Skip to main content

Автор: инфодеск

Инспиративни решенија за нов современ изглед на некогашниот бисер на охридската ривиера – хотелот Палас

Post Views: 251 Од 29-ти јуни до 5 јули, Охрид беше домаќин на учесниците на годинешната 11-та Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје, поддржана од Министерството за култура, Амбасадата на Република Полска и Општина Охрид.Предизвикот на кој работеа учесниците на годинешната школа беше хотелот „Палас“, изграден во далечната 1958 година, дело на реномираниот словенечки архитект Едо Михевц.–Учесниците на годинешната летна школа, кои повеќето се...

Продолжи со читање

Денес и утре Летно кино со автомобили во Касарна Охрид

Post Views: 182 Денес (08.07) и утре (09.07) започнува Летното кино со автомобили Summer Drive-in Cinema во склоп на настаните од шестото фестивалско издание на алтернативното културно-забавно лето „Културолошка Иницијатива 5 до 12″.-И оваа година, дозволете си да отпатувате назад во времето, на нашиот специјален настан – Летно Кино со Автомобили. Придружете ни се на овие две ноќи под отворено небо, да ги проследиме едни од најдобрите македонски филмови во моменти на топла носталгија и уште потопли свежи пуканки, велат организаторите.08.07.2024 |...

Продолжи со читање

Сообраќајна несреќа кај Прентов Мост, починат 23 годишен битолчанец

Post Views: 251 На 07.07.2024 година во 19.40 часот, кај местото „Прентов мост” на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес” со турски национални ознаки, управуван од 68 годишно лице од Турција и мотоцикл „сузуки” без регистарски таблички, управуван од 23 годишно лице од битолското село Горно Оризари. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид извршија јавен...

Продолжи со читање

Земјотрес почуствуван во Охрид и околината

Post Views: 199 Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 7.07.2024 година во 14 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 125 km југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6, се вели во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија.Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината, со интензитет од IV-V степени според Европската...

Продолжи со читање

Привршуваат градежните активности на улицата “7ми Ноември”

Post Views: 261 Привршуваат градежните активности на улицата “7ми Ноевмври”.Деновиве се поставува последниот слој асфалт по што ќе следува хоризонтално и вертикално обележување на улицата, објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Се одржа 43-тата седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 235 Со четириесет и пет точки на дневниот ред, денес се одржа четириесет и третата седница на Советот на Општина Охрид. Првите десет точки од дневниот ред се однесуваа на усвојување на годишните планови за вработување во основните училишта, а поголемиот дел од денешната работа на советниците помина во усвојување на измените во програмите за работа во сите сектори од општинската администрација.Во продолжение на работата, советниците ги усвоија измените и дополнувањата во општинскиот буџетот за 2024 година,  а беа донесени и неколку одлуки од урбанистичката...

Продолжи со читање

Во вторник ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветни мерки

Post Views: 317 Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината   како општа противепидемиска мерка, локалната самоуправа известува дека ќе  се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во вторник  до 06 часот во среда.Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на...

Продолжи со читање

Сообраќајна несреќа на Стража

Post Views: 427 На 04.07.2024 година во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража”, патничко возило „опел корса”, со скопски регистарски ознаки, што го управувала 38 годишна охриѓанка, удрило во 22 годишен пешак од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи, се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Марихуана

Скопјанец продавал марихуана во Охрид

Post Views: 203 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22 годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. При преглед извршен на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, се вели во соопштението од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Денес за најмладите театарската претстава за деца „Црвенкапа“

Post Views: 203 Под мотото „Културата расте со децата“, денес – 05.07.2024г ., со почеток во 20:00 часот на бината кај ТЦ Амам ќе се одржи театарската претстава за деца „Црвенкапа“.Настанот е дел од Програмата за деца на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Денес ќе биде отворена изложбата „Антологија 4“ во Куќата на Робевци

Post Views: 268 Денес во 20 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата Антологија 4. Оваа четврта едиција на изложбата Антологија е посветена на наивното сликарство и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во НУ.Завод и Музеј -Охрид, информираат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-ОхридНа изложбата ќе бидат претставени дела од Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски. Куратор на изложбата e м-р Сашо Блажески.

Продолжи со читање

Започна Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Post Views: 130 Со концерт на ансамблот „Танец“   синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, почна 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.Традиционално фестивалот беше отворен од  покровителот, Потпретседателот на  македонското собрание, Антонијо Милошоски, а во име на  охридскиот градоначалникот  пред  присутните се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.– Дозвоолете да ја изразам мојата искрена радост што ноќва  по 63 пат тука во нашиов прекрасен Охрид го славиме раѓањето...

Продолжи со читање