Skip to main content

Автор: инфодеск

Вечерва ќе се одржи Новогодишниот концерт на „Охридско лето“

Views: 234 Свечен новогодишен концерт во Охрид организира НУ „Охридско лето“ со италијанскиот пијано виртуоз Франческо Барбаџелета и шпанскиот тенор Рамирез Дроз Реиналдо Елаис.–Оваа година ја заокружуваме со музика што возвишува. На нашата сцена ќе блеснат двајца исклучителни уметници: Франческо Барбаџелета – италијански пијано виртуоз со беспрекорна техника и емоционална длабочина што ја претвора секоја нота во чиста магија и  Рамирез Дроз Реиналдо Елаис – шпански тенор со впечатлива моќ, топлина и драматичен израз што остава без здив, велат од НУ „Охридско лето“....

Продолжи со читање

Охридско езеро , облачно време

УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди, максималните температури до 10 степени Целзиусови

Views: 179 Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.Од УХМР информираат дека до вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.Минималните температури во Охрид од 2, а максималните до 10 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Над 3.500 новогодишни пакетчиња поделени на Градскиот плоштад во Охрид

Views: 243 Над 3500 новогодишни пакетчиња беа поделени денеска на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во рамки на големата хуманитарна манифестација организирана од Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан Медиа“, со поддршка на Општина Охрид, Дебарско-Кичевската епархија и општествено одговорни компании.Пакетчиња им беа поделени на дечињата од охридската градинка, на првачињата од сите основни училишта од Охрид и на дечињата со посебни потреби.На настанот свое обраќање пред присутните имаше...

Продолжи со читање

Уште 5 дена за исполнување на новогодишните желби од „Волшебната елка“

Views: 236 Од Црвен крст Охрид информираат дека остануваат уште 5 дена за исполнување на новогодишните желби на децата од социјално загрозени семејства, во рамки на хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ во организација со Ohrid mall.–Се заблагодаруваме на сите кои зеле волшебен новогодишен лампион и ја исполниле желбата напишана во него, обезбедувајќи го подарокот и доставувајќи го истиот во Црвен крст Охрид или во аптеката Виафарм во Ohrid mall. Оние кои избрале волшебен новогодишен лампион, а сеуште подарокот не го доставиле во Црвен крст Охрид или во аптеката Виафарм во Ohrid...

Продолжи со читање

Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер во прва официјална посета на Општина Охрид

Views: 241 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристоф Ле Риголер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.Амбасадорот и градоначалникот разговараа за приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, како и сите значајни капитални инвестиции кои се приоритет на локалната власт во иднина. Беше разговарано и за конкретните активности во делот на заштита и зачувување на животната средина и Охридското Езеро....

Продолжи со читање

Утре во Охрид мол еко пазар „Пљачки рецикларница” на Училишта без пластика

Views: 243 Четвртиот по ред еко пазар на „Училиштата без пластика” ќе се одржи утре, 20-ти декември од 12.00 часот во Охрид Мол. Пазарот на облека, обувки, книги и други предмети на втора рака е дел од напорите на програмата за подигање на свеста за опасностите од текстилниот отпад и негативните ефекти врз здравјето на луѓето и животната средина на брзата мода.-Заради зголеменото производство на облека и олеснет пристап до нови парчиња на текстил, трендот е намален број на носења на облеката којашто ја поседуваме така што таа завршува многу побрзо по ѓубриштата, а во меѓувреме...

Продолжи со читање

Детската претстава „Кога Дедо Мраз пее, секој се радува и смее“ денес во Охрид Мол

Views: 249 Денес од 19 часот во Охрид Мол најмладите ќе уживаат во детската театарска претстава „КОГА ДЕДО МРАЗ ПЕЕ, СЕКОЈ СЕ РАДУВА И СМЕЕ” во изведба на „Весел театар“.Денешната претстава е дел од проектот „Културата расте со децата – за сите деца“, преку кој Општина Охрид континуирано, во текот на целата година, секој петок, организира културни настани за децата.

Продолжи со читање

Новогодишен концерт „Ехо од Македонија“ на ООМУ „Методи Патче”

Views: 247 Учениците и наставниците од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид ќе го одржат традиционалниот Новогодишен концерт во вторник, 23 декември.-Ве покануваме на свечен новогодишен концерт „Ехо од Македонија“, на кој учениците и наставниците ќе Ве поведат на музичко патување низ македонската традиција и уметност. Да ја прославиме Новата година заедно, со звукот на Македонија, велат од училиштето.Концертот ќе се одржи во хотел „Инекс Олгица“ (Дијамантска сала) со почетокот од 19 часот, а влезот е слободен.

Продолжи со читање