Автор: инфодеск
Post Views: 179 Се санира Меморијалната куќа на Григор Прличев. Согласно одобрената Годишна програма од страна на Министерството за култура и туризам, за тековно одржување на објекти кои се под надлежност на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид се превзедоа одредени зафати за санирање на објектот „Меморијална куќа на Григор Прличев “, информираа од установата.Во тие активности во текот на октомври 2024 година, се санираа ѕидните платна од јужната страна и плафонот во приземјето како и одредени интервенции на увалите на кровот, чистење на олуци...
УХМР: Сончево со умерена облачност, утре услови за слаб локален дожд
Post Views: 154 Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.Утре ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа продолжува периодот на стабилно и суво време со пониски дневни температури, информираат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 7 до 20 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски
Во четврток КПУ – Затвор Охрид ќе изведе боево гаѓање на стрелиштето „Бејбунар”
Post Views: 269 На ден 31.10.2024 година, на цивилното стрелиште „Бејбунар”, со почеток во 09:00 часот, ќе се изведува боево гаѓање од страна на припадниците на Затворската полиција при КПУ – Затвор Охрид. Гаѓањето се очекува да заврши најдоцна до 14:00 часот.Поради тоа, се известуваат граѓаните од Општина Охрид и околните населени места дека ќе биде забрането движењето околу стрелиштето „Бејбунар”, се додека гаѓањето не заврши, информираат од КПУ Затвор Охрид.
„Вози одговорно-почитувај ги сообраќајните правила”, превентивна активност на СВР Охрид
Post Views: 171 Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид, на подрачјето на охридските села Орман, Долно и Горно Лакочереј, како и на повеќе улици кои гравитираат кон тие населени места, ја реализираа сообраќајно едукативната кампања „Вози одговорно-почитувај ги сообраќајните правила”. –Кампањата доаѓа по претходни согледувања на полициските службеници дека на улицата „Радојца Новичиќ” и низ другите улици во овие населени места, зголемен е интензитетот...
Николоски: Од Скопје до Охрид за час и половина
Post Views: 228 После 50 години најави започнуваме со реални работи на терен за изградба на автопатот Гостивар-Букојчани, најтешката траса од автoпатскиот коридор 8 на запад, истакана заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увид во градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Букојчани.“Навистина мислам дека имаме историски ден. Се работи за почетокот на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево нешто за што се зборува преку 50 години, практично решавање на најтешкиот дел од она што треба да е автопат...
Јосифоски: Пазарот е преплавен со шербети кои се продаваат како мед, купувачите да бидат внимателни
Post Views: 441 Природниот мед е многу корисен за здравјето на луѓето и поради неговите антивоспалителни својства и супресирачко дејство на кашлиците посебно е баран на пазарот во сезоната на респираторни инфекции.Но, пчеларите предупредуваат дека пазарот во земјава е преплавен со фалсифукуван мад. Разни сирупи и шербети се продаваат како мед, вели пчеларот Тони Јосифоски кој 25 години се занимава со пчеларство и одгледува над 230 пчелни семејства.„Охридскиот и струшкиот пазар , како и цела држава е полна со фалсификат мед. Единствена држава сме што медот, името мед...
Хуманитарна театарска претстава за помош на настраданите во поплавите во Јабланица и Коњиц
Post Views: 253 Црвен крст Охрид во соработка со Здружението на поети за возрасни и деца-Кладањ, Босна и Херцеговина, а со поддршка на Општина Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, организира хуманитарна театарска претстава за деца од прво до шесто одделение, во која ќе настапуваат актери од Босна и Херцеговина.Средствата собрани од продажбата на влезниците, по цена од 150 денари, ќе бидат наменети за населението во реонот на Јабланица и Коњиц, кои претрпеа најмногу оштетувања во катастрофални поплави кои ја зафатија Босна и Херцеговина и кои однесоа преку 20...
Поради дефект на водоводната мрежа без вода корисниците на улица „Прилепска“
Post Views: 213 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Прилепска, вклучувајќи ги и сите споредни улици.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, информираат од претпријатието.
Објавен конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2024 год
Post Views: 248 НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид го распиша конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2024 година.Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 26. ноември 2024 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор...
Сончево со умерена облачност и температура до 21 степен
Post Views: 199 Во Охрид денес прeтежно сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21 степен.Ќе продолжи периодот на појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. До средината на неделата ќе се задржи сончево преку денот и релативно топло за овој период од годината. Во среда ќе има преодна зголемена облачност проследена со појава на повремен дожд, а дневната температура малку ќе опадне, информираат од УХМР.foto: Ѓоко Симјаноски
Денеска започнува зимскиот распоред на летање, од Охрид ќе се лета до 4 дестинации
Post Views: 423 Од денес почнува зимскиот распоред на летање на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид кој ќе трае до 29-ти март 2025.Компаниите Wizz Air, Chair Airlines и Edelweiss ќе летаат до Виена, Дортмунд, Мемингем и Цирих.Од 30. март наредната година ќе има и две нови линии, Охрид-Базел-Охрид и Охрид-Истанбул-Охрид.
Денес времето ќе биде сончево со умерена облачност
Post Views: 216 Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.Ќе продолжи периодот на појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. До средината на неделата ќе се задржи сончево преку денот и релативно топло за овој дел од годината. Во среда ќе има зголемена облачност и појава на повремен дожд., велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 7 до 19 степени Целзиусови.