Skip to main content

Автор: инфодеск

Наум Смилевски од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид освои прво место на Државниот натпревар за млади истражувачи

Post Views: 282 Минатиот викенд во Пехчево се одржа шеесетиот државен натпревар на младите истражувачи од Р.С. Македонија во органицација од SZTKM – Народна техника на Македонија.Ученикот Наум Смилевски од I-4 при ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид го освои првото место во областа ,,Автоматика и Роботика” со CNC машина за пишување која сам ја дизајнираше и ја направи. CNC машината е изградена од хардверски делови од компјутер.Ученикот во понатамошниот период има идеја машината да ја надогради со ласер за гравирање дрво и глодалка за гравирање...

Продолжи со читање

Струшката чаршија ја изгуби автентичноста

Post Views: 324 Струшката чаршија ја изгуби автентичноста. Ги нема старите дуќани, ќепенците и занаетчиските работилници. Исчезна и старата градска архитектура, куќите кои беа белег на градот.  Во минатото низ чаршијата имаше кувеџии, лимари, тенеќеџии, ковачи, кондураџии…. Денес нема занаетчии. Таа струшка чаршија  пред повеќе од половина век не е ни на лик на денешната, раскажува 85 годишниот стружанец Климент Матоски автор  на книгата „Струга во мојата душа, Струга од мојата младост“.„Тука имаше еден огромен број занаетчии од кувенџии, златари како што беше...

Продолжи со читање

Сончево со мала до умерена локална облачност и температури до 19 степени Целзиусови

Post Views: 179 Во Македонија наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 7 до 19 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

„Заштита од џебни кражби и измами”, превентивна активност на СВР Охрид

Post Views: 176 „Заштита од џебни кражби и измами” е новата проектна кампања која, отсекот за превенција при СВР Охрид, ќе ја реализира на целото подрачје што го покрива. Проектните активности започнаа во Охрид при што, полициски службеници од Отсекот за превенција, на повеќе локации во градот, остварија средби со граѓани и низ кратки разговори, им укажаа на можните форми и начини на вршење на овие кривични дела, како и за неопходните основни мерки за заштита од сторителите на имотните и други деликти.На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци со низа...

Продолжи со читање

Воспоставена формална соработка за доброто на Галичица

Post Views: 185 Во просториите на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Алпинистички клуб Патагонија, Здружение на љубители и подржувачи на Н.П Галичица и здружението ЕКО – ФАП од Охрид.Со потпишувањето на овој меморандум, се формализира и продлабочува соработката, која трите невладини организации од Охрид, ја развиваат подолг временски период. Продлабочувањето на соработката, се наметна како логична потреба по искуството од справувањето со последниот голем пожар на Галичица, од направената анализа на...

Продолжи со читање

Златен пехар за ИПА Охрид на турнирот “ИПА МЕГДАН 2024” во Струмица

Post Views: 170 Велибор Балоски, член на ИПА Охрид, го доби златниот пехар за освоено прво место во дисциплината пиштол на турнирот во стрелаштво, кој на 26 овој месец, се реализира во Струмица. Балоски победи во дисциплината гаѓање со пиштол калибар 9 милиметри, во кружна мета на растојание од 15 метри. Тој, на освоени 96 кругови, постигна 7 десетки, 2 деветки и 1 осмица со што, постави рекорд на овај ИПА реномиран настан во стрелаштво на кој учество зедоа, 36 ИПА членови од 7 ИПА региони во Македонија и еден од ИПА Црна Гора.Покрај Балоски, во тимот на ИПА Охрид беше...

Продолжи со читање

Утрово дојава за лажна бомба во фабрика во Скопје

Post Views: 239 Утрово е пријавено дека во фабрика која во населбата Илинден стигнала иформација на службениот меил дека е поставена експлозивна направа.– Утрово околу 08:20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице, населба Илинден пријавила дека на службениот меил на правното лице, во 06:00 часот утринава стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа. Во моментов се на терен и екпи на СВР Скопје и единицата за антитероризам. Откако биле направени сите потребни прверки се укажало дека не била пронајдена експлозивна направа, константирано е дека...

Продолжи со читање

Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ повторно на репертоарот пред охриѓани во вторник

Post Views: 256 Хит претставата „Секс, лаги и љубомора” на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски, на барање на публиката повторно на репертоарот во вторник 05.11.2024 година, со почеток во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари.Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Шминка и фризура: Студио Арс Нова.Ова е прва изведба на преставата по добиената награда на меѓународниот театарски фестивал “Денови на...

Продолжи со читање

Давид Крстески незапирлив на „Дубровник Опен 2024”

Post Views: 324 Забележителен успех за теквондистите на Македонската традиционална теквондо федерација и на Меѓународниот теквондо ИТФ натпревар „Дубровник Опен“.МТТФ ја претставуваа тројца натпреварувачи од клубовите „Сонкал“ – Мислешево Струга, „ ХВА РАНГ ИТФ“ – Лескоец Охрид и „Мастер“ – Охрид, предводени од претседателот Марјанчо Лазаревски и асистент тренерот Божидар Димитиревиќ.– Давид Крстески беше незапирлив во својата категорија и во форми и во борби со што беше награден за најдобар јуниор 16-17 години, додека Михаил Јоноски и Владимир Димитириевиќ кои...

Продолжи со читање

Во четврток ќе се одржи 47. седница на Совет на Општина Охрид

Post Views: 171 Четириесет и седмата седница на Советот на општина Охрид е предвидено да се одржи на ден 31.10.2024 година (четврток) со почеток во 09:00 часот, во зградата на општина Охрид. За седницата е предложен следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДУсвојување на Записникот од 45-та седница и Записникот од 46-та седницаПредлог-одлука за усвојување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023-2027 година.Предлог-одлука за определување и исплата на парична награда на учесници во гаснењето на...

Продолжи со читање

Јавен повик за пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина Охрид

Post Views: 377 Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Р.М број 5/02) и член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Р.М број 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14;112/14;166/14;44/15;97/15;124/15;129/15; 37/16 и 71/16), Градоначалникот на Општина Охрид го објавува следниотЈАВЕН ПОВИКза пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина ОхридПредмет на јавниот повикПредмет на јавниот повик е...

Продолжи со читање

Собрани сите потребни парични средства за лекување на охриѓанката Бојана

Post Views: 268 Бојана Танеска Бонеска, на која и беше дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma и за која беа организирани хуманитарни акции со цел да и се помогне да се соберат 90 илјади евра, информираше дека сите парични средства се собрани. Во нејзината објава на Фејсбук, додава дека во овој момент сите телефонски линии се затворени.„Благодарам на мојот град Охрид, на цела Македонија, на луѓето надвор од нашата земја кои несебично донираа. Животот не е секогаш обично место на фотелја,знае да се сруши како кула од карти. Се ова е Божја промисла, која не учи...

Продолжи со читање