10.07.1856), Црвен крст Охрид во партнерство и соработка со организацијата Canadians For Children At Health Risk, од Торонто, Канада организира инспиративна, едукативна, онлајн работилница на тема МЛАДИТЕ И НАУКАТА, а со наслов „НИКОЛА ТЕСЛА: НЕГОВИОТ ЖИВОТ, ПРОНАЈДОЦИ И НАСЛЕДСТВО“.Домаќини на оваа работилница, која ќе се одржи на 10.07.2024 г. (среда) со почеток во 20:30 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, ќе бидат младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст...

Продолжи со читање

АНКЕТА: „Перцепција на автентичноста на локалитетите на наследството на УНЕСКО: дизајнот на новата изградба и заштитата на интегритетот во Охрид“

Post Views: 166 АНКЕТА: „Перцепција на автентичноста на локалитетите на наследството на УНЕСКО: дизајнот на новата изградба и заштитата на интегритетот во Охрид, Република Македонија“НУ Завод и Музеј Охрид во соработка со д-р Александар Милојковиќ, вонреден професор од Градежниот и Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Ниш – отсек Архитектура, заедно со постдипломски студенти, со помош на вработени во Завод и Музеј спроведуваат интересен научен проект кој се занимава со заштита на архитектонското наследство и ревитализацијата на историски градови.–Како дел...

Продолжи со читање

Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветни мерки

Post Views: 315 Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината   како општа противепидемиска мерка, локалната самоуправа известува дека ќе  се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во вторник  до 06 часот во среда.Со дезинсекцијата ќе...

Продолжи со читање