Автор: инфодеск
Views: 141 Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.Во Охрид денес температурите од 6 до 22 степени.Од УХМР информираат дека до четврток ќе се задржи сончево и релативно топловреме. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни, особено во западните делови. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Во недела ветерот ќе ги смени правецот во северен.
Големо археолошко откритие кај Корошишта, богат архајски гроб од шестиот век пред нашата ера
Views: 197 Ново откритие на археолошкиот локалитет Расница во струшко Корошишта, Археолозите открија втор богат архајски гроб од шести век пред нашата ера, со наоди кои потврдуваат дека станува збор за значајна некропола. Погребаниот бил припадник со висок статус, а во гробот се пронајдени целосна воена опрема,штит, шлем, копја, бронзени садови, килибарни наоди, и златни предмети.Посебно внимание предизвикува златната фолија покрај шлемот, за која археолозите претпоставуваат дека станува збор за златна маска постара од Требенишката.„По...
Охриѓанец со активна забрана за управување, удрил во 79-годишна жена на улицата „Јане Сандански“
Views: 174 На 4 октомври околу 10:55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 52-годишен охриѓанец, удрило во 79-годишна жена од Скопје.Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, при што било констатирано дека возачот го управувал возилото иако имал изречена активна забрана за управување.По целосното документирање на настанот, ќе следува соодветен...
Од ноќеска поевтинуваат бензините и дизелот
Views: 166 Од ноќеска на полноќ, цените на бензините и на дизелот се намалуваат за 1,5 и за три денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Па така, од ноќеска на полноќ бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава за 98,5 денари по литар, а литар еуросупер БС-98 ќе се продава за 100,5 денари. Литар дизел од полноќ ќе чини 97 денари.Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за три денари по литар се намалува цената на екстра лесното масло за домаќинство, кое сега ќе се продава за 108,5 денари. Цената на мазутот се намалува за 0,285 денари по килограм и ќе изнесува...
Физички нападнат охриѓанец на патот Охрид-Струга, напаѓачите користеле дрвени палки
Views: 166 На 4 октомври во 14:35 часот во СВР Охрид било пријавено дека во 2:45 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на Струга, 26-годишен жител на Охрид бил физички нападнат од три лица кои употребиле дрвени палки.Нападнатиот бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде му биле констатирани телесни повреди.Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Краљевски од РЦСОО „Ванчо Питошески“ освои прво место на ИНТЕРФЕСТФУД 2026
Views: 215 Ученикот Никола Краљевски од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид го освои првото место во категоријата „Black Box“ на гастро-фестивалот ИНТЕРФЕСТФУД 2026, кој на 3 октомври се одржа во Скопје.Краљевски настапи под менторство на професорот Војо Ангелоски, заедно со учениците Марио Анакиески и Северџан Мустафоски. Фестивалот, кој годинава се одржа по 18-ти пат, е во организација на хуманитарната организација „Ангелчиња ХОА“ и „Веро-центар“.Покрај ревијалниот, фестивалот имаше и натпреварувачки карактер, а учесниците се натпреваруваа во повеќе категории.Во категоријата...
Нови исклучителни археолошки откритија на локалитетот Расница кај Корошишта, војничко погребување со комплетна воена опрема
Views: 147 Нови исклучителни археолошки откритија се пронајдени на локалитетот Расница кај Корошишта, Струшко, каде годинашните истражувања открија богато војничко погребување со комплетна воена опрема.Меѓу најзначајните наоди се штит, шлем, копја и меч, како и предмети изработени од злато, бронза, килибар и други материјали. Новото откритие претставува значаен археолошки контекст кој може да даде нови сознанија за воената и општествената структура, погребните обичаи и статусот на лицата погребани на оваа некропола.Наодите дополнително го потврдуваат карактерот на Расница како...
Поради дефект прекин во водоснабдувањето на улицата ,,Јордан Мијалков“, а намален притисок во високата зона
Views: 143 Поради настанат дефект на главниот цевковод од среднопотисната зона со профил од 450 мм денес од 09:00 часот без вода ќе бидат корисниците на улицата: ,,Јордан Мијалков“, додека со намален притисок ќе бидат корисниците од високата зона и тоа: с.Лескоец , с.Горно Лакочереј , с.Велгошти, ,,1-ва Македонска Ударна Бригада” и ,,Андреа Јованоски”Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.









