Автор: инфодеск
Views: 255 Минатата сабота, во просториите на Младински Центар Охрид, се одржа инспиративен и едукативен настан посветен на подигање на јавната свест за епилепсијата – состојба која и денес често е опкружена со предрасуди и недоволно разбирање.Предавањето го одржа проф. д-р Филип Дума, а настанот беше модериран од Александра Сабрас Апостолова кои заедно поттикнаа динамична и отворена дискусија меѓу учесниците.-Благодарност до сите млади кои беа дел од настанот и покажаа дека знаењето и разбирањето прават разлика, велат од Младински Центар Охрид.
Еуростат: Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство
Views: 229 Македонија е на трето место во Европа по бројот на фемициди односно убиства на жени од нивните интимни партнери. Ова го покажуваат податоците за 2023 година на Генералниот директорат на Европската комисија задолжен за обезбедување на Европската унија со статистички податоци на европско ниво-Еуростат, за бројот на фемициди во земјите членки и земјите кандидатки за членство.Според извештајот, Македонија се наоѓа на трето место,веднаш зад Латвија и Литванија. Во Латвија во 2023 години е пријавена најголема стапка на фемициди и тоа 17 жени на еден милион жители, додека во...
Трамп разрешува 30 амбасадори, меѓу нив и Анџела Агелер
Views: 245 Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп отстранува 30 дипломати од позициите амбасадори и други функции во амбасадите ширум светот.Оваа одлука е дел од пошироките напори за реструктуирање на американските дипломатски мисии и поставување на кадри кои целосно ги поддржуваат приоритетите на Трамп, односно неговата платформа „Америка на прво место“, информира Бета, а цитирајќи го Асошиејтед прес.Сите повлечени амбасадори стапиле на должност за време на администрацијата на претседателот Џо Бајден, но останале на тие места по првичната „чистка“ на почетокот...
Советот на јавни обвинители денеска избира в.д. државен јавен обвинител
Views: 235 Советот на јавни обвинители денеска ќе одржи седница за определување вршител на должноста државен јавен обвинител на местото на Љупчо Коцевски кој си поднесе оставка минатата недела. Првично изборот беше ставен на дневен ред минатата недела, но изборот беше одложен поради отсутво на еден од членовите на Советот. Вршителот на должност ќе биде назначен од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство и ќе ја извршува функцијата до изборот на нов државен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.Според законот, вршителот на должноста се избира од редот на...
Свикана петтата седница на Советот на Општина Охрид
Views: 258 Во петок (26 декември) со почеток во 9 часот Советот на Општина Охрид ќе ја одржи петтата седница.За седницата e предложен следниот дневен ред:Предлог-одлука за усвојување на план и програма за работа на ЈП„Билјанини извори“ – Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за усвојување на програмата за работата на ЈП„Водовод“ – Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за усвојување на планот и програмата за работа на ЈП„Градски гробишта“ – Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за усвојување на програмата за работа на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид за 2026 година....
Дефект на водоводната мрежа, прекин во водоснабдувањето на улиците „15ти Корпус“, дел од „Марко Цепенков“, „Ристо Чадо“, населбата Црногорци и Лескоец
Views: 199 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „15ти Корпус“, дел од „Марко Цепенков“, „Ристо Чадо“, населбата Црногорци и с.Лескоец.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Денеска промоција на романот „Повторно роден“ од Марина Шикова Димовска
Views: 233 Вечерва од 19:00 часот, во lounge барот „Долна порта“ во центарот на Охрид, ќе биде промовирано новото книжевно остварување на Марина Шикова Димовска, романот „Повторно роден“, во издание на ПНВ Публикации од Скопје.Книгата е создадена според вистинска животна приказна, која во себе носи многу искушенија, многу душевни превривања, пороци, покајание, сиви и тмурни денови на далечниот југ, но и блесоци што воздигнуваат и поттикнуваат да се живее.Марина Шикова Димовска од Охрид дипломирала на Катедрата по Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на филолошкиот...
Зимски солстициум: Денес северната хемисфера го доживува најкраткиот ден и најдолгатa ноќ
Views: 249 Денес е најкраткиот ден во годината на северната хемисфера, кога зимскиот солстициум го означува почетокот на астрономската зима. Во исто време, на јужната хемисфера ова е најдолгиот ден во годината и почеток на летото.Зборот „солстициум“ потекнува од латинските зборови sol (сонце) и stitium (пауза или запирање). Солстициумот го означува моментот кога Сонцето го завршува своето годишно движење кон највисоката или најниската точка на небото. Зимскиот солстициум е моментот кога Сонцето има најкратка и најниска патека низ небото.Овој природен феномен е директен...









